Раскажи ми за Исламот 19 / 2016

Ноќта Мирач е ноќ кога нашиот сакан Пејгамбер (сав) од Мека пристигнал во Ерусалим а оттаму се возвишил кон небото и се појавил пред Семоќниот Аллах

493974
Раскажи ми за Исламот 19 / 2016

Денес ќе говориме за значењето на Ноќта Мирач и нејзините подароци за верниците.

Ноќта Мирач е ноќ кога нашиот сакан Пејгамбер (сав) од Мека пристигнал во Ерусалим а оттаму се возвишил кон небото и се појавил пред Семоќниот Аллах. За овој настан во светата книга Курани Ќерим се употребува зборот Исра-ноќно патување, а во хадисите зборот ми’раџ- вознесение , кревање кон небото.

Ноќта Мираџ е најавена како во Курани Ќерим така и во сите хадиси и нивните извори. Според исламски извори настанот се случил на следниот начин: На покана на Семоќниот Аллах нашиот сакан Пејгамбер (сав) ноќта на 27 Реџеб, предводен од страна на ангелот Џебраил и качен на коњот Бурак тргнал кон Мека и пристигнал во џамијата Месџиди  Харам, а потоа во џамијата Месџиди Акса во Ерусалим за конечно да се појави пред Семоќниот Аллах. Муслиманите свесни за значењето на оваа ноќ, ја празнуваат секоја година како Ноќ на Кандил,Ноќ на Мираџ.

Оваа ноќ  претставува едно од најголемите чуда на нашиот Пејгамбер(сав ).Во знак на благодарност кон својот верен,чесен и горделив роб Хазрети Пејгамбер, Аллах го благословува со ова свето ноќно патување- вознесување. За овој настан во Курани Ќерим се истакнува следното:Со цел да му ги покажеме само неколкуте од нашите ајети, една ноќ го вознесовме нашиот верен роб Мухамед, првин до џамијата Месџиди Харам а потоа и до џамијата Месџиди Акса. Нема сомневање дека тој е тој што слуша се  и гледа се.

Според хадисите за кои станува збор во исламските извори, Пејгамберот Мухамед (сав) паднал во тешка душевна состојба особено после смртта на својата сакана сопруга и сопатник Хазрети Ајше а нешто потоа и по смртта на  неговиот стрико Ебу Талиб. Толку му било тешко што не можел да дише во Мека. Ангелот Џебраил го подготвил за ова метафизичко ноќно патување .Џебраил првин му ги распорил градите на Мухамед (сав) ги измил со светата Земзем водичка и ги наполнил со правдина и вера. Потоа Мухамед во придружба на ангелот Џебраил тргнал на ова ноќно патување.

Како што детално се опишува ова патување во хадисите, Мухамед (сав) првин пристигна во Бејти Макдис во Ерусалим каде клањал два реќати намаз. Потоа пак се возвишил кон небото  и на секој кат од небото составено од вкупно 7 ката се сретнал со по еден Пејгамбер. На крајот од патувањето Хазрети Пејгамберот се појавува пред Семоќниот Аллах кој на директен начин му издава неколку наредби и го наградува со неколку награди.

Постојат низа дилеми околу тоа дали Хазрети Пејгамберот (сав) Ноќта на Мираџ го видел Семоќниот Аллах или не. Од хадисите е очигледно дека за тоа многу се расправало во првите периоди од Исламот. Познато е на пример дека еден од видните личности Ебу Зер го запрашал Пејгамберот дали го видел Создателот на што тој одговорил дека Аллах е светлина, како можам да го видам. И сопругата на Хазрети Мухамед (сав) Хазрети Ајше која исто како него била позната по својата мудрост и знаење за тоа еднаш рекла: Секој оној кој што ќе рече дека Мухамед го видел Создателот ,тој лаже, бидејќи Аллах е невидлив,но тој гледа се.

Хазрети Пејгамберот поминува мошне тежок период во Мека,така да тој на Ноќта Мираџ дознал дека не е сам и осамен. Семоќниот Аллах го удостојува Пејгамберот Мухамед (сав) со голем број подароци, му наредува намазот од 50 пати на ден се сведе на само 5 пати .И покрај тоа што намазот се свел на 5 пати во денот неговото значење останало исто, на 50 пати во текот на еден ден.

Освен тоа Аллах најавил дека ќе им бидат простени гревовите на верниците кои не починиле големи злодела.

Ноќното патување на Хазрети Пејгамберот (сав) му дошло како лек на неговата ранета душа. Освен тоа на Ноќта Мираџ сите муслимани кои клањаат намаз се повикуваат да го достигнат нивото на Аллах. Тахијат, израз кој што се изговара за време на намаз всушност претставува поздравување на верникот со Аллах. Со изговарање на Тахијатот муслиманите пред своите очи го оживотворуваат ноќното патување на Ноќта Мираџ.



Слични вести