Подадената рака на Турција 26/2016

Турскиот авионски превозник Туркиш Ерлајнс за Рамазан бајрам ќе испрати нова облека за жителите на 12 земји во Африка

520825
Подадената рака на Турција 26/2016

Турскиот авионски превозник Туркиш Ерлајнс за Рамазан бајрам планира да испрати нова облека за жителите на 12 земји во Африка, исто така оваа компанија без прекин продолжува и со своите останати активности во Африка, за што нешто поопширно ќе ни каже господинот Селахатин Бостан  советник за печат на Турската црвена полумесечина Кизилај.

Турската авионска компанија Туркиш ерлајнс е компанија со која се гордее земјата и во последно време станува препознатлив бренд  како во земјава така и во светот и со својата квалитетна услуга и со останатите свои критериуми на кои полага посебна грижа .Оваа компанија може да се гордее со податокот дека е компанија која лета на најмногу дестинации ширум светот. Сепак денешната наша тема ќе бидат доброволните активности на компанијата.

Нашите ценети и редовни слушатели мошне добро знаат дека  турската црвена полумесечина Кизилај, ТИКА, Лекарите без граници,и низа други турски добротворни и доброволни организации се познати по целиот свет со своето несебично залагање и со несебичната помош за сите загрозени или на лицата кои имаат потреба од тоа. На тој начин овие компании и јавни установи претставуваат вистински пример за познатата турска традиција на пружање помош и поддршка на тие на кои им треба и на познатата турска гостољубивост.

Најдобар пример за тоа е компанијата Туркиш ерлајнс, за која можеме слободно да кажеме дека освен со квалитатната услуга, најмодерната авионска флота, најголемиот број дестинации ширум светот, најдобро обучен кадар, најпрецизно почитување на тајмингот на полетувањата и слетувањата,честите прегледи на авионите и друго,  претставува најдобар пример и за хуманост.

Компанијата лета во 28 африкански земји на 42 дестинации, и како таква претставува единствена компанија во светот. Благодарение на тоа компанијата има голема прегледност за потребите на жителите на африканскиот континент и посебно на децата.

Компанијата планира за овој рамазан Бајрам да ги израдува децата и нивните родители во 12 африкански земји. По тој повод компанијата Туркиш ерлајнс склучи договор со една позната турска конфекциска компанија кои нешто подоцна заедно со договор со Турската хуманитарна организација Кизилај решија помошта преку Кизилај да им биде испратена на жителите и особено на децата во 12 африкански држави за Бајрамските празници. Тоа нема да биде тешко за Кизилај бидејќи оваа турска добротворна организација со години делува во Африка и се има стекнато со доверба кај жителите на африканските држави.

Со доброволната акција на  турската авионска компанија Туркиш Ерлајнс ќе бидат опфатени земјите како што се  Сенегал, Мадагаскар, Танзанија, Кенија, Нигерија, Буркина Фасо, Уганда, Брегот на слоновата коска, Етиопија, Камерун, Нигер и Ерусалим. Претходно сите овие земји беа посетени и беше направено потребното истражување на теренот за утврдување на бројот на семејствата кои имаат потреба од помош во вид на облека и детски играчки. Деновиве на овие дестинации летаат авионите на Туркиш ерлајнс кои носат десетици иљади пакети со облека и детски играчки за децата во 12 те африкански земји кои пред малку ги наброивме. Десетици иљади деца на бајрам ќе носат нова и чиста облека и алишта и ќе си играат со новите играчки.

Многумина го поставуваат прашањето, што бара Турција во Африка. Одговорот е едноставен. Турција во Африка бара насмевки на детските лица и мир во мајчинските срца. Африка во глобалната економија е вклучена со 2,5 насто, со доход по глава на жител од 1200 долари, или кажано поинаку еден африканец месечно заработува околу 100 долари. За разлика од него еден европеец кој се стекнува со вистинско богатство од африканското какао, чоколадото, дијамантите заработува десет пати повеќе. Ете токму тука се крие причината за  грижата на оние кои го поставуваат прашањето, што бара Турција во Африка.



Слични вести