Блискиот исток од перспективата на Турција 27/2016

Рамазан исполнет со тешкотии и маки во Јемен

526708
Блискиот исток од перспективата на Турција 27/2016

Јемен е најсиромашната земја на Арапскиот Блиски исток и во оваа земја 14 месеци како се води војна со мошне лоши општествени резултати. Јеменците и за време на овој Рамазан беа подложени на мошне големи маки и страдања чија димензија е невозможно да се измери. Прекинот на огнот кој што започна во април и траеше приближно два месеци обезбеди макар и мала можност за надминување на овие маки и страдања. Меѓутоа се појави недоразбирање по прашањето на тоа која фаза ќе се применува најпрвин во патната карта доставена до завојуваните страни од страна на специјалниот претставник на ОН за Јемен.

Всушност страните ги дочекаа позитивно предлозите на специјалниот претставник на ОН за Јемен Исмаил Вилд Шејх Ахмед. Меѓу предлозите се наоѓаа услови како што беа повлекување на бунтовниците, односно на Хусите и нивниот сојузник воените единици лојални на поранешниот јеменски претседател Али Абдулах Салех од местата кои ги држат под окупација од 2014 година досега, разоружување од тешкото оружје на милициските сили и формирање на влада на единство.

Меѓутоа Хусите како прв чекор посакаа на чело на привремената влада на единство да биде назначен претседател за консензус. Исто така инсистираа во условот на чело на привремената влада да биде поставен лидерот на јеменската влада која е призната од страна на меѓународната заедница Абдурабу Мансур Хади. Меѓутоа на Хади веќе му беше истекол мандатот од две години, а освен тоа неуспешната власт во периодот на премин имаше голема улога во појавата на сегашната криза.

Згора на тоа страната лојална на Хади истакна дека повлекувањето на Хусите и нивните сојузници од окупираните градови и нивното разоружување има поголем приоритет и од формирањето на владата на единство, така да по пауза од два месеци повторно започнаа судирите.

Војната во Јемен која 14 месеци како продолжува во моментов е претворена во вистинска човечка, односно хуманитарна криза. Во оваа земја дури и пред војната значаен дел од населението живееше под многу тешки животни услови. Сега состојбата е многу полоша и поочајна. Високите температури кои во голем број места изнесуваат над 40 степени, прекините на струја кои што траат долго, недостатокот од вода доста го отежнаа и месецот на постот Рамазан во оваа земја во немаштија. Заразните болести кои резултираат со смрт на голем број деца се дојдени во дел од секојдневниот живот во Јемен.

Во периодот од април 2015 година до мај 2016 година во операциите на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија животот го загубија 9.136 цивили од кои 18-отсто се жени, а 24-отсто деца. Бројот на ранетите пак изнесува над 16 илјади.

Како резултат на нападите голем број патишта, мостови, аеродроми, болници и училишта се доведени во неупотреблива состојба. Повеќе до 325 илјади домови се оштетени до степен да не може да се живее во нив. Како резултат на овие жестоки бомбардирања и судири се принудени на иселување од своите домови 2,8 милиони луѓе. Голем број локални и глобални граѓански организации на чело со Меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешнл тврдат дека Арапската коалиција употребува касетни бомби чија употреба инаку е забрането со меѓународни конвенции.

Приближно 15 милиони луѓе од кои половината во најнапреден степен се соочуваат со проблем поради недоверба кон храната.

Според хуманитарниот координатор на ОН за Јемен состојбата во оваа земја во моментов ја сочинува едната од најлошите кризи во светот. Друга причина за смрт на децата се недоволната исхрана и гладот. Освен недостатокот од храна друга страна на проблемот е и скапата храна. Голем број семејства поради недоволност од нивната куповна моќ не можат да ги купат прехранбените производи кои инаку ги има. Приближно 80-отсто од населението има потреба од хуманитарна помош во различни димензии.

ОН упатија повик до земјите членки за доставување на 1,8 милијарди долари  помош за Јемен за 2016 година. Меѓутоа досега можеше да се намират само 17-отсто од овој износ.

Па добро зошто се води војна во Јемен: Причина која што често се изнесува во медиумите е таа дека милициските сили на Хусите кои во септември 2014 година го зазедоа главниот град Сана водат прокси војна во име на Иран. Тие беа провоцирани против Саудиска Арабија од страна на Иран. Хусите потекнуваат од шиитското население Зејди кое сочинува една третина од населението во Јемен и е верско-политичко движење чие вистинско име е Енсаруллах. Не претставува тајна и нивната поврзаност или врска со Иран. Меѓутоа не треба премногу да се величи и влијанието на Иран во Јемен. Како прво Хусите не ја добиваат поддршката на целокупното шиитско население Зејди. Поранешниот јеменски претседател Али Абдулах Салех кој во моментов соработува со Хусите е припадник на Зејдите, меѓутоа Салех за време на своето претседателствување во основа воспостави блиски односи со Саудијците. Со помошта добиена од Саудијците во минатото дури шест пати војуваше против Хусите. Она што ги донесе еден покрај друг Хусите и Салех не е тоа што се од иста секта. Салех кој не може да го прифати и да се помири со што што е исфрлен од политичка игра ги увиде Хусите како влијателно средство кое повторно ќе го направат влијателен во политиката на Јемен. Исто така и заземањето на главниот град Сана од страна на Хусите кои постојано беа подложени на пристисоците на централната власт не беше остварено со нивното усмерување од страна на Иран. Ионака Хусите и не располагаат со доволна сила за да завладеат со цел Јемен, Као група која во минатото дури шест пати војувале против Салех немаат доверба ниту кон него. Меѓутоа Хусите согледаа дека постои поволна конјуктура за да покажат дека веќе се едната од главните сили.

Прашање кое што буди загриженост за Саудиска Арабија не беше тоа што во Јемен се роди еден про-Исрански режим. Саудијците знаат најдобро дека Салих кој веќе е излезен од нивна контрола не е премногу близок со Иран. Причина поради која Саудиска Арабија  покажа остра реакција против соборувањето на Хади во Сана беше тоа што Јемен го носеше ризикот соработката помеѓу Хусите и Салих  да излезе надвор од нивната сфера на контрола. Поради неговото стратешко значење Јемен постојано да биде земен под контрола на Саудиска Арабија е едниот од елементите без кои што се не може во саудиската надворешна политика.

Меѓутоа од аспект на Саудијците тоа што проблемот се разгледува во контекст на борбата за надвласт помеѓу Иран и Саудиска Арабија обезбедува можност да наиде на поддршка кај меѓународната заедница. Затоа Саудијците претпочитаа својата интервенција во Јемен да ја разгледат во контекст на растечкото влијание на Иран во регионот и го избраа патот тоа да го презентираат како интервенција со која ќе се скрши ова влијание. Проблемот пак во суштина повеќе се одрази како поттикнување на локалните динамики.



Слични вести