Балканска агенда 18/2016

Прашања кои што се појавија на преден план за време на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Хрватска

485799
Балканска агенда 18/2016

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на покана на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на 26 и 27 април престојуваше во официјална посета на Загреб.  Претседателот Ердоган за време на оваа посета беше придружуван од својата сопруга Емине Ердоган, неколкумина министри, високи функционери и бизнисмени. Притоа Ердоган подвлече дека Хрватска се смета за добар сосед и искрен пријател, а во рамките на своите остварени средби и разговори размени мислења во однос на билатерални, регионални и глобални прашања. Освен тоа претседателот Ердоган учествуваше и на Турско-хрватскиот бизнис форум и на манифестацијата по повод 100-годишнината од прифаќањто на исламот како религија со ист статус како и другите религии во Хрватска. Ердоган во рамките на својата посета на Хрватска свечено го отвори и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Загреб кој беше изграден од страна на Институтот Јунус Емре.

Хрватска е земја членка на ЕУ која одблизу е заинтересирана за случувањата во Турција и им придава значење на своите односи со Анкара. Пријателската врска која што беше воспоставена во првата половина на 1990-сетите години помеѓу тогашниот претседател покојниот Сулејман Демирел и хрватскиот претседател Фрањо Туџман ги постави цврстите темели за зближување на двете земји и во наредните години. Турција и Хрватска кои за стануваат во одбрана на слични ставови во однос на голем број прашања и и придаваат значење на одбраната на мирот и стабилноста на Балканот со остварување на редовни обострани посети на високо ниво 25 години како вложуваат напори за развивање на своите пријателски односи.

Турција и Хрватска на ист датум ги започнаа и преговорите за членство во ЕУ. Меѓутоа и покрај тоа што се напредуваше кон иста цел на патот на Хрватска што се отвораше кон ЕУ постоеја помал број на препреки. Во точката до која што е дојдено Хрватска е спремна за споделување со Турција на своите искуства со кои што е стекната по прашањето на преговорите за пристапување кон ЕУ и се наоѓа меѓу земјите членки кои искрено го поддржуваат членството на Турција во Унијата.

На остварената посета на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на Хрватска и двете земји и придадоа специјално значење. Имено во делегацијата во придружба на претседателот Ердоган се наоѓаа потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган, министерот за правда Бекир Боздаг, министерот за ЕУ Волкан Бозкир, министерот за економија Мустафа Елиташ, министерот за култура и туризам Махир Унал, потсекретарот на министерството за надворешни работи Феридун Синирлиоглу и приближно 90 туски бизнисмени, така што тоа е јасен одраз на значењето кое што и го придава Турција на Хрватска. Во хрватските медиуми беше привлечено внимание дека претседателот Ердоган е прв лидер кој допатува во официјална посета на Хрватска со толку бројна делегација. Од друга страна специјалните безбедносни мерки кои што беа преземени, големата заинтересираност на хрватските медиуми и дочекот со највисоки државни церемонии на претседателот Ердоган беше показател за значењето кое што Загреб и го придава на оваа посета.

Во врска со посетата на претседателот Ердоган на Загреб во хрватските медиуми на преден план се појавија три прашања. Првото прашање на кое што Хрватска и придава најголемо значење во односите со Турција беше економијата. Бруто домашниот доход на Хрватска во периодот од 2009 до 2014 година реално се стесни просечно од околу 2,2-отсто. За да би бил одржлив во среднорочен и долгорочен период бруто домашниот производ кој што во 2015 година година порасна за 1,5-отсто пак Хрватска е приморена да ги развие своите економски и трговски односи со останатите земји.

За време на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Хрватска и двете страни ставија посебен акцент на значењето на развојот на меѓусебните економски односи. Според податоците на Турскиот институт за статистика (ТУИК) за 2015 година, обемот на трговската соработка помеѓу Турција и Хрватска е околу 355 милиони долари. Од друга страна согласно податоците на хрватската Централна банка вкупната вредност на директните турски инвестирања во Хрватска кои се интензивираат во туризмот, стопанисувањето со марини, здравствениот сектор, обновливата енергија и банкарскиот сектор изнесува 213,5 милиони евра. Кога кон оваа бројка ќе се додадат и турските инвестирања во Хрватска преку трети земји износот на инвестирањата на турските бизнисмени во Хрватска достигнува до 350 милиони евра. Бројот на хрватските туристи кои доаѓаат на одмор во Турција годишно изнесува приближно 30 илјади, додека за поттикнување на развојот на турскиот туризам во Хрватска Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се подготвува во наредните денови да ги започне и летовите Истанбул-Дубровник.

Според претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој говореше на Турско-хрватскиот бизнис форум во организација на Хрватската стопанска комора и Советот за надворешно економски односи (ДЕИК), билатералните трговски и економски односи заостануваат многу зад постоечките исклучителни односи помеѓу двете земји. Истакнувајќи дека се цели во обемот на трговската соработка да се достигне до бројката од една милијарда долари, Ердоган освен тоа што ги повика турските бизнисмени да реализираат поголеми инвестирања во Хрватска воедно обраќајќи им се на приближно 300 хрватски бизнисмени кои учествуваа на бизнис форумот укажа и на  предностите да се инвестира во Турција и на можностите за постоење на еден широк пазар. Впрочем Турција е значајна земја за Хрватска и тоа не само со нејзиниот широк пазар туку и од аспект на делување во трети земји.

Второ прашање кое што се појави на преден план во хрватските медиуми во врска со посетата на претседателот Ердоган на Хрватска е иднината на договорот за бегалците меѓу Турција и ЕУ. Официјален Загреб е свесен за тоа дека Турција одигрува значајна улога во стопирањето на војната во Сирија и изнаоѓањето решение за мигрантската криза поради што му посветува крајно големо значење на применувањето на договорот за бегалци меѓу Турција и ЕУ. Бидејќи ставот на Анкара по ова прашање ќе биде одлучувачки дали во иднина на вратите на Хрватска ќе навалат или нема да навалат илјадници мигранти.

Последно прашање на кое што му придава посебно значење Анкара меѓутоа кое наиде на помалку заинтересираност и најде помало место во хрватските медиуми беше зајакнувањето на тројниот механизам меѓу Турција, Хрватска и Босна и Херцеговина. Анкара која преку овој механизам се обидува да придонесе кон стабилната иднина на Босна и Херцеговина досега не можеше да најде доволна поддршка од Загреб. Во рамките на посетата на претседателот Ердоган пак хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ даде силни пораки во однос на тоа дека ќе води обиди за заживување на  овој троен механизам на соработка.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар

 



Слични вести