Од перспективата на Турција 04-2016

Дали армијата може да биде мирољубива?

564627
Од перспективата на Турција 04-2016

Милитаризмот и паравоените сили следат политика „војна за мир“. Човештвото уште од почетокот на 20-от век постојано го слуша овој израз. Особено во периодот по комунистичките режими, овој израз почна нашироко да се употребува и со посредство на средствата за јавно информирање и медиумите го зазеде своето место во светот на зборовите на луѓето.

Кога изразот „Војна за мир“ станува основна филозофија на експанзионистичките држави, армиите своите нови одбранбени концепти ги градат врз основа на оваа филозофија. Армиите на комунистичкиот и западниот свет поголемиот дел од економските заштеди на своите општества со цел да ги одржат овие стратегии, ги потрошија за трошоците на војската. За жал човештвото потроши многу поголеми суми пари за воено одбранбените концепти отколку за медицинските истражувања посветени дури на наједноставните болести од грип, а од кои масовно умираа.

Војните за мирот никогаш не донесоа среќа и спокојство за човештвото. Најголемото наследство кое го остави овој израз е смртта и уништувањето.

Скоро сто годишната конкуренција што се води под мотото „војна за мир“ достигна луди димензии и се претвори во „превентивна војна“. Земјите кои располагаат со висока воена моќ, под изговор дека ќе водат превентивна војна ги окупираат и експлоатираат слабите и сиромашни земји и региони.

Концептот „превентивна војна“ е многу чуден концепт и се поистоветува со периодот на распаѓањето на Советскиот сојуз. Со спроведувањето на перестројката и прогласувањето на поразот во воената конкуренција, САД почна да го остварува концептот „превентивна војна“ во Ирак под изговор дека Садам Хусејин, тогашниот ирачки претседател кој беше поддржан и наоружан од страна на Америка, наводно почнал да работи против своите интереси, поради што го окупираа Ирак.

Пред окупацијата на Ирак, под истиот изговор САД со илјадници војници и поголема воена надмоќ ја окупираше и Панама која имаше вкупно околу 5 илјади војници. Во рамките на интервенцијата што ја извршија САД, беше соборен генералот Мануел Антонио Нориега кој работеше за ЦИА и на власт беше донесен од страна на истата разузнавачка служба, која на крајот го собори и го однесе во Америка да му суди.

По окупацијата на Панама и Ирак, САД под изговор дека во Авганистан постои опасност од режимот на Талибан овојпат го окупираше и Авганистан. Не треба да се заборави фактот дека од периодот кога се формираше Талибанскиот режим во Авганистан, САД беше првата земја која го призна овој режим.

Концептот „превентивна војна“ денес со сета немилосрдност и бруталност продолжува во Северна Африка, Ирак и Сирија. Секој ден немилосрдно се убиваат десетици деца, жени и возрасни. Единствена причина за тоа е продолжување на концептот „превентивна војна“ на разгаленото дете на изразот „војна за мир“. Масакрите кои се вршат по окупацијата на овие подрачја се оправдуваат под изговорот дека ќе се донесе демократија.

Република Турција се наоѓа во средината на регионот за кој ветуваат дека ќе се донесе демократија и поради што гинат стотици луѓе и се бомбардираат градовите во регионот. Претставниците на турската држава упорно продолжуваат да ги објаснат анти-воените политики. Не наседнаа на страста и желбата на сојузничките земји за крвопролевање. Оваа политика не е само политика на турските политичари, туку и на турската армија.

Турската армија има 5 илјади годишна историја и е една од најстарите армии во светот. Историјата на Турските копнени сили е постара од историјата на Обединетото Кралство. Ако погледнеме на агресивноста на сојузничките армии на НАТО, тогаш можеме да видиме дека празнината формирана од аспект на власта и воен аспект собрани околу турската армија која има богато историско минато и императорска култура, некои треба да ја пополнат со окупаторски методи.

Интересно е дека турската армија не му даде шанса на опортунизмот. За повторно зајакнување на армиите на соседните земји, Турција ги отвори портите на сите своите академии за нивна обука. Имено воените питомци од Пакистан, Алжир, Судан и другите земји доаѓаа на едукација и обука во турските воени академии.

Една од најголемите карактеристики на турската армија е фактот дека во сите места каде што влегува, го спречува крвопролевањето. Во местата и подрачјата каде што влегуваат турските војници, стапува мир и спокојство.

Двете истоварувања/десанти на турската армија во последниот век завршија со спречување на масакрите и во тие подрачја беше воспоставено целосно примирје. Првото истоварување е она на Кипар, а второто во Мунбич.

Турција пред да ги истовари своите војници на Кипар, 14 години бевме сведоци на масовни крвопролевања и масакри. Кипарско-грчката терористичка организација ЕОКА, освен тоа што уби илјадници Кипарски Турци, исто така не ги сожали ниту своите сограѓани кои го бранеа мирот. Британската армија која на Кипар се наоѓаше во својство на земја гарант, освен тоа што во минатото, особено 1940-те години немо ги проследи еврејските масакри врз Палестинците во Палестина, исто така безгласно го проследи и процесот на грчкиот геноцид врз Кипарските Турци.

Лидерот на Кипарско терористичката организација ЕОКА, Никос Самсон беше толку охрабрен од безгласноста на војниците на Обединетото Кралство, така што изврши дури воен удар и ја собори легитимната власт. Кога на Кипарскиот грчки дел веќе не постоеше легитимна власт, турската армија дури тогаш ги истовари своите војници и на тој начин ја обезбеди безбедноста на животите на Кипарските Турци и Грци на Кипар.

Од 1974 година, периодот кога турските војници стапнаа на тлото на Кипар, нема ниту една жртва на тероризмот како од турската така и од грчката страна. Кипар стана остров на мирот и спокојството. Кипарските Турци и Грци живеат во доверба, мир и спокојство, далеку од тероризмот и хаосот.

На ист начин, од 2010 година наваму, кога Сирија стана цел на бомбардирање на американските, руските, авионите на Обедниетото Кралство и другите земји, сеуште не е воспоставен мир и демократија во оваа земја. За жал, цехот на концептот „војна за мир“ на запад во Сирија чини 500 илјади невини жртви. Околу 10 милиони Сиријци беа принудени да емигрираат и да станат бегалци и мигранти. Сојузничките земји кои со години ги затнаа ушите на предлогот на Турција за формирање безбедносни тампон зони, истовремено се и причина за масакрите во Сирија.

Турската армија околу две недели како изврши воена интервенција на северот на Сирија. Терористите на ДЕАШ кои 5 години не можеа да се уништат во рамките на копнените и воздушни операции на САД, Канада, Русија, Обединетото Кралство, Иран, не можеа да издржат ниту два часа против 1500 турски војници и еден тенковски полк. Бројот на досегашните воздушни напади на американските авиони изнесува над 2 илјади. Турските авиони извршија само 12 воздушни напади. Турската армија воспостави мир и безбедност на северот на Еуфрат. Од тогаш па се до денес, илјадници Сиријци се вратија во својата земја.

Турската армија која не верува во концептите „војна за мир“ и „превентивна војна“, уште еднаш на целиот свет му одржа незаборавна лекција која гласи: Ако сакаат, армиите можат да донесат и воспостават мир. Доволно е само пред да го употребат зборот мир, истиот да пробаат да го спроведат и во дело.



Слични вести