Блискиот исток од перспективата на Турција 26/2016

Потрагата по стабилност во Египет надвор од демократијата создава хаос

524382
Блискиот исток од перспективата на Турција 26/2016

Погледот кон Египет особено на американските власти и општо на западниот свет е фокусиран на стабилноста во оваа земја. Овој поглед фокусиран на стабилноста е таков уште од периодот на власта на Енвер Седат кога Египет се помести кон западниот сојуз. Желбата да се види стабилноста во Египет само по себе ја донесе и индиферентноста кон авторитарните применувања и прекршувањата на човековите права во оваа земја. Затоа западниот свет претпочиташе да остане посматрач пред соборувањето со крвав воен удар во јули 2013 година на првиот избран претседател на Египет со слободни и демократски избори. Тоа што за еден ден животот го загубија стотици демонстранти, десетици илјади лица беа уапсени и стотици уапсени лица беа осудени на смрт и други тешки казни не наиде премногу на реакција кај Западот. Затоа движењето Муслимански браќа кое и покрај тоа што го присвои  методот на водење борба по демократски патишта беше прогласено за терористичка организација и беше подложено на политиките на притисок на воениот режим, а со цел негово елиминирање.

Воената хунта под контрола на генералот Абдулфетах ел-Сиси по загушувањето на Муслимански браќа на мета ги постави сите демократски граѓански елементи во Египет. Во име на „стабилноста“ почнаа да го добиваат она што им следува од политиките на притисок и либералните и левичарските граѓански организации. Ставањето во затвор на основачот на Движењето 6 април кој одигра активна улога во револуцијата од 25 јануари Ахмет Махер и на активистот Ала Абдулфетах покажува дека режимот на воената хунта нема ниту најмала толеранција кон опозицијата. Дури би можело да се каже дека власта на воената хунта на Сиси го надмина дури и периодот на власта на поранешниот претсеадтел Хосни Мубарак кој по протестите на Арапската пролет во 2011 година ја изгуби власта.

Меѓутоа се поголемите притисоци на власта на Сиси врз граѓанските организации наместо да произведат стабилност стануваат причина за развој во точно спротивна насока. Нестабилноста, затегнатоста и конфликтот во долг временски период се неизбежни. Острото задушување на конструктивната опозиција освен маргинализацијата и отуѓувањето само по себе ќе доведе и до симнување на опозицијата во подземјето и нејзино заострување. Тоа пак претставува состојба која ги зајакнува екстремните елементи во општеството. Една од тие знаци е и тоа што по соборувањето на Мухамед Мурси по пат на воен удар особено на Синајскиот полуостров се забележува геометриски пораст во терористичките акции. Дојде до значаен пораст и во акциите и во бројот на милитантите на организацијата Енсар Бејт ел-Макдис која се оддели од Ал Каида и се приклучи кон ДЕАШ. Така се тврди дека од страна на оваа организација е соборен и рускиот патнички авион над Синајскиот полуостров.

И полошо и од тоа исто како и за време на бунтот во 2011 година постепено го покажува своето влијание незадоволството кое што би можело да доведе до нов бран на бунт. Изнесувајќи се како причина растечките терористички настани под изговор на националната безбедност се врши притисок и насилство врз граѓанските организации и цивилите беа притоа да се прави никаква разлика и тоа само по себе доведува до постепено намалување на кредитот кој што и е даден на власта на Сиси од страна на еден дел на општеството. Власта на Сиси веќе ја привлече реакцијата на голем број граѓански организации кои ја поддржуваа по воениот удар. Тоа пак го стеснува просторот на нејзино делување од аспект на легитимитетот. Во голема мера се ограничени донесените закони за правото на египетскиот народ на одржување протести и собирање. Освен тоа прифаќањето на донации на граѓанските организации надвор од земјата независно од нивниот извор е прогласено за кривично дело.

Египетскиот претседател Абдулфетах ел-Сиси политиките на притисок врз опозицијата ги нарекува четврта генерација војна. Причината за тоа е следното: Медиумите и граѓанските организации со цел да ја потресат вербата на народот кон лидерството на земјата се наоѓаат во заговор против владата. Со други зборови кажано секоја мисла која што се изнесува надвор од официјалниот поглед и став значи напад врз египетската држава. 

Денеска дневниот ред на египетската власт е поставен над овие три главни точки: Задушување на „тероризмот“ и опозицијата, обезбедување на готовински тек во износ од милијарди долари од Заливските земји за Египет и доставување значајни пораки до граѓаните по пат на економски реформи и во правец на иднината.  

Меѓутоа како што рековме и на почетокот политиката на анти-тероризам вроди резултат досега да се разгорува огнот. Финансиската зависност кон Заливот пак доведува до реазултат како што е Египет да излезе од улога на привлечен центар за регионот. Од тој аспект Саудиска Арабија доаѓа во положба на земја која го зазема местото на Египет. Тоа што договорот за предавање на островите Сенафир и Тиран во Црвеното Море на Саудиска Арабија беше разгледан заедно со пакетот помош во износ од 20 милијарди долари создаде перцепција кај народот дека татковинските територии и се продаваат на друга земја и доведе до протести на кои беа приведени стотици лица.

Дојде и до позитивни случувања од економски аспект како што беа земањето под контрола на инфлацијата, макар и малото намалување на невработеноста и растот во брзината на раст. Почнувајќи од 2015 година во голема мера престанаа и прекините на електрична струја, меѓутоа овие позитивни случувања не се одразија на населението во целокупното општество. Спротивно на тоа станува збор за уште повеќе влошување на состојбата на населението со мали примања. Сеуште поголемиот дел од народот во Египет го продолжува својот живот со примања од под два долари дневно. Освен тоа се очекува да доведе до голема реакција во општеството и укинувањето на субвенциите во правец на производите за основна потреба на луѓето, а во рамките на политиките за страктурална економска стабилност.  

Египет го очекуваат тешки денови. За да би можеле да се надминат овие тешки денови пак египетското политичко лидерство треба да се помири со општеството, односно да се постигне компромис со египетските граѓани во однос на еден нов општествен договор. Во спротивно Египет го очекуваат сериозни општествени и политички превирања.



Слични вести