Балканска агенда 19/2016

Наново отворена за обред џамијата Ферхадије во Босна и Херцеговина

491394
Балканска агенда 19/2016

Џамијата Ферхадије во градот Бања Лука во Босна и Херцеговина на 7 мај во сабота беше наново отворена за обред во придружба на пораки за мир, заедништво и толеранција. Џамијата чија повторна изградба траеше 15 години беше срушена на 7 мај во 1993 година од страна на боанските Срби кои се обидоа да ги избришат муслиманските траги во регионот. Безбедноста на церемонијата на свеченото отворање на џамијата Фархадије ја обезбедуваа приближно 1.000 полицајци со придонесите на сите институции за безбедност на Босна и Херцеговина. Муфтијата на Бања Лука Осман Козлиќ се надева дека отворањето на џамијата Ферхадије ќе го охрабри враќањето на Бошњаците во овој град.

Беше 1992 година. Година кога почнаа да се раѓаат мрачните утра во Босна и Херцеговина, кога ноќната тишина ја нарушуваа крикови и година кога почна да зборува оружјето. Година кога надежите на Босна и Херцеговина, земјата на меѓусебната доверба и почитта се преобразија во земја на гнев, глад, измачувања и убиства. Година кога во Босна и Херцеговина започна еден кошмар кој што ќе траеше долго и на кој светот ќе останеше посматрач.

Кон крајот на 1992 година беа завршени повеќето од масакрите врз Бошњаците. Откако оние кои не беа Срби беа исчистени од етнички аспект од две третини од териториите на Босна и Херцеговина една од главните цели беше да се уништат сите културни вредности кои го одразуваа муслиманскиот идентитет. Така во текот на војната во Босна и Херцеговина беа разрушени и запалени повеќе од 1.200 џамии, месџиди и текиња.

Џамијата Ферхадије која беше изградена во 1579 година од страна на Соколлу Ферхат Паша беше едната од највпечатливите архитектонски градби на Османлиската држава. Оваа џамија која и покрај сите тешкотии на времето, пожарите, земјотресите, па дури и двете светски војни успеа да се одржи на нозе во текот на цели 414 години, на 7 мај во 1992 година беше минирана. И покрај тоа што Бања Лука не беше директно подложена на влијанијата на воените дејствија во периодот од април до септември во 1993 година точно 16 џамии во овој град беа планирано срушени. И покрај тоа што тогашните српски локални власти ја обезбедија логистичката поддршка за рушење и палење на џамиите во Бања Лука се до денеска не е побарано било каква сметка од виновните.

Џамијата Ферхадије во Бања Лука во 1950 година најпрвин беше заведена во списокот на културното наследство на Босна и Херцеговина, а веднаш потоа и во списокот на Светското наследство на УНЕСКО. 7 мај пак датумот кога беше срушена џамијата Ферхадије од страна на Исламската заедница на Босна и Херцеговина беше прогласен за „Ден на џамии“.

Џамијата Ферхадије во 2001 година почна да се гради нанови согласно нејзиниот оригинален начин и изглед. Поради нападот на српските националисти не можеше да се одржи церемонија за започнување на изградбата. Беа собрани 65-отсто од оригиналните камења и џамијата Ферхадије беше наново изградена. Изградбата кошташе приближно 5 милиони евра, а едниот од најголемите финансиери беше Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Градбените активности кои што поради недостаток од финансиски средства извесно време беа дојдени до точка на застој во 2014 година со поддршка на ТИКА беа повторно забрзани.

Изградбата наново на срушените, запалените и оштетените џамии во Бања Лука онолку колку што е значајно од аспект на заштитата на делата за обред и архитектонските дела, толку е значајно и од аспект на повторното воспоставување на историската врска помеѓу минатото и иднината и повторното стекнување на Бања Лука со оној нејзин мултикултурен идентитет. Само една таква Бања Лука ќе може да ги опфати и прегрнува сите нејзини жители независно од нивниот етнички и верски идентитет, како што беше во периодот пред војната.

За да се стекне Бања Лука со оној нејзин изглед пред војната е значајно и од аспект на мултиетничката и мултикултурната иднина на Босна и Херцеговина.

Меѓутоа за жал верските објекти во оваа земја секоја година и понатаму се изложени на десетици напади. Се уште не е избришана од умовите онаа омраза која што станува причина за рушење, палење и напаѓање на џамиите во Бања Лука. Така и денеска доаѓа до напади и акти на непочитување на џамиите кои што се градат наново со големи напори, самопожртвуваност и големи материјални средства. Како што е регистрирано од страна на Исламската заедница на Босна и Херцеговина причина за нападите врз џамиите во основа стануваат острите исламофобични изјави на српските политички лидери.

Оваа состојба во одредена мера укажува на тоа дека политичката волја во ентитетот на Република Српска во Босна и Херцеговина претпочита оваа земја да остане поделена на хомогени области од етнички аспект. Овој начин на приод пак продолжува да создава и да ја задржува онаа омраза меѓу соседите, другарите, па дури и меѓу роднините во Босна и Херцеговина.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести