Од перспективата на Турција 07-2016

Турскиот народ ја спаси демократијата

576399
Од перспективата на Турција 07-2016

Изминатите денови говорот на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган на Самитот на ОН претставуваше пресвртница за ОН и човештвото. Изнесувањето на овој став можеби на прв поглед изгледа многу смело тврдење, но ако внимателно се анализира говорот на претседателот Ердоган, тогаш многу полесно може да се сфати дека истиот претставува еден вид бунт на човештвото против постоечкиот поредок кој е на страната на неправедните и силните. Претседателот Ердоган истовремено ја изнесе неминовноста и неопходноста за повторна реорганизација на ОН и надминување на неправедноста во претставувањето и застапувањето на земјите под кровот на организацијата.

Изразот „светот е поголем од петте земји“ (се однесува на петте постојани земји членки на СБ на ОН) кој претседателот Ердоган и порано го употреби во еден говор на Генералното собрание на ОН во минатото, предизвика светот малку да се потресе и размисли за својата иднина. По овие историски зборови на претседателот Ердоган, во голем број земји во светот почна да се преиспитува легитимноста и сфаќањето за правдата на ОН. Секако дека преиспитувањето не беше ограничено само со политичарите. Интелектуалците, новинарите, писателите, колумнистите ги изнесоа своите погледи и ја поддржа тезата на претседателот Ердоган дека „светот е поголем од пет“.

Изминатиот ден претседателот Ердоган на бината на Генералното собрание на ОН излезе многу поинаков. Имено Ердоган на бината на ОН излезе како лидер кој по обидот за воен удар на 15 јули ја доби поддршката на целиот народ, која поддршка не ја уживаат другите лидери во светот. Затоа целото внимание на шефовите на државите и претседателите на владите беше свртено кон претседателот Ердоган и го слушаа со големо внимание. Изнесувањето на недостаточноста и неправедноста на ОН од страна на претседателот Ердоган на бината на ОН беше прифатено со силни аплаузи и овации.

Најнов и најзначаен поим кој го изнесе турскиот лидер Ердоган на бината на Генералното собрание на ОН беше Новата генерација терористичка организација.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган во говорот посочи на моќта на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО со која се стекна во 170 земји во светот како и опасноста од истата, потенцирајќи дека многу се разликува од класичните терористички организации. Оваа организација во рамките на струкуирањето и борбата ги користи универзалните човечки вредности и ги лаже општествата, рече Ердоган.

Имав можност одблиску да ги гледам и следам активностите на еден 27 воен и дописник за терористичките акции на Ал Каеда, ПКК, ДАЕШ, српските терористи и Тамилските тигри и низа други терористички организации. Ако ги анализираме акциите и методите на дејствување на терористичките организации, можеме да увидиме дека скоро сите личат една на друга од аспект на  организирањето, структуирањето, вооружената пропаганда и терористичките акции.

На пример, присуството на цивилите, возрасните, децата и жените во некое место каде што ќе изврши вооружена акција, нема никакво значење за еден српски терорист. Ова жално и болно искуство имавме можност да го доживееме во војната во Босна и Херцеговина. Жените и децата беа лесна мета за вооружените и бомбашки акции на српските терористи.

Истиот метод го користат и терористите на терористичките организации ДАЕШ и Боко Харам кои наводно акциите ги вршат во името на верата. Поставувањето бомба од страна на Ал Каеда на еден пазар на плоштадот Вардак или во Кабул, или некоја џамија во Сирија и Ирак, каде што луѓето се собираат заедно да клањаат намаз, сите тие се исти методи. Целта на овие акции е ширење на тероризација. Накратко, од периодот на терористичката организација Асасини кои во современа смисла на зборот можат да се наречат терористичка организација, сите терористички организации вооружената пропаганда ја користеа како метод за остварување на своите цели.

Терористичката организација ФЕТО која претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ја нарече Нова генерација терористичка организација, применува многу различни методи.

Методот на пропаганда на оваа организација се заснова на искористување на светите вредности, придобивки, етиката и моралните вредности на општествата. Исто така изгледаат многу невини со споредба со светите вредности на сите општества во светот и на луѓето кои им се цел им покажуваат многу посебен респект.

Методот на изумителот на Новата генерација на тероризмот, Фетулах Ѓулен кој има дијагноза дека боледува од шизофренија и кон крајот на 1960-те години се хоспитализирал во психијатриските клиники и кој сеуште со зелена карта престојува во САД е многу поразличен.

Челникот на терористичката ФЕТО, Ѓулен преку организацијата со која управува од САД вложува напори да ги придобие угледните државници, бирократи и претставници на богатиот слој и капиталот, а не широките народни маси. Сите аргументи на делување на Ѓулен се легални и цивилни методи. На пример Ѓулен учествува дури на литургиите во црквите, организира свечено одбележување на верските празници на муслиманите, го одржува и штити Сефарадите (Кошерите) на Евреите. Исто така работи како мисионер или калуѓер за воспоставување дијалог меѓу верите и културите, односно мировен базен за кој сонува модерниот свет. Методите на Ѓулен и неговите приврзаници се сосема невини и насмеани.

Чудно е што никој не ги прашува милитантите на оваа организација: Ако навистина сте толку фокусирани кон моралните и духовни вредности, тогаш зошто се обидувате да се инфилтрирате во државната управа, особено армијата, правосудството, безбедноста, разузнавачките служби и дипломатијата?

Изборот на Новата генерација терористичка организација ФЕТО, наместо да ја стекне довербата на широките маси, структуирање и инфилтрирање во државните органи, во суштина е на штета на целото човештво. Бидејќи кога ќе ја постигне предвидената цел, со активирање на своите приврзаници во правосудството, полицијата, разузнавачките служби, армијата, кои претходно ги инфилтрирал, тогаш започнува воен удар.

Терористичката организација ФЕТО со децениските напори за преземање на управата и контролата над државата особено со постигнување бројна надмоќ во безбедносната бирократија, со искористување на вооружената моќ на копнените, поморските и воздушните сили, се обидува да ја преземе хегемонијата над државата.

Првиот конкретен пример за тоа  за жал го доживеавме во Турција. Терористичката организација ФЕТО со бомбардирање на невините цивили, парламентот и претседателскиот дворец со хеликоптери, тенкови и оклопни возила, се обиде да ја преземе управата над државата. Ако турскиот народ не излезеше во одбрана на својата волја и не го одбиеше воениот удар, тогаш денес во голем број земји во светот ќе беа доживеани обиди за воен удар. Турците со овој племенит и храбар став, во некоја смисла ја спасија светската демократија од заканата на големиот терорист во Америка, Фетулах Ѓулен кој боледуваше и се лекуваше од шизофренија. Но ако светот ја остави насамо Турција во борбата против терористичката ФЕТО, несомнено е дека овие земји ќе бидат изложени на вооружените напади на оваа организација.



Слични вести