Подадената рака на Турција 28/2016

Турција го критикува постоечкиот поредок во светот на секое ниво

541740
Подадената рака на Турција 28/2016

Турција со сите нејзини институции и организации продолжува да го критикува постоечкиот систем во светот. Критиките на претседателот на турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник упатени на смета на Меѓународната федерација на Здруженијата за Црвен Крст ви ги пренесуваме од погледот и коментарот на Селахаттин Бостан, советникот за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај.

Турција продолжува да укажува на постоечкото неправилно функционирање на сите институции и организации во светот. Нефункционалната градба на Организацијата на Обединетите Нации се критикува лично од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на секоја платформа. Организациите за хуманитарна помош на ОН со собраните млијарди долари фондови се бават само со комарците, мочуриштето пак останува.

Постои уште една организација која е постара од Организацијата на Обединетите Нации и која е задолжена за лечење  на болките на луѓето кои што се појавуваат во светот ако поради војни така и поради елементарни непогоди,а тоа е Меѓународната федерација на Здруженијата на Црвената полумесечина и Црвениот крст чие седиште се наоѓа во Женева. Во оваа голема организација членуваат повеќе од 190 земји  и националните здруженија кои ја сочинуваат оваа градба располагаат со меѓународен имунитет. И покрај тоа што немаат сила на санкција во меѓународна смисла и одлуките кои што се донесуваат од страна на оваа голема организација од страна на државите се оценуваат како документи кои се земаат во предвид. Меѓутоа и оваа голема организација макар и не колку организациите за хуманитарна помош на ОН со секој поминат ден уште повеќе ја преиспитува својата функционалност.

Турската Црвена полумесечина Кизилај е едната од најстарите членови и член на управниот одбор на Федерацијата на меѓународните здруженија на Црвената ополумесечина и Црвениот крст. Минатиот месец во Женева се одржа состанок на Управниот одбор на оваа организација на кој во име на турската Црвена полумесечина Кизилај учестуваше и нејзиниот претседател Керем Киник. Во оваа прилика Керем Киник со ова свое искуство во својата кариера во хуманитарните организации одржа говор кој ја принуди управата на федерацијата да се соочи со себе си.

Претседателот на турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник ја критикуваше Федерацијата поради тоа што останува неефикасна во меѓународните кризи. Нагласувајќи го тоа дека миграцијата не претставува причина, туку е резултат што се појавува поради судирите кои што се водат, политички случувања и економски проблеми Керем Киник рече: „Системот на ОН со тоа што не можеше да обезбеди целосна услуга за бегалците во справувањето со овој проблем кој располага со свои разлчни страни, веќе е пропаднат. Се прават доста различни дефинирања како што се мигрант, бегалец, барател на азил и под заштита. Тоа пак создава неизвесности. Спротивно на тоа мигрантите од нас очекуваат да станеме единствен и силен глас во правец на обезбедување поголема заштита за нив.“

Претседателот на турската Црвена полумесечина Керем Киник предупредувајќи ги функционерите на федерацијата истакна дека насловите за кои што во моментов се дискутира се само еден мал дел од проблемот со миграцијата и дека во блиско време ќе се појави и големиот дел од големата санта мраз. Киник рече: „Ние како турска Црвена полумесечина за 3 дена прифативме на нашите територии 200 илјади бегалци. Им доставивме услуги како што се сместување, здравство, заштита. Додека ја реализиравме доволната интервенција внатре во земјата не можевме да воспосавиме доволна соработка со Црвената полумесечина на Сирија по прашањето на еден ваков проблем преку границата. Состојбата не задоволува и во однос на другите миграциони движења. На ист начин не можеше да се долови она посакувано ниво на соработка и помеѓу сомалиската Црвена полумесечина и кенискиот Црвен крст и помеѓу Црвениот крст на Централноафриканската Република и на Чад. При вакви состојби Меѓународната федерација на здруженијата на Црвената полумесечина и Црвениот крст треба да одигра посредничка улога и да формира механизам за за воспоставување на неопходната соработка.“

Керем Киник подвлече дека за елиминирање на влијанијата на миграцијата треба да се бараат решенија за интервенција во земјите каде што се доживува миграција и дека ќе биде посмислено помошта да се фокусира на изворните земји. Киник патот и методите кои што треба да се следат во овој случај ги изнесе со следните зборови: „Хуманитарните активности треба да се разгледуваат независно од географијата. Прекуграничните активности треба да бидат дел од дневниот ред на федерацијата. И Обединетите Нации не можат да интервенираат во доволен степен на проблемот со миграцијата. Затоа федерацијата треба да интервенира пообемно од ОН на миграцијата.“

Турската Црвена полумесечина Кизилај на меѓународните хуманитарни организации им го рече следното: Активностите кои се реализираат по иселувањето на милиони луѓе од Сирија заедно со тоа што се ценат се недоволни. Она што треба да се направи е тие луѓе да се држарт во безбедност во нивните земји. Затоа работите на кои што треб а да се фокусира треба да бидат посветени на земјите од кои доаѓаат бегалци. Во моментов пак се прави точно спротивното.

Без оглед на тоа колку е во право вашиот збор, доколку тој збор не се слушне од страна на вашиот соговорник и нема нешто поголемо значење. Меѓутоа и не постои друго решение освен вистините секогаш да ги извикувате и тоа можеби со уште повисок глас. Едниот од методите е и да се формира хор од оние кои го велат правилното. Угнетените и загрозените народи во светот треба да се обединат и на организациите и институциите кои управуваат со светот да им извикуваат на сет глас „Слушнете го нашиот глас! Слушнете ги вистините!“ Ете она што го поттикнува Турција против постоечкиот поредок овде го наоѓа своето вистинско значење. Со секој поминат ден расте бројот на земјите кои му придаваат слух на гласот на Турција. Светот по извесно време нема да биде оној поранешен свет. Знаците на тоа се согледуваат.

Угнетените и загрозените народи застануваат во одбрана на тоа дека веќе треба да се измени постоечкиот систем во светот. На чело на земјите кои застануваат во одбрана на ова пак се наоѓа Турција. Ви ги пренесовме критиките во врска со градбата на Федерацијата на Здруженијата на Црвената ополумесечина и Црвениот крст од погледот на Селахаттин Бостан, советникот за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај.



Слични вести