Балканска агенда 28/2016

На 21-годишнина од геноцидот во Сребреница во Меморијалниот центар Поточари беа погребани посмртните останки на уште 127 новоидентификувани жртви

530044
Балканска агенда 28/2016

На 11 јули во понеделник беше одбележана 21-годишнина од геноцидот во Сребреница. На комеморациите во Меморијалниот центар Поточари кај Сребреница на кои учествуваа илјадници лица беа погребани посмртните останки на уште 127 новоидентификувани жртви од геноцдиот со што бројот на досега погребаните достигна до над 6.500 жртви. Според претпоставките на Меѓународната комисија за исчезнати лица во Сребреница беа измасакрирани 8.100 Бошњаци. Поради тоа што извршителите на ова злосторство против човештвото  продолжуваат да ги кријат местата на ископаните масовни гробници и на 21-та годишнина од геноцидот во Сребреница стотици Сребренички мајки со желба дека еден ден ќе бидат пронајдени посмртните останки и на нивните најмили продолжуваат да го доживуваат оној Сребренички пекол. 

Светот како реакција на страотниот геноцид врз Евреите за време на Втората светска војна си вети дека уште еднаш никако нема да дозволи да се случи геноцид. Во повелбата на ОН се потцртува одлучноста во правец на тоа дека идните поколенија ќе се спасат од војните кои стануваат причина за болки кои што не можат да се објаснат. Меѓутоа по приближно 50 години пд дадените ветувања во оваа насока светот дозволи во Босна и Херцеговина да се изврши еден нов геноцид врз Бошњаците.

Војната во Босна не можеше да се сопре во текот на три и пол години не поради недостаток и недоволност од сила и можности, туку поради безволност. Светот на изглед како да правеше нешто, меѓутоа во основа ги беше напуштил Босна и Бошњаците на уништување. Во основа меѓународната заедница постојано го осудуваше убивањето на Бошњаците, но не презеде некои сериозни мерки за стопирање на овој масакр. Поради тоа што Советот за безбедност беше со тенденција да ги третира исто жртвите и напаѓачите долго време не беше чувствувана потреба да се стапи во акција за спречување на катастрофата во Босна.    

Геноцидот во Сребреница е едниот од најзначајните настани кој што причинува сенка врз однесувањето на меѓународната заедница во годинините на војната во Босна. Во тие години Сребреница беше град кој со цел цивилниот Бошњачки народ да се земе под заштита на ОН од страна на Советот за безбедност беше прогласен за „безбедносна зона“. Во случај на напад врз безбедносната зона и околината се предвидуваше да се употреби сила од страна на војниците на ОН, па дури да се побара и поддршка од воздух. Меѓутоа ниту бројот на војници на ОН распоредени во Сребреница, ниту пак оружјето со кое располагаа овие војници не беа доволни за да се обезбеди безбедноста во Сребреница. На крај единиците на босанските Срби на 11 јули 1995 година влегоа во Сребреница и оваа безбедна зона се претвори во безбеден камп за убивање.

Приближно 4,5 години по масакрот во Сребреница во еден извештај со датум од 15 ноември 1999 година подготвен од страна на генералниот секретаријат на ОН во врска со Сребреница се истакнува дека ОН направиле големи грешки во Сребреница, направиле погрешни предвидувања во врска со случувањата и како резултат на тоа не можело да им се обезбеди доволна заштита на Сребреничани. Генералниот секретар на ОН Бан К-мун минатата година изјави дека геноцидот во Сребреница причинува сенка врз совеста на меѓународната заедница и нагласи дека одговорноста за овој настан ја споделуваат и ОН и Советот за безбедност. И покрај тоа што е признато и и покрај тоа што во одржаните судски постапки пред два меѓународни суда геноцидот во Сребреница е докажан и судски, особено властите во Москва, Белград и Бања Лука продолжуваат да го негираат овој геноцид.

Всушност ако се погледне Србите од една страна прифаќаат дека е реализирана трагедијата во Сребреница, но од друга се обидуваат овој настан да го направат безначаен, бројот на жртвите да го сведат на минимум и во извесна смисла да воспостават паралела со српските жртви за врема на војната во Босна. Освен тоа што настанот во Сребреница не го оценуваат за геноцид, босанските Срби речиси себе си не се сметаат и како одговорни за овој настан. Причина за сето тоа пак е тоа што Србите засега не се сочени со геноцидот во Сребреница. Ниту знаат како ќе се соочат со овој настан, ниту пак вложуваат напори по ова прашање.

Освен некои граѓански организации и Србија се принудува да се соочи со ова  извршено тешко злосторство во Сребреница. Во Србија сеуште се верува дека во војните и во Хрватска и во Босна и Херцеговина се водеше борба за слободата на Србите, вид народно-ослободителна борба. Затоа лицата како Радован Караџиќ и Ратко Младиќ кои се одговори за убиството дури и на децата и жените во Сребреница, од страна на Србите се сметаат како „нацонални херои“.

Српскиот премиер Александар Вучиќ учествуваше на комеморациите по повод 20-годишнината од геноцидот во Сребреница со што во извесна смисла ја исполни својата човечка и морална задача, меѓутоа поради тоа што настанот во Сребреница не го оцени како геноцид беше подложен на протести. Вучиќ исто така постојано упатува повици за помирување на Србите и Бошњаците и на сите страни кои војуваа, но како премиер кој не се соочува со улогата што ја одигра неговата земја во процесот на распаѓање на Југославија, не може за случувањата во Сребреница да го употреби изразот геноцидот. Од друга страна и Србија и босанските Срби кога тогаш на крај ќе мораат да им објаснат на своите идни поколенија за тоа што се случуваше на просторите на поранешна Југославија во 1990-сетите години. Ете тогаш  ќе може да се воспостави пореално помирување на Балканот.

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести