Блискиот Исток низ призмата на Турција 30-2016

Воените удари, непријатели на народната волја на Блискиот Исток: Обидите и искуствата во Египет и Турција

538780
Блискиот Исток низ призмата на Турција 30-2016

Не стивнува огнот на Блискиот исток по случувањата аречени Арапската пролет. Политичката нестабилност во сите земји во целиот регион се шири во вид на бран на лавина. Имено очигледно е дека станува збор за воена состојба во Сирија, Либија и Јемен. Исто така во последните три години сведоци сме на воениот удар во јули 2013 година во Египет и обито за воен удар во јули во Турција.

Случувањата во Египет и Турција можат да се резимираат на следниот начин:

1. Во јануари 2011 година, како последица на народниот бунт, покрај тоа што беше соборен поранешниот претседател Хосни Мубарек, на власт во Египет дојде армијата која демократијата ја стави под свое туторство. Военото старателство беше засилено со правосудното туторство.

Во Турција, со доаѓањето на власт на Партијата за правда и развој (АКП) се намали присуството на армијата во политичкиот режим. Дури можеме да кажеме дека целосно се укина военото туторство. Со иста цел беа фрлени чекори за разбивае на судското туторство. Бидејќи приоритет беше даден на уникувањето на военото туторство, задоцнија реформите во правосудството. Во голема мера е елиминизиран потенцијалот на правосудтсвото да го блокира системот.

2. Раковдството на египетскиот претседател Мохамед Мурси за само една година не можеше да се стекне со доволна сила и моќ против поранешниот поредок. Не само армијата, туку истовремено полицијата, деловниот свет и медиумите беа против Мурси. Единствена предност на Мурси беше фактот дека тој ја претставуваше народната волја. Пучистите пред воениот удар проследија план преку кој најпрвин сакаа да ја укинат легитимната основа на Мурси. Во рамките на тој план, пучистите кај значаен дел од египетското општество започнаа политичка мобилизација против Мурси.

Во Турција, пучистите кои излегоа на пат да извршат воен удар, ја немаа поддршката на граѓаните. Акцијата која се обидоа да ја остварат немаше општествена поддршка. Напротив се соочија со харизматичен лидер на политичко движење кој на сите избори, освен еден исклучок излезе како победник со зголемувње на бројот на гласовите. Повикот на претседателот Ердоган и владините претставници до граѓаните да излезат на улиците и плоштадите, наиде на голем одѕив. Милиони граѓани на Република Турција излегоа на улиците и ја заштитија националната волја.

3. Армијата во Египет беше едногласна во борбата против избраните. Лидерот на армијата Абдулфетах Ел Сиси истовремено беше и министер за одбрана на египетската влада. Меѓудругото, египетската полиција која е доста силна во земјата, ја поддржа армијата во воениот удар.

Групата пучисти која на 15 јули се обиде да изврши воен удар во Турција се раководеше вон синџирот на команда во армијата. Освен тоа што не ја добија поддршката на ниту еден командант на воените сили, меѓу пучистите немаше некој повисок воен офицер од рангот командант на армија или генерал на армија. Пучистите многу повеќе наликуваа на припадници на терористичката организација ФЕТО која се инфилтрирала во државните установи и беа поврзани со надвор. Исто така се соочија со отпорот на полицијата, која претставува значаен дел на безбедносниот систем.

Каков беше ставот на надворешниот свет во врска со искуствата што беа доживеани во Египет и Турција?

Веднаш по задушувањето на обидот за воен удар, САД и ЕУ ја предупредија Турција во врска со евентуалното враќање на смртната казна и како треба да се однесува кон приведените и уапсените. Познато е дека двете страни по воениот удар во Египет паднаа на испитот, бидејќи го поддржаа воениот удар во оваа земја. Впрочем самото предупредување на наведените страни кон Владата на Турција, особено по обидот за воен удар, претставува јасен пример за неодговорност. Она што не можеа да го сфатат страните е дека историската недоверба кон Запад која постои уште повеќе ќе се зголеми како резултат на нивното недговорно однесување.

Кај турскиот народ не постои сомнение дека во позадината на обидот за државен удар се наоѓа терористичката организација Фетулах Ѓулен.

Властите истакнуваа дека е одбиен обидот за воен удар, но дека заканата сеуште не помина.



Слични вести