Балканска агенда 21/2016

Митолошките корења и националниот идентитет на Балканот: Примерот со Македонија

497084
Балканска агенда 21/2016

Владата на Република Македонија продолжува да му придава нов лик и изглед на центарот на главниот град Скопје. Со градбите кои што се градат, работите за обнова на старите градби и со изградба на различни џиновски статуи речиси се настојува на центарот на Скопје да му се придаде лик на антички град. Статуа која што привлекува најголемо внимание меѓу сите оние џиновски статуи е статуата на Александар Велики. Еден дел од народот се противи на трошењето на големи суми пари за овие џиновски статуи во земјата во која процентот на невработеност изнесува над 27-отсто. Грците пак кои Александар Велики го сметаат за свој предок овие активности на Македонија ги оценуваат за провоцирачки.

При пишување на историјата на Балканските земји продолжувањето на своите етнички корења до античкиот период е претворено во прашање на углед. Со воспоставување врска со митолошките корења се настојува да му се придаде чист историски континуитет на националниот идентитет. Меѓутоа поради тоа што на Балканот владееле различни империи биле подложени на низа прекини и државите на Балканските народи и нивните идентитети поврзани со постоењето на државата. Грчките историчари се предводници во трката за присвојување на античкото наследство. Имено модерните Грци тврдат дека античкото хелинистичко наследство целосно им припаѓаат ним. Затоа Грција долги години како се противи на користењето на името „Македонија“ од страна на нејзиниот северен сосед, инаку име кое го смета за свое историско наследство.

Кај Република Македонија пак поаѓајќи од вистината дека демографската структура на античката држава Македонија не била хомогена од етнички и културен аспект постојат обиди за продолжување на корењата на денешната македонска нација до античка Македонија. Со други зборови кажано денешните македонски историчари се обидуваат да ги докажат историските врски меѓу античката држава на Александар Велики, Цар Самоил од средновековните балкански владетели и денешна модерна Македонија. Во последните години пак најголемата поддршка на македонските историчари пристигнува од Никола Груевски кој приближно 10 години се наоѓа на власт во Македонија. Владата на Груевски освен тоа што во центарот на Скопје изгради џиновски статуи на Александар Велики и Цар Самоил кои се сметаат и за национални јунаци на земјата, истовремено имињата на овие двајца владетели од минатото им ги даде на аеродромот во Скопје, на патишта и на училишта во земјата.

Цар Самоил од аспект на Бугарите е еден од бугарските владетели во бугарската историја. Затоа Бугарите се вознемирени поради тоа што Цар Самоил се прикажува како македонски историски јунак. Властите во Софија во последно време оваа своја вознемиреност ја изнесуваат и со закани во однос на тоа дека ќе стават вето на членството на Македонија во ЕУ. Од друга страна тоа што Македонија го присвојува Александар Велики доведува до доста големо незадоволство кај Грција. Грците во основа владата на Груевски ја обвинуваат за обид за вештачко создавање на новата историја на македонската нација. Згора на тоа поради тоа што Македонија не може да го реши проблемот со името во правец на своите тези Грција долги години го блокира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. На тој начин Македонија чиј процес на пристапување во Евроатлантските институции речиси е сопрен наместо да се интензивира на раформите во последните години повеќе е интензивирана на изградбата на џиновски статуи низ Скопје.

Всушност и некои македонски интелектуалци признаваат дека македонската влада се обидува да го реформира македонскиот етнички идентитет и дека со таа цел се обидува да го измени ликот на главниот град Скопје. И навистина да се воспоставуваат историски врски меѓу античката држава на Александар Велики и денешна Македонија значи индиректно негирање на словенските корења на Македонците.

„Процесот за реформа“ на македонскиот етнички идентитет се поддржува од значаен дел од Македонците. Впрочем во оваа насока благодарение и на националистичките реторики Никола Груевски успева да ја продолжи својата власт. Во извештаите на институции или организации како што е Меѓународната кризна група повремено се привлекува внимание на тоа дека владата на Груевски го ескалира македонскиот национализам. Од друга страна еден национализам секогаш ги поттикнува и другите национализми. Во тие рамки Албанците и Турците во Македонија ја истакнуваат својата вознемиреност, а поради тоа што новиот изглед на центарот на Скопје не ги презентира нивните историски и културни вредности. Албанците и Турците изнесувајќи го како причина тоа што Македонија е мултинационална и мултикултурна држава бараат Скопје да го красат и статуи на нивни историски јунаци. На сличен начин наспроти изградбата на нова црква во центарот на Скопје се бара да биде изградена и нова џамија. Расправиите во оваа насока пак доведуваат до појава на случувања кои што повремено ги затегнуваат етничките односи во Македонија која на 13 август 2016 година ќе ја одбележи 15-годишнината од Охридскиот мировен договор.

 

Автор на програмата е Д-р Ерхан Турбедар



Слични вести