Актуелно: Турскиот народ го запиша своето име во историјата

Велик Турски народе..! Колку си голем...

547086
Актуелно: Турскиот народ го запиша своето име во историјата

Турскиот народ кој од предавничкиот обид за воен удар на 15 јули со Митингот на демократијата и шехидите во Јеникапи во Истанбул напиша историја  и фрли потпис на уште едно епско дело.

Над овој народ само пред 3 недели беа фрлани бомби.

Во нападите со тенкови и оружје на предавниците облечени во воена униформа овој народ даде 240 жртви-шехиди.

Уште пред 3 недели беше посегнато по неговата независност, нејзините територии се вратија од окупација, се сакаше да му се одземе сувереноста.

Одби едно подло сценарио кое беше подготвено за рушење и затворање на собранието, убивање на претседателот и наново зацртување на границите.

Не беше доволно ниту тоа. Овој народ во текот на цели 22 дена дежура на улиците се до изгревот на сонцето и откако е сигурен дека мракот се претвора во светлина се враќа во својот дом.

И конечно на 23-от ден со повикот на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во Истанбул со турското знаме во своите раце се сплоти во едно срце независно од неговата партиска или етничка припадност и го запиша своето име во историјата.

Ова е еден таков народ кој својата демократија во чија одбрана застана ноќта на 15 јули, победата на републиката ја благослови со бесмртност во Јеникапи во Истанбул.

Излезе на улица и слоганите „Турција е неделлива“ едновремено ги извикуваше од Дијарбакир до Едирне и од Анталија  до Синоп, до тој предавник во Пенсилванија и до оние кои ја хранат таа змија.

Понесе со себе и уште стотици илјади лица кои од Сирија, Авганистан и Ирак се засолнаа во Турција и кои овде ја вкусија онаа љубов кон татковината.

Велик Турски народе..! Колку си голем...

Создаваш гордост за оној кој ја носи твојата крв. а будиш завист кај туѓиот. 

Ти си доверба за пријателите, а страв за непријателите.

Со твојата химна ги споменуваш сите жртви-шехиди, а со твоето знаме вечно ја зацврстуваш твојата независност.

Со каква ли верба располагаш.

Додека сакаат да те убијат ти наново се раѓаш, кога сакаат да те принудат да потклекнеш ти стануваш уште пославна.



Слични вести