Подадената рака на Турција 19/2016

Турција не ги заборави глувонемите деца во Гана

493572
Подадената рака на Турција 19/2016

Светот стотици години ја експлоатираше Гана која инаку е позната и како „Златен брег“. Турција пак ги израдува децата со мана на говорот и слухот во еден дом за сираци во Гана. Кусата историја на Гана и приодот на Турција кон оваа земја ви ги пренесуваме од Селахаттин Бостан, советникот за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај, кој вели:

Африка и покрај тоа што се состои од земји составени од различни етнички групи таа располага со заедничка меморија. Спротивно на останатите континенти во Африка и тагата и радоста се шират многу брзо. Ионака кога ќе се погледне од погледот на Западот зарем секој црнец и не е Африканец? Ние Западњаците или поразвиените народи во повеќе случаи  сметаме дека е бесмислено дури и да се осврнеме на разликата меѓу Африканците. Тие во очите на сите нас се исти.

Во пладневните часови во еден топол ден под едното од малкуте дрвја во областа Дарфур во Судан се сеќавам на разговорот што го водевме со валијата на Дарфур на кого неколкумина во групата меѓу кои бев и јас му рековме: „Во вашата земја има толку многу подземни извори, има нафта. Ако се вадат тие нема да ги доживувате овие проблеми кои што ги доживувате сега.“ Одговорот на валијата ја одразуваше онаа заедничка меморија на Африка.

Рече: „Ако почнат да се преработуваат тие извори кон оваа наша сиромаштија ќе се надодаде и граѓанска војна. Сега сме само сиромашни. Тогаш ќе бидеме приморени и да војуваме и против нашите браќа.“ Животот се одвиваше како што кажа и валијата на Дарфур. Модерните држави дојдоа и ги насочија своите погледи кон рудите на Дарфур. Беше доживеан долг период на војна и Судан и Дарфур се одделија.

Африканците во Гана ја формираа првата империја на континентот. Во племиња го продолжија своето постоење во мир со традициите кои што ги донесоа од минатото се додека да ги воспостават своите први контакти со Европејците. На бреговите на Гана најпрвин дојдоа Португалците, а по нив следеа останатите европски колонизаторски држави. На жителите на Гана им дадоа оружје, а за возврат им го зедоа златото. Гана е една од земјите кои располагаат со најголеми лежишта на злато во светот. Британците на Гана и го дадоа името „Златен брег“. Оваа земја долго време на запад беше позната по ова име. Гана која е покриена со дождовни шуми и освен со драгоцени руди и со земја погодна за земјоделство стотици години беше експлоатирана. Кон средината на 20-от век пак кога веќе не беше можно оваа експлоатација да продолжи како порано Гана стана првата црнечка држава во Африка која ја прогласи својата независност. Меѓутоа експлоататорите повторно не ја оставија на мир Гана. Земјата која во 1950-сетите години ја прогласи својата независност речиси на секои 5 години се соочи со воени удари. Стабилноста во Гана делумно се воспостави во 2000-дитите години и сега во оваа земја во западна Африка живеат 25 милиони луѓе. Економските показатели секоја година макар и малку се подобруваат, но националниот доход на лице во земјата е некаде околу 1.500 долари. Основните потреби за живот како што се здравството и образованието се одржуваат на нозе со помошта која што се доставува од страна на меѓународните хуманитарни организации. Срмтните случаи кај децата сеуште се на високо ниво. Треската сеуште продолжува да одзема животи. Трајните болести кај децата сеуште продолжуваат. Меѓународните хуманитарни организации со парите кои што ги донесуваат најпрвин за себе градат работни места кои личат на тврдини. Вработуваат персонал кој ќе ги штити тие тврдини. Купуваат луксузни теренски возила кои што нема да останат на пат. Само парите кои што ќе останат од овие трошоци се користат за сиромашните Африканци.

Ете овде стапува во акција изразот „Турски начин на помош“ кој што веќе е внесен и во јазикот или литературата за доставување помош во светот. Турските официјални институции за доставување хуманитарна помош или граѓански организации кои делуваат во Турција не ги прават горенаведените луксузни трошоци. Во земјата во која одат живеат меѓу обичниот народ и користат возила кои што се користат и од страна на тамошното население.

По онаа задоцнета заинтересираност на Турција кон Африка во изминатите месеци со претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и во негова придружба со неговата сопруга Емине Ердоган и група бизнисмени ја посетивме Гана.

Додека претседателот Ердоган и делегацијата составена од бизнисмени остваруваа разговори Емине Ердоган посети еден дом за сираци кој пак како да ги носеше трагите на стотици годишниот колонијализам. Но овој дом за сираци имаше и една друга своја поразлична страна. Во домот имаше 80 глувонеми деца од 4 до 12 годишна возраст. Децата со мана на говорот и слухот во придружба на музика се претставија со традиционални танци пред сопругата на претседателот Ердоган, Емине Ердоган и гостите. Оваа врата на танц пак за нив ја отворила една турска хуманитарна организација. Турската агенција за соработка и координација ТИКА отишла таму и го нашла овој дом за сираци. За овдешните 80 глувонеми деца со себе донела апарати за слушање чија пак цена и не била толку многу висока. Така со помош на овие апарати некои деца дури беа почнале да слушаат и поврзано и со тоа и да зборуваат. Иста можност постоеше и за поголемиот дел од останатите деца. ТИКА ги носеше на лекарска контрола и трагаше по погодни уреди за слушање за нив. Во оваа прилика госпоѓа Емине Ердоган своите надежи во врска со иднината на Гана ги изнесе со следните зборови: „Јас имам целосна верба во тоа дека откако Гана ќе ги искористи правилно своето младо население и својот богат потенцијал ќе се роди повторно од својата пепел.“

И Гана исто како и нашата земја во своите гени ја носи коренитата култура на една империја. И покрај што за извесно време е „соборена“ од страна на експлоататорите повторното раѓање се наоѓа во нејзините гени. Доволно е само во овие денови да и се помогне и да и се даде поддршка од страна на една пријателска рака. Таа пријателска рака ќе биде Турција која застанува во одбрана и ги надгледува дури и глувонемите деца на оваа западноафриканска земја. Турција исто како во цела Африка и во Гана ќе го посее семето на братството. Како што прави и сега...

Тоа беше коментарот на Селахаттин Бостан, советникот за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај посветен на активностите за помош кои што ги води Турција која во Гана им обезбеди повторно да слушаат децата со мани на говорот и слухот во обаа западноафриканска земја.



Слични вести