Блискиот Исток низ призмата на Турција 29-2016

Фактите на извештајот на Чилкот

533151
Блискиот Исток низ призмата на Турција 29-2016

Британија пред 13 години, во својство на втор голем фактор во окупацијата на Ирак, која интервенција беше предводена од САД, презеде значајна одговорност. САД и Британија со цел да обезбедат легитимност на интервенцијата, се базираа на погрешни докази.

Тогашниот премиер на Британија Тони Блер, со цел да ги оствари надворешно политичките цели, преферираше да се раководи согласно на политиките на американското раководство под лидерство на Џорџ Буш и неоконзервативците кои беа многу влијателни и на примената на насилството сметаа како на нешто доволено. При усвојувањето на оваа одлука, Блер не ги зеде во предвид предупредувањата на сопартијците како и евентуалните негативни реакции кај јавноста.

Британија во окупацијата на Ирак под лидерсто на САД учествуваше со над 30 илјади војници. Цехот на учеството во војната во Ирак, Британија го плати со животите на 179 англиски војници.

Случувањата во Ирак како и по перцепцијата на погрешните факти кои беа изнесени за легитимизирање на војната веднаш по интервенцијата предизвика да се зголемат реакциите против Владата на Блер. Тогашните лидери на опозицијата и некои пратеници на Работничката партија, поднесоа барање за преиспитување на процесот на учеството на Британија во војната во Ирак.

По завршувањето на должноста и повлекувањето од премиерската функција, на местото на Тони Блер дојде владата на Гордон Браун која усвои одлука за формирање петчлена комисија за истражување на настаните. Комисијата предводена од Џон Чилкот ги испита случувањата од 2001 до 2009 година. Во рамките на истражувањата на комисијата чија цена изнесуваше околу 10 милиони фунти, искази дадоа премиерот Тони Блер, Гордон Браун, некои поранешни министри и високи бирократи, воени лица и приврзаници на безбедносните сили од тој период, вкупно над околу 150 лица. Исто така беа истражени над 150 илјади документи. Објавувањето на извештајот беше предвидено да се оствари во рок од една година, а беше објавен дури по седум години. Големо влијание во доцнењето со објавувањето на извештајот одигра англиското Министерство за надворешни работи кое не дозволи да се објават телефонските разговори меѓу Буш и Блер.

Извештајот чие име потекнува од презимето на претседателот на комисијата Чилкот, на виделина ги изнесе следните факти.

Британската политика кон Ирак целосно се базираше врз погрешни разузнавачки информации. Воената интервенција во Ирак дефинитивно не беше последниот избор од аспект на Британија. Имено не беа истрожени сите мировни солуции пред војната. Затоа, причините поради кои Британија влезе во војната не се на задоволително ниво.

Воената интервенција можеше да се оствари во некоја друга етапа. Ако се земат во предвид условите во 2003 година, Садам Хусејин сеуште не беше закана. Тврдењата дека оружјето за масовно уништување на Ирак предизвикуваат ризик, немаат никаква оправдана основа.

Случувањата што беа доживеани по интервенцијата како и следењето на САД по окупацијата покажуваат дека плановите и подготовките не биле доволни.

По војната во Ирак не беше воспоставена стабилност, напротив дојде до пораст на тероризмот. Оваа ситуација се косеше и покрај сите наводни тврдења на тогашниот премиер Блер бидејќи се беше претпоставка. Граѓанската војна по интервенцијата во Ирак како и веројатноста дека ќе се засилат активностите на Ал Каеда во регионот, му беа изнесени на внимание на тогашниот премиер Блер.

Тони Блер на Буш му ја пренесе одлучноста дека по секоја цена Британија ќе ја поддржи САД во војната.

На крајот на окупацијата на Ирак загинаа сто илјадници Ирачани и милиони беа исселени од родните места.

Фактите кои беа изнесени во извештајот на Чилкот, ја покажаа оправданоста на сите оние кои ја изнесоа загриженоста пред окупацијата и оние против окупацијата. Денес во Ирак владее хаос и претставува типичен пример на неуспешна држава. Истовремено во целиот Блиски Исток има крвопролевање. Покрај глобалната војна која започна против наводниот тероризам, регионот се претвори во простор во кој терористичките организации имаат можност за поголеми маневри. Окупацијата на Ирак овозможи Ал Каеда уште повеќе да се вгнезди и да се стекне со поголема сфера на влијание. Сите оние терористи кои се одвоија од Ал Каеда, ја формираа терористичката организација ДАИШ која не се ограничи само со насилствата во регионот, туку прерасна во терористичка организација со светско влијание. За што имаме можност да утврдиме од последните напади во Париз.

Безнадежноста и очајот кај муслиманскиот свет и особено на Блискиот Исток, стана еден од поттикнувачките фактори кој предизвика голем број млади во регионот да се приклучат кон овие терористички организации.

Денес многу подобро знаеме дека ветрот предизвикува предвремена бура. Со други зборови кажано, сфаќањето дека борбата против тероризмот може да се заврши со насилство и избегнување на правото, покажа дека насилството предизвикува насилство. Окупацијата на Ирак покажа дека не само Ирак туку и државите кои се обидуваат да го обликуваат регионот, се изложени на закана од тероризмот. Извештајот Чилкот наодите кои ги откри ги поддржува со разузнавачки документи.

Денес многу подобро можат да се увидат вистинските творци на терористичките организации Ал Каеда и ДАИШ. Владеењето на правото треба да проилзезе од карактеристика на внатрешниот поредок само на западните демокртаки држави и треба да се почувствува неговото влијание на меѓународната арена како меѓународно сфаќање. Тоа пак поминува со изнесувањето пред суд на творците на терористичките организаци Ал Каеда, кои треба да положат сметка за крвопролевањето за кое беа причина.



Слични вести