Нова турска визија 23/2016

Штрајковите и уличните протести во Франција

506135
Нова турска визија 23/2016

Ви го пренесуваме коментарот на професор доктор Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Каратај во Конја кој вели:

Во последните денови гледаме како на телевизиските екрани се прикажуваат Французи кои чекаат во редици пред бензинските станици, протести на кои доаѓаат еден наспри друг народот и полицијата и немири на кои повремено се одразуваат настани во кои француската полиција интервенира доста остро. Па добро што се случува во Франција која во првите денови најпрвин беше потресена со одлуката за штрајк на енергетскиот сектор, а потоа и на транспортниот сектор?

Владејачката Социјалистичка партија во почетокот на годината го стави во примена неолибералниот закон за работни односи со кој се олеснува отпуштањето на работниците од работа, се овозможува од страна на работодавците да се зголеми работното време и да се намалат примањата на работниците за прекувремено работење, со што работниците ќе бидат присилени да работат повеќе со помали примања. По одлуката овој закон да биде ставен во примена со надлежност на Владата без да биде усвоен од страна на Парламентот народот излезе масовно на улиците. И покрај тоа што овие демонстрации кои што продолжуваат два месеци и беа причина да излезат на улица половина милион луѓе ја вовлекоа во тешка состојба земјата, од различни информативни извори дознаваме дека Владата не отстапува по ова прашање и дека синдикатите ќе извршат притисок врз Владата до 8 јуни кога законот ќе биде доставен на одобрение на Сенатот.

Штрајковите кои што се следат со загриженост особено кога наближува и Европското фудбалско првенство 2016 од една страна и поради применувањата на една социјалистичка власт која наместо работничката класа го штити капиталот доведе и до една значајна дискусија меѓу левичарските средини.

Случајот кој што се обидов да го изнесам накусо ја налага и неопходноста на една анализа со правење на споредба помеѓу Турција и Франција и тоа на третата годишнина од настаните во и околу паркот Гези.

Би можеле да ја разбереме вознемиреноста во една земја каде што невработеноста расте, популарноста на лидерите опаѓа  до 14-отсто, горивото за едно возило се ограничува на 20 литри и се доживуваат конкретни проблеми, па дури како обични граѓани би можеле да правиме емпатија со француските работници и да заземеме место на нивна страна. Од друга страна дали навистина постоеше одредена конкретна причина за настаните во и околу паркот Гези кога со недели беа доживеани протести на кои се рушеше и кои достигнаа до вандализам, кои притоа беа провоцирани од западните медиуми и нивните продолжетоци взнатре во земјата и ја вовлекоа Турција во тешка состојба.

Како би можеле да ги појасниме настаните во една земја во која да се потсетиме дека според економските показатели од мај 2013 година цената на доларот изнесуваше 1,76 турски лири каматните стапки се движеа на ниво од 4-5-отсто, се правеа реформи во индивидуалните права на работниците и службениците во сферата на работните односи, како и во земја која постојано соборуваше рекорди во растот, невработеноста се движеше во едноцифрени бројки и се водеа обиди да се стави во примена проект за изнаоѓање демократско решение за ставање крај на тероризмот.

Настаните во и околу паркот Гези беа бунтовничко движење за кое како што се вели и во слоганот „Зарем сеуште не разбра дека проблемот не се дрвјата“ беше јасно дека вистинската намера беше да се создаде неспокојство во земјата. Ќе се потсетиме дека тогашниот потпретседател на Владата Булент Аринч во име на владата прифати да се состане со Платформата за солидарност на Таксим-како претставник на демонстрантите и дека ги ислуша нејзините барања. Барањата кои што беа набројувани од страна на претставниците на толпата на таканаречени заштитници на животната средина кои со денови ги запоседнаа зградите во градовите, им нанесоа штета во невидена мера на државниот имот и беа причина животот да го изгубат голем број недолжни лица; беа насочени кон инвестициите од големи обеми и проектите за развој на земјата.

Каков беше ставот што го презентираа информативните гласила и социјалните медиуми во Турција и Европа за време на настаните во и околу паркот Гези?

Кога ќе се направи споредба со штрајковите и протестите во Франција или со уличните протести во било која друга европска земја не треба да се биде медиумски експерт за да се види дволичноста на западните медиуми при објавувањето и коментирањето на вестите.

Постојат големи разлики меѓу вестите во врска со социолошката реакција која што се презентира во правец на релативно праведните барања во Франција и начинот на интервенција на француските безбедносни сили, бројот на вестите кои што можат да се видат во медиумите и ставот и вестите од статистички аспект кои што преовладуваа во истите тие медиуми за време на настаните во и околу паркот Гези.

Додека во светските медиуми им се одделуваше широко место на турските безбедносни сили кои за време на настаните во и околу паркот Гези водеа борба против огнено оружје, молотови коктели и друго убиствено оружје, сега се изоставува од вид како да е постигната едногласност острата интервенција и остриот став на полицијата во Франција која извесно време станува сцена на штрајкови и протести кои пак инаку се доживуваат како резултат на праведни барања до мера што не можат да се споредат со оние кај нас.

Природно претседателот на Реубликата Реџеп Тајјип Ердоган ја изнесе својата грижа по ова прашање.

Тоа може да се согледа како одмазда за нивната провокативна улога за време ан настаните во и околу паркот Гези, но тоа и не е правилно читање. Турција уште од почетокот приговара на сите неправди во светот и ги изнесува своите грижи во однос на овие прашања.   

Како последно, власта не треба да остане индиферентна кон социологијата во позадината на настаните во и околу Гези кои станаа причина за големи прекршувања во економската и социјалната изградба на земјата и за стагнација. Секако дека треба да им се отвори прегратка и на средините кои поради недоволноста од опозиција овие видови побунувања ги оценуваат како единствен пат за да се истакнат себе си, односно кои се чувствуваат себе си како беспомошни. Треба да се исполнат нивните прифатливи и разумни барања. Тоа е проблем кој што би можел да се надмине во рамките на можностите на нашата демократија, меѓутоа треба да се согледа и непропорционалноста помеѓу ставот и приодот на западните медиуми кон штрајковите и протестите во Франција кои што се случуваат пред нашите очи и реакцијата што ја даваат истите тие медиумски средини кон било кој општествен настан во Турција.

Тоа беше коментарот на професор доктор Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Каратај во Конја



Слични вести