Раскажи ми за Исламот 20 / 2016

Ибадетот претставува збир од вербални или физички активности кои што се прават во името на Аллах.

508335
Раскажи ми за Исламот 20 / 2016

Ибадетот претставува збир од вербални или физички активности кои што се прават во името на Аллах. Ибадетот се прави свесно за да се стекне милоста на Аллах. Со ибадетот верникот ,робот Аллахов станува ценет од страна на Аллах. Преку ибадетот верникот,робот Аллахов ја искажува својата молба до Аллах. Секој полнолетен муслиман задолжително треба да се моли и да прави ибадет. За ибадетот да биде верен пред се треба да биде во склад со Исламот, да се прави свесно и со намера, верникот кој што го извршува ибадетот да има целосна вера и да биде покорен. Со помош на ибадетот се јакне и религиозното чувство на поединецот.

Во светата муслиманска книга Курани Ќерим за ибадетот пишува: Хазрети Пејгамберот (сав)за ибадетот има речено дека тоа е Аллахово право над секој верник. Тоа значи дека преку ибадетот верникот ги контролира своите желби и целосно му се покорува на Аллах и живее онака како што му наредува Аллах. Ибадетот е начин на изразување благодарност кон Аллах за сите благодети кои што му ги пружа на верникот.

За поимот ибадет во Курани Ќерим се вели следното: тоа е една широка рамка во која се наброени сите заповеди и забрани на исламот, се однесува на секој дел од човековиот живот, но гледано во потесна смисла ибадетот подразбира целосно и редовно извршување на богослужбата. Според исламското верување секој Аллахов роб треба да ги извршува барем минималните ибадети-верски обреди. За тоа Хазрети Пејгамберот (сав) има речено: Исламот се темели на 5 основни начела и тоа да се почитува дека Аллах е единствен и дека нема друг господ освен Аллах, дека Мухамед е негов пејгамбер-пророк, да сведочат, да се молат, да се даде милостиња, haccet и одржување на рамазанските пости.

Животот на муслиманот верник е исполнет со дневни ,неделни, и годишни ибадети. Во дневниот ибадет влегува клањањето намаз и тоа пет пати во текот на денот, додека петочниот џума намаз се клања само во петоците. Постењето, давањето зекат-милостиња, клањањето на бајрамските празници, така наречен бајрамски намаз, колењето курбан за време на Курбан Бајрам се ибадети кои што се извршуваат еднаш годишно. Муслиманот треба еднаш во текот на својот живот да оди во аџилак.

За сите муслимани најдобар пример за извршување на верските обреди ибадетите е самиот Хазрети Пејгамбер(сав). За тоа самиот Пејгамбер во хадисите има кажано: Семоќниот Аллах има наредено дека нема ништо поубаво од неговиот роб колку што е исполнувањето на верските обреди-ибадети. Јас го сакам мојот роб токму поради тоа. И се додека јас го сакам јас станувам негово уво, негово око, негова рака и негови нозе. Јас му давам се што ќе посака, и го заштитувам кога ќе се засолни кај мене. Нашиот почитуван Пејгамбер има речено дека ибадетот е фарз- задолжителен и дека редовно треба да се исполнува. За него ибадет претставува и  пружањето помош, поздравувањето, искажување на убави зборови,правично однесување, издржување на семејство, почитување и правење добри дела за родителите, помагање на сираците и бездомниците и друго.

Сепак врвот на ибадетот за секој муслиман е ихсанот- милоста за што Пејгамберот (сав)има речено : Ихсанот значи да се извршуваат верските обреди исто како да е самиот Аллах пред вас бидејќи и да не го гледате ,тој ве гледа.

Свесен за тоа секој муслиман мошне добро знае дека секој негов чекор се следи од страна на Аллах.

Верските ибадети –обреди се извршуваат само заради стекнување на Аллаховата милост и бидејќи тоа е негова наредба. Ибадетите го приближуваат верникот кон Аллах и го чуваат од маки и гревови, верникот созрева морално, се ослободува од материјални желби и духовно се издигнува . Зајакнува неговата воља и тој живее мирен и спокоен живот.



Слични вести