Турците во Белгија под притисок на ФЕТО

Околу 60 млади луѓе кои демонстрирале против терористичката организација ФЕТО во белгискиот град Беринген биле приведени во полција по пријава на симпатизери на ФЕТО

558227
Турците во Белгија под притисок на ФЕТО

Турците во Белгија под притисок на ФЕТО

Околу 60 млади луѓе кои демонстрирале против терористичката организација ФЕТО во белгискиот град Беринген  биле приведени во полција по пријава на симпатизери на ФЕТО.

Симпатизерите на терористичката организација ФЕТО во Белгија ги пријавуваат Турците кои после обидот за воен удар во Турција протестираат против ФЕТО во Белгија.

Полицијата во Беринген ги приведе Турците демонстранти кои протестирале после обидот за воен удар на 15 јули во Турција.Дел од нив полицијата ги обвинува за провикација, а дел за нанесување штета на институциите поврзани со ФЕТО.

Испрашувањето има за цел да се деморализираат младите

Саид Баратај во изјава за Анадолската новинска агенција рекол дека белгиската полиција постапува по жалба на симпатизерите на ФЕТО и ги приведува Турците кои демонстрираа во Белгија после неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули.Мислам дека тоа се прави намерно.Полицијата ги испрашува сите 60 млади Турци кои демонстрираа во Беринген ,а намерата е јасна да се предизвика деморализација и откажување од намерите.Баратај побара правна поддршка од надлежните.

Полицијата приведува на пријава на Фетулахистите

Несим Чифтчи кој исто така е едниот кој бил повикан во полиција во Беринген за разговор вели дека полицијата ме запраша за тоа што го имав споделено на социјалните мрежи ноќта на воениот удар во Турција. Тие го имаа преведено тоа на фламански јазик, но јас во тоа што го имав напишано не ги имав навредено ниту Ѓуленистите, ниту нивното движење, ниту на движењето во Белгија. Мојата реакција беше само на пучистите,така да си помислив дека нивната реакција најверојатно потекнува од тоа што самите се осеќаат погодени од тоа што сум го напишал.Јас само можам да им речам јаз’к нека им е , додаде Чифтчи.

Еснафот Фетулахист се заканил со масакр

Серкан Озверен друг млад човек кој што исто така бил повикан на разговорот во полицијата во Беринген вели дека Турците после неуспешниот обид за воен удар биле единствени во осудата на ударот, што најверојатно им паднало тешко на Фетулахистите,кои често се жалат на нас во полцијата која не повикува за разговор. Очигледно им е мака што не успееја во нивната подла намера.

Фетулахистите себеси се прикажуваат како жртви, така да имало случај на еден еснаф симпатизер на Фетулах Ѓулен кој што се пожалил во полицијата дека останатите Турци во градот му се закануваат,дека ги бојкотираат неговите стоки па дури и се заканил дека ако поради бојкотот на останатите Турци кои не се Фетулахисти му пропадне работата или ако некој ја каменува неговата продавница, Беринген ќе го претвори во локва крв.Кога другите реагираат во полиција прашувајќи ги полицајците дали нема да интервенираат тие одговарале дека не го разбирале бидејќи човекот зборувал на турски јазик.

Заканата влезе во полицискиот записник

Серкан Озверен во продолжение вели дека се пожалил во полицијата дека го повикуваат на разговор врз основа на неточни тврдења, воедно дека треба да го повикаат и лицето кое се заканува со масакр во Беринген,на што не реагираат. И покрај тоа што сосема јавно се закани дека ќе ги убие сите Турци во Беринген кои не се симпатизери на Фетулах Ѓулен полицијата ништо не направи за да да го приведе овој човек, вели на крајот Озверен сосема резигниран и разочаран од неправендото однесување на белгиската полиција.



Слични вести