Балканска агенда 27/2016

Очекувањата на деловниот свет во Балканот

526705
Балканска агенда 27/2016

Анкетното истражување по име „Балкански барометар 2016“ подготвен од страна на Советот за регионална соработка (RCC) освен општо за јавноста спроведе истражување и за деловниот свет во земјите од Западен Балкан. Спроведеното истражување над вкупно 1400 фирми од различна големина кои работат во различни сфери стави до знаење дека очекувањата на деловниот свет во земјите од Западен Балкан и не се премногу оптимистички во однос на иднината.

Истражувањето спроведено по над 200 фирми во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово и Србија  изнесе забележителни резултати во однос на деловниот свет на Западен Балкан. Пред се 41-отсто од анкетираните бизнисмени веруваат дека економската состојба во нивната земја во 2015 година е влошена. Освен тоа само 36-отсто од бизнисмените очекуваат во 2016 година да се подобри општата економска состојба во нивната земја.

Според резултатите од анкетата во текот на 2015 година многу и не се променија работите во 42-отсто од фирмите во регионот, во 23-от од фирмите работите се влошија, а во 35-отсто се подобрија. Особено многу беа лоши работите за малите фирми. 49-отсто од фирмите очекуваат раст во побарувачката во иднина за своите производи или услуги. Овие бројки укажуваат на тоа дека очекувањата на фирмите во врска со самите себе во споредба со нивните очекувања во врска со општата економска состојба во нивните земји се попозитивни.

54-отсто од фирмите во текот на 2015 година не го променија своето ниво на вработување, 18-отсто го намалија, а 27-отсто го зголемија. Меѓу вработените 65-отсто беа мажи, а 35-отсто жени. Во основа фирмите во земјите предмет на истражувањето и немаат премногу искуство по прашањето на вработувањето на странци. 39-отсто од бизнисмените истакнаа дека би можеле да вработат лица со странско државјанство.  

Повеќето од фирмите персоналот, односно своите вработени од кои имаат потреба повеќе преку огласи за работа, ги вработуваат по пат на лични предлози. Се согледува дека е мал процентот на фирмите кои даваат огласи за вработување преку печатени или електронски медиуми. Оваа состојба укажува на тоа дека постојат сериозни проблеми во однос на пазарот на работна сила.

На изглед фирмите се задоволни од аспект на понудата на квалификуваната работна сила и квалитетот на образованието. Всушност фирмите предмет на истражувањето освен тоа што не се премногу иновативни не се гледаат силни и нивните тенденции за работа на меѓународно ниво.

Според резултатите на „Балкански Барометар“ само 16-отсо од фирмите на Западен Балкан во 2016 година оделе на соработка со универзитетите и инвестирале во истражувачки и развојни активности. Но и покрај тоа речиси половината од фирмите веруваат дека во 2015 година развиле одредени новини во производството на стоки и услуги или во услугите на испорака на производот. Односно технологиите во основа се обезбедуваат преку нови машини и опрема. Фирмите во регионот на местото на технолошките истражувања препочитаат да инвестираат во обука на работното место. Меѓутоа и трошоците на човечкиот капитал се поврзани со општиот тренд на економијата во земјата.

Според бизнисмените во Западен Балкан најголеми препреки пред работата и зголемувањето на фирмите редум се даночните стапки, финансиските трошоци и однесувањето на ривалските фирми спротивно на правилата на  конкуренција. Повеќе од банкарски кредити фирмите претпочитаат да ги продолжат своите работи со остварената заработувачка. Имено само 34-отсто од фирмите во Западен Балкан во 2015 година подигнале банкарски кредити.

Што се однесува до меѓународната трговија и покрај тоа што само 41-отсто од фирмите декларирале дека профитирале од договорот за слободна трговија на ЦЕФТА 2006 година кој што е во примена тие гледаат позитивно на подобрувањето на трговските врски меѓу земјите од Западен Балкан. Всушност резултатите на „Балкански Барометар“ укажуваат дека земјите предмет на истражувањето релативно се затворени од аспект на извозот на стока и услуги, додека се поотворени од аспект на увозот. Имено 81-отсто од стоките и услугите на анкетираните фирми се продаваат внатре во земјата, а 8-отсто се продаваат во земјите на ЕУ. Само 5-отсто од продажбите се реализираат меѓу седумте Балкански земји предмет на истражувањето. 70-отсто од потребите за производство на машини, материјали и сл. се обезбедуваат внатре од земјата.

„Балкански Барометар“ исто така укажува и на тоа дека премногу не е голем бројот на мултинационалните фирми кои делуваат во Западен Балкан. Поврзано со тоа на ниско ниво останува и бројот на фирмите кои произведуваат репроматеријали за големите фирми.

Поголемиот дел од бизнисмените во Западен Балкан имаат позитивен поглед кон членството во ЕУ. Само 9-отсто меѓу нив веруваат дека членството во ЕУ ќе се одрази негативно на нивните работи. Во основа фирмите кои извезуваат попозитивно се приближуваат кон членство во ЕУ. Од друга страна на изглед се покажува чувствителност кон заштитата на животната средина. Реалност пак е тоа што нема доволно докази за тоа дека фирмите преземаат превентивни мерки против загадувањето на животната средина.

Како последно фирмите во земјите од Западен Балкан велат дека при подготвување на законите со кои се регулира деловниот живот владите не се советуваат и консултираат доволно со нив. Освен тоа како што се укажува во различни извештаи фирмите во Западен Балкан се така да се каже осудени да работат во средина каде што е распространето митото. Фирмите освен тоа што не ги оценуваат за доволно напорите на владите за борба против корупцијата на доста ниско ниво е и нивната доверба кон државните институции.

 

Автор на програмата е доктор-Ерхан Турбедар



Слични вести