Балканска агенда 32/2016

Борбата против корупцијата на Балканот

550266
Балканска агенда 32/2016

Според едно истражување на Центарот за деморкатски истражувања во Софија митотот кое во Бугарија е во состојба на една од распространетите општествени болести е за 2 до 3 пати поголемо од останатите европски земји. Некои испитувања на јавното мислење во Романија пак укажуваат на тоа дека 96-отсто од граѓаните корупцијата ја оценува како најголемо зло во секојдневниот живот. Според министерството за безбедност на Босна и Херцеговина поради распространетата корупција оваа земја е дојдена во состојба на погодно место за криминални активности. На сличен начин се привлекува внимание дека митото во Србија и Црна Гора како систематски случај претставува најголем општествен проблем во овие две земји. Овие примери потсетуваат на тоа дека митото се наоѓа меѓу најсериозните проблеми на Балканските земји. Затоа потребата од борба против корупцијата стои како основен предизвик пред сите Балкански земји.

И покрај тоа што митото и корупцијата уште од античко време се едно од основните прашања кои го вознемируваат човекот, економските и социјалните трошоци предизвикани од корупцијата почна да го привлекува вниманието повеќе особено во последните 25 години. Фактори како што беа географската местоположба на Балканот, распаѓањето на Титова Југославија, војните во 1990-сетите години и воедно годините на економска трансформација, беа причина да дојде до појава и на погодна основа за корупцијата на Балканот.

На пример во 1990-сетите години државните институции во Србија која беше водена од војна во војна, беше бомбардирана од страна на НАТО и се наоѓаше под ембарга на ОН и ЕУ беа сериозно замешани со криминални активности. Во истите години во Хрватска само оние кои имаа блиски врски со владејачката партија можеа успешно да ги продолжат своите трговски активности во оваа земја. Во Бугарија пак врските помеѓу криминалните елементи  и официјалните државни органи долго време го запоседнаа дневниот ред на земјата.

Напорите кои што беа водени над развојот на новоформираните држави на Балканот поради заканите и слични работи кои се перцепцираат во врска со безбедноста и малцинствата прашањето во однос на борбата против корупцијата беше поставено на дневниот ред на Балканските земји со задоцнување. Откако интеграцијата со евроатлантските институции  дојдоа во положба на основна надворешна политика на Балканските земји прашањето со борбата против корупцијата почна да се појавува пред регионалните како неделлив дел од задолжителните реформи.  Особено објавените извештаи од страна на Европската комисија привлекувајќи внимание и на потребата од сето она што треба да се направи во сферата на борбата против корупцијата во Балканските земји речиси нуди патна карта по ова прашање.

Различно од поблиското минато денеска во Балканските земји  постојат граѓански организации кои располагаат со капацитет кој што би одиграл активна улога во борбата против корупцијата. Од друга страна благодарение на кампањите кои што ги водат граѓанските организации и медиумските извори против корупцијата како и активностите за создавање свест денеска во сите Балкански земји постои неопходната општествена поддршка во сферата на борбата против корупцијата. Но и покрај позитивните случувања во оваа насока во различни извештаи кои што се објавуваат Балканските земји продолжуваат да добиваат лоши оценки по прашањето на корупцијата. На пример во извештаите на Меѓународната организација „Транспаренси Интернешенел“ Балканските земји продолжуваат да се прикажуваат како земји кои се вовлечени најмногу во корупцијата.

Во извештаите на Организацијата „Глобален интегритет“ пак се истакнува дека понатаму продолжуваат да се недоволни механизмите за борба против корупцијата во Балканските земји. И од извештаите на Европската комисија за напредокот во врска со земјите од Западен Балкан се подразбира дека недоволноста во борбата против корупцијата претставува заеднички проблем на регионалните земји. Дури и Бугарија и Романија како земји членки на ЕУ често се критикувани од страна на Брисел поради корупцијата.

Фондовите кои се одделуваат од страна на меѓународните финансиски институции во сферата на борбата против корупциите во основа се обидуваат да ја зајакнат контролата на граѓанските организации во Балканските земји. Паралелно со ова се вршат различни притисоци врз владите на регионалните земји за реализација на неопходните реформи. Меѓутоа недостатокот од политичка волја кај владите продолжува да претставува основна причина на неуспешноста во сферата на борбата против корупцијата. Затоа постои потреба од развивање на други стратегии кои што ќе овозможат политичките партии да заземат поактивна улога во борбата против корупцијата. Треба да се подвлече дека борбата против корупцијата на Балканот во име на зајакнувањето на развојот, стабилноста, демократизацијата и правната држава во овој регион е од животно значење.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести