Балканска агенда 23/2016

Дали меѓународната заедница беше успешна на Балканот?

507763
Балканска агенда 23/2016

За да се сопрат судирите од 1990-сетите години и да може да се изнајдат решенија по мировни патишта и во Босна и Херцеговина и во Косово на претставниците на инволвираните страни им беа дадени надлежности во регионални, управни и правни граници и во основа беа формирани етнички структури. Потоа беа изградени меѓународни структури кои најпрвин ги контролираа, а потоа и ги зедоа под надзор овие етнички структури. Меѓутоа ова функционирање по извесно време се претвори во структури кои го блокираат системот. Откако системот беше блокиран пак почна да се дискутира за прашањето дали меѓународната заедница беше неуспешна. и дали меѓународната заедница навистина направи грешка на Балканот?

На 21 ноември 1995 година тогашните претседатели на Босна и Херцеговина, Федеративна Република Југославија и Хрватска, Алија Изетбеговиќ, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туџман, го парафираа Дејтонскиот мировен договор и заврши војната во Босна. Дејтонскиот мировен договор имаше две основни цели од кои едната беше краткорочна, а втората долгорочна. Со краткорочната се имаше за цел да се сопре војната и да се застане пред убивањата и рушењата. Во подолг рок пак се имаше за цел да се создаде неопходната средина за постигнување на траен мир и стабилност. До денеска би можело да се каже дека се постигнати значајни успеси по овие прашања. И навистина кога ќе се земе во предвид вистината дека по една страотна војна што се водеше тешко ќе биде дури да се воспостави и средината на мир, независно од тоа од кој аспект ќе се погледне, јасно е дека Босна оди во позитивна насока. Кога ќе го земеме во предвид сето она кое што денеска се случува во Сирија ќе се сфати колку само по себе е тешко да се воспостави средината на мир. Босна и Херцеговина во моментов живее во мир. Слободата на движењето е воспоставена во земјата како и некогаш. Освен тоа со донесената одлука од страна на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2000-дита година Бошњаците, босанските Срби и босанските Хрвати се прифатени како конститутивни, односно основачки народи на државата Босна и Херцеговина. Сараево пак кое во годините на војната беше срушено денеска повторно се стекна со оној свој изглед кој што му доликува на еден европски главен град. Етничките односи макар и со претпазливост чекор по чекор се подобруваат.

Никој не може да ги порекнува позитивните страни на Дејтонскиот мировен договор. Меѓутоа овој договор на земјата и донесе и низа тешкотии. Пред се Дејтонска Босна и Херцеговина веќе не можеше да се смета за една нормална држава. Причината за тоа пак беше тоа што годините на војната назад оставија региони кои беа одделно контролирани од страна на Бошњаците, босанските Срби и босанските Хрвати и кои беа хомогени од етнички аспект. Дејтонскиот мировен договор пак поради тоа што ја легитимизира оваа етничка поделеност донесе сериозна и постојана закана за територијалниот интергитет и независноста на земјата.

Всушност дејтонскиот мировен договор ги постави неопходните темели за повторна интеграција на државата Босна и Херцеговина и нејзиниот народ. Но поради недостатокот од политичка волја Босна и Херцеговина се уште не е трансформирана во модерна држава со модерен Устав.

Кога ќе се погледне кон примерот со Косово пред се со лекција од војната во Босна и за да не би се доживеало второ Босанско сценарио, отворено стои тоа дека меѓународната заедница интервенираше многу побрзо и поефикасно. Но меѓународната заедница која немаше излезна стратегија од крајот на војната во 1999 година до средината на 2004 година на Косово секогаш следеше политика во правец на продолжување на постоечката де факто состојба и се однесуваше безволно по прашањето на определувањето на конечниот статус на оваа земја. Откако се сфати дека оваа статус кво состојба не ќе може да продолжи долго време беа започнати преговорите во однос на статусот на Косово.

Денеска Косово е признато од страна на 111 земји, меѓутоа никој не може да го порекнува и тоа што и во Косово во неговиот северен дел постои еден така да се каже Косовски проблем. Дијалогот што се води за нормализирање на односите помеѓу Белград и Приштина, северниот дел на Косово во одредена мера ќе го интегрира со Приштина. Меѓутоа поради тоа што меѓународната заедница долги години како ги затвара своите очи кон северниот дел на Косово, по се изгледа мостот на реката Ибар во градот Митровица кој го дели градот на албански и српски дел лесно не ќе може да ја исполни својата обединувачка задача.

Кога ќе се погледне кон поголемата фотографија ќе се види дека на териториите на поранешна Југославија можеа да се стекнат со стабилност само Словенија и Хрватска. Во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија пак во одредена мера продолжуваат поранешните извори на затегнатост. Во овие земји во извесна мера продолжува да се води политика која се темели на етнички национализам и националниот идентитет. Од друга страна ниското ниво на просперитетот во регионот ги поттикнува ултра десничарските тенденции. Најверојатно и во иднина одредени маргинални групи кои се противат на заедничкото живеење, соживотот на различни етнички групи, ќе продолжат да создаваат проблем на доверба меѓу луѓето на Балканот. Меѓутоа поаѓајќи од актуелните регионални и меѓународни услови во врска со Балканот  може да се рече дека ќе бидат осудени на неуспех оние кои го поддржуваат поголемото распарчување во регионот. Но и покрај тоа постоечката состојба на Балканот укажува на тоа дека се уште не престанале одговорностите на меѓународната заедница во регионот и дека е доста голем списокот на сето она кое што треба да се направи за воспоставување на трајна стабилност.

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести