Балканска агенда 26/2016

Придонесите на Османлиската држава на Балканот

523363
Балканска агенда 26/2016

шшшЗаедно со потпаѓањето на Балканот под власта на Османлиската држава регионот влезе во процес во кој се развија градовите, се подобрија животните услови и се доживеа голема промена во општествениот поредок и општествениот живот. Беа изградени водоводни мрежи, беа изградени и ставени во употреба чешми, амами и библиотеки, беа изградени патишта, мостови и објекти, се развија занаетчиството и трговијата и се доживеа културен развој. Османлиите донесоа и една нова цивилизација која се потпираше на исламската култура. Од една страна Османлиите како голема муслиманска маса Балканот го прогласија за своја татковина, а од друга како резултат на присвојувањето на исламот во текот на еден процес од двестотини години значајниот дел од населението на Балканот почна да се состои од муслимани.

Заедно со ставањето во примена на тимарскиот систем на Османлиите на Балканот се намали притисокот на локалните господари над селаните, а на локалното население му беа признати пошироки права и слободи. Тимарскиот систем во Османлиската држава е име на земјиштето кое се наоѓа под државна власт и чија власт му е препуштена на спахијата. Основна задача на тимарските спахии беше за време на војна да учествуваа во војната, за време на мир да ја воспостават безбедноста во областа каде се наоѓаат на власт и да собираат данок од народот кој се наоѓа во склопот на својот тимар, а со тоа и да ја зголемат својата моќ и да обучуваат војска во зависност од големината на својот тимар.

 

Селаните кои во периодот пред османлиската власт работеа на земјиштето на феудалците во периодот на тимарскиот систем го изнајмуваа земјиштето на спахијата и согласно локалните обичаи можеа да го изберат видот на житото кое што ќе го посеат. Селаните за време на Османлиите можеа да стануваат сопственици на имоти како што се куќа, штала, дуќан, лозје и мала бавча за зеленчук. Во тој контекст на селаните им се обезбедуваше подобрување на просперитетот и еден вид социјална заштита. Значаен факт кој што го потврдува подобрувањето во просперитетот на селаните е тоа што голем број селани од областите кои се уште не беа освоени од страна на Османлиите се доселуваа на териториите под Османлиска власт.

Поради тоа што еден дел од земјиштето под контрола на големите богати поседници на земјиште-феудалците и на манастирите му беше доделено на сиромашните некои Османлиите ги оценуваа и за спасители. Освен тоа Османлиската власт обезбеди намалување во значајна мера и на бесплатното работење ангарија и со донесените закони беше спречена експлоатацијата на христијанските селани.

Поради тоа што две основни прашања кои ја засегаа Османлиската држава беа човечката сила која ќе се користи во војната и парите кои што ќе и се наплаќаат на оваа сила во основа не беше интервенирано на власта, општествената градба и верските работи во христијанските држави. Султаните немаа политики за насилно исламизирање на немуслиманите на Балканот или Турцизирање на оние кои не се Турци. На пример по целосното освојување на Босна во 1463 година султанот Фатих Мехмед, односно Мехмед втори освојувачот, со ферманот што го објави ги стави под гаранција правата и слободите на Христијаните во Босна.

Османлиските султани при искористување на своите надлежности ги земаа во предвид и обичаите и традициите на народите на освоените територии, а не само шериатот. Османлиите освен тоа што премногу не интервенираа во верската структура на локалното население беа далеку и од желбата да бидат срамнети со земја црквите. Значаен доказ кој што покажува дека Османлиската држава премногу не интервенираше во верската структура на локалниот народ е тоа што во голем број места на Балканот кои се наоѓаа под османлиска власт, а поготово во Бугарија и Србија беше дозволено да бидат изградени голем број нови цркви и манастири.

Во 17-от век под влијание и на промените во надворешната трговија откако почна да се оди од земјоделство кон сточарство почнаа да се намалуваат приходите на спахиите. Поради тоа што даноците кои што беа земани од животни одеа право во државната каса тимарскиот систем веќе не им носеше доволна заработка на спахиите.

Кон средината на 17-от век откако некои сипахии се обидоа своите поседи да ги продадат како свое сопствено, приватно земјиште почна да се влошува и состојбата на селаните. Во истиот период и државата почна да ги зголемува даноците кои што ги собираше за да ги намири растечките трошоци за воените походи и во знак на реакција против растечките даноци и притисокот на тамошните функционери на Балканот почна да доаѓа до некои побуни. Меѓутоа историчарите на Балканските земји овие видови побуни ги прикажуваа како борба за национално ослободување. Тоа што Османлиската историја се раскажува со искривоколчување на вистините претставува заеднички проблем во историските книги на Балканските земји. Од друга страна историјата беше сведок на тоа дека Османлиската држава која формирањето на праведно и урамнотежено општество го постави меѓу своите основни цели успеа во текот на неколку векови да го воспостави мирот на една широка географија.

 

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар



Слични вести