Раскажи ми за Исламот 17 / 2016

Товбе- барање покајување,прошка од Аллах за гревовите.

486521
Раскажи ми за Исламот 17 / 2016

Гревот според исламското учење претставува непочитување на Алааховите наредби и забрани. Нашиот сакан Пејгамбер за гревот има речено : гревот е чувство кое го распара духот и телото на човекот што никој не го сака. Товбето-покајанието пак значи враќање кон Аллах. Ако муслиманот се покае за намерно или ненамерно сторените гревови и ако пак се врати кон Аллах со ветување дека нема да ги повтори тој вели товбе-се покајувам.

Исламската религија проповеда дека човекот не се раѓа грешен но дека може да прави грев,така да Исламот го учи човекот  како да се заштити од правење грев и како да се спаси од таа лоша мисла или намера. Скоро е неможно човекот да е безгрешен така да вистинска доблест претставува  покајувањето поради сторениот грев. За тоа нашиот Пејгамбер (сав) има кажано:сите луѓе се грешни, но најдобриот грев е покајувањето. Ако човекот се покае за сторениот грев тоа ќе се смета како да воопшто не грешел.

Во еден друг хадис Пејгамберот (сав) има речено : ако вие немавте направено грев тогаш Аллах ќе направеше вие да исчезнете и наместо вас ќе поставеше свои робови кои се покајале заради сторениот грев. Покајувањето е патот по кој грешниот си ја чисти душата од сторените гревови. Семоќниот Аллах за тоа има наредено: Еј вие верници, сите заедно барајте покајување од Аллах за да можете да напредувате.

Семоќниот Аллах сосема ја има отворено  вратата на покајувањето, независно од тоа колку е голем гревот на верникот Аллах му простува на својот роб кој бара покајување од него. Во светата книга Курани Ќерим за тоа пишува: Еј вие мои робови кои одите на своја штета, не губете ја надежта во Аллаховата милост. Секако дека Аллах ги простува сите гревови,бидејќи тој е милосрден и простува. Ете токму заради тоа Муслиманот не ја губи надежта дека Аллах ќе му ги прости гревовите.

Во Курани Ќерим Аллах има најавено дека ќе има милост кон своите грешни робови кои барале покајување од него и дека ќе ги сака. Освен тоа има најавено дека ќе им бидат простени малите гревови на оние негови робови кои се плашат да направат големи гревови. Аллах наредува: Ако се плашите од правење големи гревови кои што се забранети, ќе ги покриеме вашите помали гревови и ќе ве поставиме на почесно место.

Според тоа  покајувањето претставува обавеза моралност за секој муслиман. Исламските учени луѓе проповедале дека покајувањето е задолжително за секој муслиман. За покајување нема потреба од посредник. Исто така покајувањето нема посебно место или посебен простор. Човекот без да губи време и пред судниот час треба да се покае и да бара прошка од Аллах, бидејќи покајувањето направено во последниот здив не се смета за важечко.

Според исламското верување покајувањето се дели на два дела,покајување пред Аллах и покајување пред аллаховиот роб-верникот. За верникот да бара покајување од Аллах тој треба првин да се покае заради сторениот грев и да изрази спремност и решителност да не го повтори истиот грев, додека за покајување пред друг верник важи истото плус да се врати бесправно одземеното право на другиот верник и да се бара прошка од него заради сторениот грев.

Гревот има хуман карактер и претставува лошо дело за секој Муслиман ,дело што ја валка неговата чест. Хазрети Пејгамберот за тоа има кажано : Кога верникот ќе ја греши душата се појавува една црна флека во неговото срце. Тој тогаш бара прошка од Аллах и ако се покае црната флека во неговото срце ќе исчезне, и обратно ако греши се повеќе ,се повеќе ќе се зголеми и црната флека во неговото срце.

За покајувањето нема потреба од определен простор и време, но Исламот проповеда дека покајувањето полесно ќе биде прифатено доколку се побара во деновите како што е рамазан кога се пости,потоа кога се клања намаз, кога се дава зеќат, или кога се прават  добри дела во име на Аллах. Освен тоа покајувањето исто така ќе биде повеќе прифатено ако се прави во светите муслимански места и светилишта како што е Ќабата, месџидот на Хазрети Пејгамберот (сав) и друго.

За покајувањето да биде искрено муслиманот верник пред се треба да биде искрен со самиот себеси и да се соочи со сопствената совест. Со искреното покајување верникот станува поблизок до Аллах, се зајакнува неговата вера, повторно се фаќа поцврсто за животот и уште повеќе се зацврстува неговата надеж.



Слични вести