Балканска агенда 20/2016

Дали Турција и Балканот доволно се познаваат меѓусебно?

495709
Балканска агенда 20/2016

Кај Балканските земји постои недостаток од голема перцепција во врска со Турција. Особено во земјите од Западен Балкан има доста мал број на сериозни трудови во врска со Турција. Балканските земји со исклучок на Грција и делумно Бугарија кои порано не покажуваа било каква заинтересираност кон Турција во последните неколку години се обидуваат да ја научат Турција. Предрасудите и недостатокот од знаење во врска со Турција пак стануваат причина за грешки во однос на турската надворешна политика.

И покрај тоа што Турција своите историски односи со кои што располага со Балканските земји ги оценува позитивно, Балканските народи негативно ја перцепцираат заедничката историја за која станува збор. Некои националистички средини на Балканот се со тенденција на обвинување на Османлискиот период дури и за некои несреќни настани и грешки кои што се доживуваат денеска во нивните земји. Особено по Балканските војни во 1912 и 1913 година во Балканските земји беа создадени нови општествени мемории и на тој начин луѓето од регионот почнаа да се сеќаваат на минатото на невистинит начин. Дури и денеска во историските книги во Балканските земји Османлискиот период продолжува да се прикажува како мрачен период. Во последните години паралелно со тоа што пак Турција почна да делува подинамично на Балканот во регионот почнаа да заживуваат и предрасудите кон Турција.

Во Република Српска која зазема 49-отсто од териториите на државата Босна и Херцеговина се наоѓаат најсериозните предрасуди и недоволност од знаења во врска со Турција. Имено најрадикалните критикувања кон турската надворешна политика доаѓаат од ентитетот Република Српска. Раководителите, политичарите и интелектуалните средини на овој ентитет во секоја прилика се обидуваат да ја прикажат Турција како земја која се подготвува тајно да завладее со Балканот. Но освен тоа што Турција нема никакви претензии во оваа насока, не е ниту можно да се стори нешто такво. Меѓутоа оваа состојба не ја променува вистината во однос на тоа дека кај Република Српска постои сериозна Туркофобија.

За поголемиот дел од населението на Балканот да се следат Турција и нејзината надворешна политика не претставува приоритет. Од аспект на овие луѓе она што се начинот на однесување и делувањата на турските институции во Балканските земји за нив тоа е и Турција. Оваа состојба покажува дека не е ниту малку лесна работата на претставниците на турските институции на Балканот и дека тие својата задача и должност треба да ја исполнуваат на начин кој што ќе биде најповолен кон чувствителностите на земјите во кои се наоѓаат на задача. Исто така и ветувањата кои што ги даваат некои турски граѓани за време на нивната посета на регионот можат да ги остават во незавидна положба турските претставници на Балканот. Оние кои и покрај тоа што немаат одредена надлежност шетаат по Балканските земји како да се претставници на Турција тогаш кога ќе дадат неодржливи ветувања можат да станат причина Турција да се споменува или перцепцира и како земја која не го одржува својот збор во регионот.

Може да се рече дека проблемот на недостаток од знаење или информации на оската Турција-Балканот е взаемен. Со други зборови кажано се преиспитува и тоа колку Турција го познава Балканот. Турците во основа на распространет начин на  Балканот кој што инаку денеска е целосно изменет се сеќава од фотографиите останати од Османлискиот период. Затоа при први посети на регионот она што ќе се види може да изгледа и многу различно од она што се очекува да се види.

Освен еден или два извори во последните години печатените турски медиуми во основа се однесуваат како и да не се премногу заинтересирани кон Балканот. Од друга страна на водечките турски телевизиски канали постепено стануваат се поретки дискусиите во живо во врска со Балканот.

Кога ќе се испита преку базата на податоци во склопот на Советот за Високо образование (ЈОК) може да се установи дека постои извесно намалување во магистерските тези и докторските дисертации подготвени во врска со Балканот. Имено во периодот од 2008 до 2010 година на универзитетите во Турција беше доживеано намалување од околу 54-отсто во подготвените магистерски тези и докторски дисертации во врска со Балканот. Во тие рамки заедно со тоа што на Балканот е влезено во еден релативно помирен период може да се констатира дека почна да се намалува академската заинтересираност кон овој регион и дека веројатно заинтересираноста е поместена кон други региони.

Турција нема никакви очекувања од сите Балкански земји освен да стане нивен добар пријател. Но и покрај тоа Турција не може доволно да се афирмира и да се претстави себе си пред Балканските земји. Ќе биде полезно да се направи едно сеопфатно истражување во врска со тоа што се би можело да се направи по ова прашање. Тинк тенк организациите и универзитетите во Турција и Балканските земји со еден заеднички труд би можеле да бидат предводници во една ваква иницијатива.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести