Подадената рака на Турција 22/2016

ЗАВРШИ СВЕТСКИОТ ХУМАНИТАРЕН САМИТ ВО ИСТАНБУЛ

504948
Подадената рака на Турција 22/2016

Во изминатите денови заврши Светскиот хуманитарен самит што се одржа во Истанбул. Најспокојна земја на самитот несомнено беше Турција. Резултатот од овој значаен самит ви го пренесуваме со коментарот на  Селахаттин Бостан, советникот за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај кој вели:

Од 23 до 25 мај во Истанбул се одржа Светскиот хуманитарен самит. Овој самит беше одржан за прв пат и тоа што домаќин на истиот беше Турција макар и симболично беше од големо значење. Имено Турција е во положба на земја која е со најчист образ и со најисправена глава по прашањето на хуманитарната помош. Така и своите гости ги дочека со оваа нејзина карактеристика и со големо спокојство.

Во врска со самитот беа објавени безброј вести речиси во целиот свет. Едниот од најубавите наслови пак го истакна познатиот британски весник „Индепендент“. Насловот гласеше: „Светски хуманитарен самит или состанок на дволични?“

На Светскиот хуманитарен самит во Истанбул учествуваа дестици шефови на држави и премиери, генералниот секретар на ОН, функционери на стотици хманитарни организации, политичари, бизнисмени, уметници и новинари. Приближно 8 илјади личности во текот на 3 дена во Истанбул дискутираа за иднината на хуманитарната помош. Насловот на „Индепендент“ беше значаен и смисловен токму во овие дискусии. Имено во дискусиите беа дадени остри изјави во врска со решавањето на проблемите, додека излагањата во врска со причините на проблемите беа со поголема воздржаност. Впрочем причина за појава или создателите на проблемите беше системот кој што денеска доминира односно преовладува во светот. Подготовките за Светскиот хуманитарен самит беа започнати уште пред точно четири години и од тој ден досега беа одржани низа подготвителни состаноци. Беа земени ставови и беа испитани погледите на приближно 23 илјади лица. Меѓутоа најконкретниот повик што се појави беше повикот да се стави крај на болките, маките и страдањата на луѓето. Но добро кои беа изворите на овие болки, страдања и маки...

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган можеби беше и најспокојниот лидер на самитот. Имено неговата земја згрижува приближно 3 милиони бегалци и сите нивни потреби ги обезбедува од сопствени извори и средства. Претседателот Ердоган истакна дека само износот на регистрираната помош која што им се доставува на бегалците изнесува над 10 милијарди долари. Кога ќе се размисли и помошта која што ја доставуваат граѓанските организации и малите организации во градовите низ Турција износот на оваа помош достигнува до 20 милијарди долари.

Претседателот Ердоган ги критикуваше земјите на ЕУ кои ветија дека ќе доделат финансиска поддршка, но не го исполнија своето ветување  и рече дека тие пари не се наменети за Турција, туку ќе бидат искористени за потребите на сириските бегалци. Тој истакна дека доколку земјите на ЕУ не се согласат да го споделат финансискиот товар нема да биде применуван и договорот за реадмисија кој што пред извесно време беше потпишан меѓу Турција и Унијата. Претседателот Ердоган изнесе примедби и на тоа што правната структура на ОН нема никаква сила на санкција и уште еднаш го критикуваше одлучувачкиот механизам во ОН.

Постои распространето убедување и во однос на тоа дека и сферата на хуманитарна помош во светот е претворена во голем сектор. Износот на средствата кои што се наменети за овој сектор годишно достигнува до 150 милијарди долари. Да ги оставиме настрана дискусиите околу тоа дали овие пари се доволни за да ги излечат болките, друга поразлична дискусија е и тоа дали овие пари се употребуваат онаму каде што навистина има потреба од хуманитарна помош. Британскиот весник „Индепендент“ потсетува на минатото за корупцијата во која беа замешани и функционери на ОН од чија страна биле корумпирани парите собрани по катастрофалниот земјотрес во Хаити. Притоа весникот додава дека оттогаш поминаа 6 години, но дека ОН сеуште не се ниту извинија во врска со оваа корупција, а воедно не објавија и задоволително соопштение. Имињата на војниците од составот на мировните сили во Африка се споменуваат за замешаност во злоупотреба на деца. Силните земји кои од една страна говорат за човечките болки и велат дека треба да се стави крај на истите, од друга страна постигнуваат договори за трговија со оружје со диктаторите кои стануваат причина за тие болки.

И покрај сиве овие дволичности интензивно продолжува да расте и секторот на хуманитарна помош во светот. Лавовскиот дел во овој сектор е во рацете на хуманитарните организации во склопот на ОН. ОН и покрај тоа што немаат никаков придонес во доделувањето и искористувањето на помошта што се собира од неја земаат комисии кои што достигнуваат дури и до 7-отсто. Во Светската програма за храна работат 14 илјади лица.    

На Светскиот хуманитарен самит генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги прошета штандовите на хуманитарните организации и од нив најдолго време му посвети на штандот на фондацијата „Save The Children“ односно „Заштитете ги децата“. Претседателот на оваа фондација прима плата од приближно 350 илјади долари...

Во нашата претходна програмска содржина рековме дека Турција се подготвува да му одржи лекција на светот по прашањето на хуманитарната помош. Турција ја одржа оваа лекција. Имено додека платата на претседателот на една странска хуманитарна организација достигнува до приближно 350 илјади долари, претседателот на турската Црвена полумесечина Кизилај која им доставува хуманитарна помош на милиони загрозени лица во десетици земји ширум светот оваа должност ја извршува доброволно. Дододека оние на еднаква позиција примаат плати од приближно 1 милион турски лири (приближно 300 илјади долари) претседателот на Кизилај својата должност ја извршува со голема посветеност за да би израдувал колку што е можно поголем број деца во светот.

Тоа беше коментарот на Селахаттин Бостан, советник за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај, посветен на резултатите од Светскиот хуманитарен самит што се одржа од 23 до 25 мај во Истанбул.



Слични вести