Блискиот Исток низ призмата на Турција 39-2016

Дали претседателот Обама го предупреди Израел?

577917
Блискиот Исток низ призмата на Турција 39-2016

Говорот на американскиот претседател Барак Обама на седницата на Генералното собрание на ОН на 21 септември во врска со Израел наиде на широк оддек. Обама во говорот рече дека Израел не ќе може вечно да ги окупира и да се населува на Палестинските територии. Додека одредени државници во светот овие зборови на Обама го изнесоа мислењето дека Обама израел го оцени како окупатор, некои пак истакнаа деа тоа претставува силно предупредување. Некои пак дури истакнаа дека тоа претставува анти-израелски став. Бидејќи овие територии од аспект на  Израел, неоделивот сојузник на САД, не се окупирани територии, туку територии чиј статус е дискутабилен.

Но исто така можеме да кажеме дека Обама премногу придаде значење па дури и претера во врска со израелското окупирање. За тоа постојат 4 основни причини:

Прво, Обама се приближува кон крајот на мандатот. Обама претседателската функција во јануари 2017 година ќе му ја предаде на новоизбраниот претседател. Обама ако навистина сакаше да го принуди Израел да се придржува кон правото, тогаш тоа можеше да го направи во вториот период на претседателството. Бидејќи незагриженоста од повторен избор беше негова најголема предност. Фактот дека на власт се наоѓа премиерот Бенјамин Нетанјаху во Израел пак обезбедуваше поширока моќ на движење. За жал Обама го заслужи епитетот да биде претседател кој најмногу ги бранеше интересите на Израел. Што подразбира дека преземањето контра потфат против Израел во последните три и пол месеци од мандатот е невозможно.

Второ, во првиот дел од говорот на Обама посветен на Израел забележуваме дека воопшто не потенцира на оваа земја. Изразот кој што употреби Обама во говорот гласи: Палестинците треба да ги избегнат провокациите, да го признаат легитимитетот на Израел, Израел треба да го прифати фактот дека не ќе може вечно да ги окупира и да се населува на Палестинските територии. Тоа ќе биде добро како за Израелците така и за Палестинците. Како што може да се види, Обама во говорот не прави разлика меѓу оштетениот и оштетувачот. Обама и натаму на проблемот кој потекнува од израелската воена окупација на палестинските територии и покрај резолуциите на СБ на ОН, во врска со окупираните палестински територии и Палестинците кои се принудени да живеат под окупација, на Израел смета дека е еднаков со Палестина.

Трето, од последниот говор на Обама на седницата на Генералното собрание на ОН во споредба со претходните може да се види дека значењето што го придава на Палестинското прашање е намалено. Додека во првиот говор што го одржа на Генералното собрание на ОН во 2009 година, Обама на Палестинското прашање посвети 521 збор. Во 2010 година Обама на Палестинското прашање посвети една четвртина (1100 зборови) од говорот. Во говорот во 2011 година кога влијанието на Арапската пролет се ширеше во регионот, забележуваме дека расте значењето што го придаваше Обама на Палестинското прашање. Обама во овој говор посвети 846 зборови на Палестинското прашање. По говорот во 2011 година се забележува дека Обама во говорите на Генералното собрание на ОН придава се помалку внимание на Палестинското прашање. Во говорот во 2012 година Обама одвојува само 86 зборови на Палестинското прашање. Иницијативата за посредување во односите меѓу двете страни што ја започна државниот секретар за надворешни работи Џон Кери предизвика палестинското прашање повторно да се стекне со поголемо значење. Обама во говорот овојпат посветува 505 зборови на прашањето. Но оваа бројка во говорот во 2014 се намали на 192. Во говорот на Обама во 2015 Палестинското прашање не беше ни спомнато. Во 2016 година, Обама во говорот посвети само 31 збор. Гледано од тој аспект, можеме да кажеме дека со текот на времето Палестинското прашање постојано го губеше своето значење на дневниот ред на раководството на Обама.

Четврт и најзначаен фактор е договорот за разбирање што го постигнаа и потпишаа САД и Израел во текот на овој месец. Соред договорот, САД даде гаранција за најголема воена помош на Израел во историјата. САД во периодот од 2019 до 2028 година на Израел ќе му даде помош во износ од 38 милијарди долари. 33 милијарди од овие средства се предвидува во рамките на странската воена помош. 5 милијарди долари помош се предвидува за зајакнување и развој на ракетно одбранбениот систем на Израел.

Секако дека оваа невидена помош во историјата на Америка има преголемо и неспоредливо значење со говорот на Обама кој посвети само 31 збор на палестинското прашање.

Обама освен тоа што во единствената реченица која ја посвети на Палестинското прашање, Израел го оцени за окупаторска земја, истовремено упати критики и на сметка на Палестинската страна која е под окупација.

Со потпишувањето на договорот меѓу САД и Израел, пораката која беше упатена беше многу значајна. САД ја искористи инцијативата за зајакнување на воената хегемонија на Израел на Блискиот Исток. Второ, договорот ќе го забрза процесот на наоружување во регионот. Трето, овој договор претставува јасен показател за тоа дека Израел, сето она што ќе го направи, ќе му остане во придобивка. Имено Израел и натаму продолжува да се спротивставува на интересите на Америка, да се однесува недолично кон американскиот претседател и да не ги почитува резолуциите на ОН. Сите воени иницијативи и акции на Израел остануваа неказнети па дури се наградуваат. Четврт значаен фактор е тоа што договорот уште еднаш покажа дека животите на Палестинците немаат некое поголемо значење. Петто, даноците кои се собираат од американските граѓани се трошат за воена помош на земја која е развиена од економски и воен аспект. Најинтересно во целиот овој процес е фактот дека американската воена помош на Израел се доделува во период кога постојано се намалуваат изворите на социјалните фонодови во оваа земја наменети за оние кои што навистина имаат потреба од помош. Исто така договорот ја игнорираше дури чувствителноста на американското јавно мнение. Над половина од американските гласачи беа против постигнувањето на договорот. Договорот за воена помош е во корист само на израелската и американската воена индустрија, а на штета на американските даночните обврзници и Палестинците.

Оценувањето на Израел за окупатори од страна на Обама во говорот на Генералното собрание на ОН нема да има некое големо значење од аспект на иднината на американската Блискоисточна политика. Нераскинливата врска меѓу Америка и Израел ќе продолжи многу внимателно. Впрочем причината за неможноста за решавање на Палестинското прашање кое сака да го реши Америка, треба да се бара токму во оваа специфична поврзаност и односи меѓу овие две земји.



Слични вести