Балканска агенда 37/2016

Дали Балканот е буре барут?

572566
Балканска агенда 37/2016

Балканот е познат како еден од најпроблематичните региони на европскиот континент. Освен тоа кога ќе се погледне кон погледот на Западните европејци, она што го пишуваат и раскажуваат може да се почувствува дека Балканот малку и го отуѓуваат, а малку и го омаловажуваат. Меѓутоа историските вистини освен тоа што го изнесуваат културното богатство на Балканот, исто така укажуваат и на тоа дека овој регион не може да се нарекува „Буре барут“.

Балканот низ историјата станал сцена на различни владетели и империи. Прва сила која целосно го воспостави своето влијание на Балканот се Римјаните. Потоа значаен дел од Балканот беше во границите на Византиската империја, а птоа овие простори се запознаа со Османлиското владеење и по 1867 година со владеењето на Австро-унгарската империја. Заедно со тоа особено во периодите кога Византија особено почна да слабее Словените ја искористија приликата за да можат да формираат своио силни Средновековни држави. Ете поради овие причини на Балканот тешко може да се сретнат чисти области од етнички аспект. Како резултат на тоа со зацртувањето на границите на националните држави на Балканот некои групи припадници на одредени народи останаа во малзинство во границите на соседните земји. За жал никогаш кон овие малцински групи не се гледаше како културно богатсво. На Балканот долго време беше распространет погледот во правец на тоа дека овие малцинства се користат како надворешно политичко средство од страна на нивните матични земји. Имено кога ќе се погледне кон случувањата на Балканот во 1990-тите години може да се види дека малцинствата се користат како искра со која започнуваат судирите.  

Од друга страна историското богатство со кое располага Балканот овој дел на светот го преобрази во место каде што низ историјата се акумулирале различни цивилизации. Затоа не би можеле да кажеме дека Балканот му припаѓа целосно на Исток или целосно на Запад. Балканот е место каде што се наоѓаат или егзистираат големите верски цивилизации. Во регионот ги има христијанството и исламот. Покрај тоа што го има западното католичко христијанство, во источните делови на балканскиот полуостров ја има и православната црква на елините или словените. На пример од север кон регионот се шири влијанието на цивилизациите од централна Европа, Германија и Унгарија. Од југ пак доаѓа средоземноморското и италијанското влијание. Во светот и не постојат поголем број региони каде што се акумулираат вакви цивилизации. 

Затоа Балканот е едниот од најинтересните, но воедно и едниот од најкомплексните региони на светот. Оваа комплексност пак во најмала рака во модернизацијата стана извор на конфликтите. Особено поради војните кои што беа водени во 19-от и 20-от век се појавија негативни перцепции кон регионот кои што беа поврзани со изразот Балкан и делумно произлегуваа од западна Европа. Спротивно на тоа европскиот континент беше сцена на многу поголеми војни. На пример протестантите и католиците водеа безброј војни до степен до меѓусебно искоренување. На пример по 30-годишната војна Германија беше во состојба на речиси целосна поделеност. Речиси не остана никаква општествена организираност во оваа земја. На сличен начин би можело да се говори и за судирите помеѓу католичка Шпанија и протестантска Холандија. Како пример би можеле да се изнесат и судирите помеѓу англиските власти и Ирците во Ирска. Кога ќе се земат во предвид овие примери од сето тоа ќе се добие резултат дека Балканот и не бил најнестабилниот регион на Европа низ историјата. Дури и би можело да се каже дека Балканот во некои периоди бил и оаза на мирот. За време на некои историски состојби и во текот на некои векови би можело да се каже и дека можностите кои што ги имало на Балканот ги немало на други места. Во Сараево можат да се видат голем број православни и католички цркви, а воедно може да се согледа дека таму на исто место во соживот живееле и Евреи и други заедници. Од друга страна една ваква слика на пример во 17-от и 18-от век не може да се види во Европа.

Она што е интересно  и изразот Балканизација кој што содржи различни негативни елементи не бил користен за случувањата на балканскиот полуостров туку бил користен подоцна поради различни настани или случувања. На пример како што е пример со Полска и Чекословачка, откако по Првата светска војна во источна Европа на местото на големите империи почнаа да се појавуваат национални држави често почна да се користи и изразот Балканизација.

Оваа состојба беше прикажана како Балканизација на источна Европа. На сличен начин тогаш кога во процесот на укинување на колониите во Африка се настојуваше да бидат изменети императорските граници изразот Балканизација беше употребуван крајно негативно. Како што може да се разбере изразот Балканизација својата содржина во голема мера ја доби надвор од Балканот. И покрај тоа изразот за кој што станува збор на извесен начин алудира на различни негативности во врска со Балканот. Од друга страна повеќе од постоење на овие негативности во вистинска смисла на зборот може да се каже дека тие живеат во мислите на оние кои го употребуваат овој израз Балканизација.

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести