Ибрахим Калин :Слободните безбедни зони ќе спасат животи,ќе го спасат човештвото

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин објави статија на 27 септември во весникот Дејли Сабах под наслов : Слободните безбедни зони ќе спасат животи,ке го спасат човештвото

578739
Ибрахим Калин :Слободните безбедни зони ќе спасат животи,ќе го спасат човештвото

Светот само гледа како гори Алепо. Апелот на Турција за воспоставување на слободни зони во Сирија е од итен карактер и ќе спаси животи. Неактивноста на меѓународната заедница подготвува основа за варваризмот на Асад, ја шири заканата од ДАЕШ и предизвикува масовно убиство на невини животи.

Од неуспешниот обид за примирје во Сирија на 9 септември досега стотици лица загинаа во воздушните напади на силите на режимот на Асад. Само на 25 септември во Алепо загинале 60 лица од кои повеќето жени и деца. Културниот и уметничкиот центар Алепо го доживува најголемото бомбардирање досега од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.

Очигледно дека Асад сака да го уништи Алепо една од тврдините на силите на опозицијата. Режимот кој досега неколкупати се потврди како варварски и кој изврши геноцид врз сопствениот народ. Режим кој секое примирје го искористи за продолжување на својата стратегија на ширење страв и за своите интереси. Со поддршка на милициите на Хезболах и со поддршка на Русија и Иран Алепо секој ден станува жртва на бомбардирањето на цивилите. Но не само цивилите, беа бомбардирани и камионите со хуманитарна помош на ОН. Сето ова беше извршено токму кога во Њујорк траеја пленарните седници на генералното собрание на ОН.

Како што неколку пати досега истакнав резолуцијата бр. 2254 на ОН усвоена на 18 декември 2015 година предвидува престанување на војната во Сирија, воспоставување на период на транзиција заради воспоставување на легитимна демократска власт,испраќање хуманитарна помош и се тоа во време кое ќе биде однапред определено. Освен тоа резолуцијата предвидува продолжување на поддршката во борбата против ДАЕШ.

Договорот од Минхен од 11 февруари требаше да претставува основа за женевските преговори за Сирија под покровителство на ОН. Сепак не претставуваше изненадување тоа што режимот на Асад ги прекрши сиве овие договори и истите ги искористи за свое напредување. Како што потврдија надлежни на ОН режимот на Асад систематски ги прекршува како резолуцијата бр. 2254 на Советот за безбедност на ОН така и договорот од Минхен и договорот од 9 септември за прекин со непријателствата. Режимот ги бомбардира позициите на опозицијата и ги убива цивилите во Лазкије, Алепо и Идлиб. Воедно не дозволува слободен и непречен проток на хуманитарната помош.

Нема повеќе никаква смисла да се даде нов „изговор за мир“ на режимот на Асад,бидејќи тој не се интересира за мир па дури и нема смисла за толеранција кон хуманитарните конвои. Глупост е да се очекува милост од монструм.

Не зависно од тоа каков ќе биде воениот крај на оваа војна меѓународната заедница треба да преземе мерки за заштита на цивилите во Алепо и во останатиот дел на Сирија, а најдобар начин за тоа е воспоставување на слободна и безбедна зона за цивилите.

Ако оваа крвава 5 годишна војна не научи на нешто тоа секако дека е прашањето на воспоставување на слободни и безбедни зони за цивилите која ќе го спречи масакрирањето на цивилите и масовното крвопролевање.

Слободните зони ќе го спречат крвопролевањето над цивилите извршено од страна на близнаците режимот на Асад и ДАЕШ. Тие исто така ќе помогнат во намалувањето на бројот на бегалците и камповите за нивно привремено сместување. Ќе се обезбеди непречен проток на хуманитарната помош од ОН,воедно на сириските граѓани ќе им биде порачано дека не се сами и дека меѓународната заедница ги поддржува и ги штити. Оваа ситуација ќе биде во прилог и интерес и на САД и на Европа.

Тоа не е тешко да се постигне. Политичката и воената цена која ќе треба да се плати за воспоставување на слободните зони, ако таа постои, ќе биде многу мала во споредба со маките и страдањата на сириските граѓани во изминатите 5 години колку што трае војната во оваа земја.

Придобивките на слободните зони ќе бидат огромни : ќе бидат заштитени цивилите, режимот на Асад ќе биде приморан да седне на преговарачка маса, ќе се намали бројот на бегалците, силите на опозицијата ќе се засилат против режимските сили на Асад и на ДАЕШ воедно и до извесен степен ке се воспостави рамнотежа во војната во Сирија.

Многу пологично е да се бараат патишта за воспоставување на безбедни зони во Сирија отколку да се моли Асад за примирје или за мир. Меѓународната заедница располага со сите инструменти за да се оствари тоа. Но за жал ја нема таа политичка воља и етичка визија. Најголемата морална загуба на нашето време е тоа што гледаме како човештвото умира заедно со умирањето на сирискиот народ. Тоа веќе не може да се толерира.

 



Слични вести