Нова турска визија 19/2016

Разликите во светот вон тоа што будат или предизвикуваат една интелектуална заинтересираност се преобразени во факт со кој што би можеле да се бавиме секојдневно и Турција е земја која би можела да го даде нејзиниот придонес кон овој нов свет

488274
Нова турска визија 19/2016

Според едно распространето верување познатиот руски романсиер Лев Толстој за време на своето детство додека си играл со своите браќа исчезнувал од вид. Причината за тоа пак било тоа што заостанувал назад додека трчал. На своите браќа кои биле загрижени за него им велел „Јас не се изгубив, ја барам зелената гранка“.

Зелената гранка за Толстој беше магија која ќе го спаси човештвото и ќе му подари радост и мир. Ете тој сакаше да го најде овој волшебен стап. Ја бараше можноста за живот во усогласеност како филозоф кој вложува напор за судбината и иднината на човештвото.

И покрај тоа што се појавуваат услови кои што го принудуваат човекот на заеднички живот човекот е општествено суштество. Да се живее заедно всушност претставува природна состојба. Меѓутоа модерните времиња тоа го прават и задолжително. Доколку на заедничкото живеење, односно соживотот гледате како на природна состојба никого не можеше да го отуѓувате. Меѓутоа доколку тоа го оценувате како неопходност однесувањата можат да бидат поразлични. Овде стапува чувството на трпење. Моите чувства кон некого кого сум приниден да го трпам и да бидам заедно со некого кој потекнува од иста суштина како мене и ме надополнува се целосно различни прашања едно од друго.

Националните држави го довеле во сувереност политичкиот механизам кој што предвидува приморени политички заедништва во историјата. Политичките градби кои што се формирани над колективната свест само на одредени етнички градби му нанесоа големи болки на човештвото. Откако почна да пушта корења национализмот пак стана невозможно да се дефинира „другиот“ од една сфера надвор од етницитетот. Затоа секој политички проект е приморен да води грижа за да се изнајде соодветно решение на етничките проблеми.

Заедничкото живеење претставува уметност. Тоа е проект кој што би можел да го оствари политиката. Првиот чекор за постигнување на оваа можност пак почнува со враќање на човекот кон самиот себе си, кон своето битие. Во моментот кога човекот го допира другиот се забележува себе си.

Не се знае дали Толстој ја пронашол магијата за која говоревме на почетокот , меѓутоа она што се знае е тоа дека денеска постои поголема потреба од оваа магија од било кога досега. А бидејќи тоа во светот на глобализација станува причина за униформизација и и покрај тоа што на изглед како да ги зближува луѓето ги заострува и разликите во комуникацијата. Разликите кои што ги има во светот вон тоа што будат или предизвикуваат една интелектуална заинтересираност се преобразени во факт со кој што би можеле да се бавиме секојдневно.

Турција е земја која би можела да го даде нејзиниот придонес кон овој нов свет и тоа и со нејзиното историско наследство и со нејзината визија.

Турција располага со малку поразлична градба од плурализмот кој што се согледува во денешниот модерен свет. Денеска значаен дел од земјите кои во себе содржат различности се стекнале со овие свои градби по миграцијата до која дошло заедно со индустријализацијата. Од друга страна пак Турција располага со градба која што историски ги содржи во себе различностите.

 

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Каратај во Конја



Слични вести