Нова турска визија 20/2016

Турција е една од малиот број земји која невработеноста ја решава со себесвојствени методи и техники

523925
Нова турска визија 20/2016

Денеска едниот од најсериозните проблеми со кој се соочува модерниот свет е вработувањето. Невработеноста постои речиси во земјите од сите категории. Таа претставува сериозен општествен проблем во неразвиените земји, земјите во развој и во развиените земји. Невработеноста во развиените земји изнесува просечно околу 5-отсто, во земјите во развој 10-отсто, а во неразвиените земји се движи некаде од 10 до 30-отсто.

Турција и покрај тоа што во суштина е земја која располага со многубројно население и мошне ограничени можности Таа е земја со релативно низок процент на невработеност. Турција е една од малиот број земји која невработеноста ја решава со себесвојствени методи и техники.

За решавање на проблемот со невработеноста би можело да се говори за два макро проекти. Првиот се работите за обучување на квалификувана работна сила кои што ги водат локалните управи, а вториот е поддршката за вработување која се дава од страна на институцијата за вработување.

На ова би можеле да ги додадеме и можностите кои што им се обезбедуваат на производителите во областите каде што се поттикнуваат инвестирањата. Во овој случај стануваме сведоци на тоа дека овој проблем кој што се забележува во целиот светот може да се одржува на прифатливо ниво во Турција.

Општините, а особено локалните самоуправи на Истанбул и Анкара со организирање на курсеви за стручна обука реализираат значајни работи со кои што се обезбедува квалификувана работна сила од која пак имаат потреба денешните сектори.

Се организираат програми за обука со кои што лицата се стекнуваат со различни струки, умешност и знаење во различни сфери и на тој начин се зголемуваат можностите тие лица да најдат и работа.

И навистина од мошне витално значење е човекот да умее да се бави или да располага со способност да извршува одредена работа или струка.

На тоа му се придава големо значење во Анадолија така да постои и една мошне распространета приказна за која се знае и во која му се придава големо значење по ова прашање во Анадолија.

Голем број локални управи во Анадолија ги учат луѓето на занает и на одредена квалификација.

Овие и слични културни динамики пак кои што се незабележливи во податоците на макро ниво, но чие влијание е големо го урамнотежуваат процентот на невработеност во Турција и ја прават економијата силна.

 

Тоа беше коментарот на проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Каратај во Конја



Слични вести