Балканска агенда 30/2016

Каде е Балканот?

541676
Балканска агенда 30/2016

Балканот е познат како најпроблематичен регион на европскиот континент и се споменува како „буре барут“. Во свеста на западните земји Балканот во основа опстојува со конфликти, насилство и суровост. Освен тоа заедно со тоа што зборот Балкан е име на греографски регион се употребува и како да се алудира на одделен политички и културен идентитет. Балканските земји пак негираат дека постои еден одделен балкански идентитет и себе си се обидуваат да се прикажат како неодделив дел од западниот свет и западната цивилизација.

Балканската географија до почетокот на 19-от век не располагаше со заедничко име и се споменуваше под различни имиња. Најпрвин германскиот географичар Јохан Август Цојне во 1809 година со инспирација од Балканските планини кои ја делат Бугарија хоризонтално регионот го нарече Балкан. Потоа употребата на зборот Балкан се распространи како име на регион. Меѓутоа дури и денеска не е точно јасно кои се границите на Балканот. Со други зборови не постои едногласност меѓу писателите, историчарите и географичарите околу тоа кои земји ги опфаќа изразот Балкан. Меѓутоа  неизвесноста на границите на Балканската географија не претставува проблем. Она што претставува проблем се предрасудите кои што му се наметнуваат на зборот Балкан околу тоа дека со овој збор се алудира на одделен политички и културен идентитет.

Перцепцијата кон Балканот во западните земји содржи доста негативни елементи. Пред се е распространета предрасудата дека Балканот не е дел од западната цивилизација. И не само Османлиите, поради нивните културни и религиски елементи и Византијците се перцепцираа како „другите“ на Европа. Западните патеписци кои во 19-от век го прошетале Балканот во основа во своите мемоари регионот го опишуваат како различен, чуден и недоволно цивилизиран. Од друга страна значаен дел од литературата за Балканот во западните земји беше развиен во периодите кога се доживуваа кризи во регионот. Затоа Западњаците продолжуваат Балканот да го споменуваат како регион каде што е постојано жива етничката омраза со минато од стотици години, регион кој воедно е заостанат од економски, културен и политички аспект и регион кој и се заканува на безбедноста на Европа. Дури и во западните романи и филмови Балканот се прикажува како елемент на закана.

Зборот Балканизација кој што беше изумен заедно со Балканските војни во 1912-1913 година укажува дека на тоа дека само по себе се перцепцира како проблем на Балканот. Во периодот на Студената војна со влијанието на идеолошките перцепции Балканот е согледан како тоталитарен и комунистички регион кој стои пред демократскиот и капиталистички Запад. Војните пак кои што беа водени во 1990-сетите години на териториите на поранешна Југославија зборот „Балканизација“ го направија популарен и станаа причина да заживеат предрасудите кон регионот. Според историчарката за Балканот Марија Тодорова со своето ново значење зборот Балканизација освен тоа што го нагласуваше распарчувањето на големите држави укажуваше и на начинот на живот кој се потпира на заостанатост, примитивизам и варварство.

Освен постоењето на негативни предрасуди кон Балканот додека во 1990-сетите години продолжуваше процесот за проширување на ЕУ кон Источна Европа земјите од Западен Балкан не беа ниту на крајот на така да се каже опашката за членство во ЕУ. Сето тоа пак речиси го поттикна бегството од балканскиот идентитет. Се постапуваше со перцепција оние кои располагаа со балкански идентитет како да немаа свое место во ЕУ. Интересна страна беше тоа што додека некои земји во регионот го потцртуваа своето „Европејство“ продолжија да ги обвинуваат своите соседни земји за тоа дека се „Балканци“. На пример додека Словенија се обидуваше да се стекне со свое место во ЕУ ја даваше пораката дека таа е „Европејска“, а Хрватска не е. Слични изговори Хрватска разви против Србија, а Србија против Босна и Херцеговина.

Денес Хрватска и покрај тоа што е членка на ЕУ изнесувајќи ги како причина културните и историските факти продолжува да застанува во одбрана на тоа дека не е Балканска држава. На сличен начин и Романија и Словенија негираат да се дефинираат како Балкански земји. Во периодот по 1990-сетите години пак некои Балкански народи за да би се спасиле од Балканскиот идентитет речиси развија нова историја. Во тие рамки историјата во врска со развојот на националните идентитети се настојуваше идентитетот на соседот кој се прикажува како Балканец да се држи одделно од историскиот развој.

Кога станува збор за Турците пишувањето на историјата на Балканот доаѓа во уште попроблематична состојба. Поради тоа што Балканските држави со своите независности се стекнаа по бунтовите против Османлиската држава и нивните национални идентитети се развија на начин кој што содржи негативни мислења кон Османлиската држава и нејзините вредности. Затоа дури и денеска националистите во Балканските земји за сите грешки и несреќи во своите земји на невистинит начин се ориентирани кон обвинување на Османлискиот период.

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести