Балканска агенда 17/2016

Балканските економии даваат сигнали на заживување

483638
Балканска агенда 17/2016

На чело на прашањата кои најмногу ги запоседнуваат мислите на лидерите на Балканските земји несомнено се наоѓа економијата. Речиси сите Балкански земји ги бараат патиштата за спас од економската стагнација која што продолжува долги години. За да можат да продолжат процентите на позитивен раст во 2015 година пак земјите од регионот ќе треба да ги подобрат своите капацитети на производство и поврзано со тоа да го зголемат вработувањето. Меѓутоа во регионот не постои едногласност по прашањето на тоа како ќе се постигнат овие цели.

Балканските економии располагаат со градба која што е подложена на директно влијание на економските случувања во Европа. Затоа се додека Европа не излезе од економска стагнација неминовно на нејзино влијание директно ќе бидат подложени и Балканските земји. Според тоа што во наредните неколку години макар и во умемерна мера се очекува економско подобрување во ЕУ тоа преку надворешната трговија и банкарските канали би можело да се одрази позитивно и на растот во Балканските економии.

Од друга страна економската криза во Балканските земји е структурален проблем кој што го продолжува своето влијание и независно од општата економска стагнација во Европа. Едниот од основните проблеми со кои што денеска се соочуваат повеќето од Балканските земји е тоа што нивните извози не се доволно конкурентни. На тој начин се додека протокот на извозот ја продолжи својата виталност земјите во регионот ќе продолжат да се соочуваат со проблемот на дефицит во тековната сметка.   Освен дефицитот во тековната сметка кога ќе се надодаде и дефицитот на општествениот сектор кој што произлегува од општествените трошоци доаѓа до проблем на двоен дефицит. Излезот од економската криза пак ја налага потребата од олеснување на овој двоен дефицит.

Пред се спасот од економската стагнација освен одговорност, визија и долгорочни напори го налага и општествениот компромис. Овој компромис треба да ја прифати  вистината дека излезот од економската стагнација не би можел да се оствари на брз и лесен начин, а освен тоа треба да се потпира на свеста дека за подобро утро треба да се покаже пожртвуваност од денеска. Освен тоа политичарите наместо да следат политики за спасување на денот треба да делуваат со свеста со која ќе се цели кон високи стапки на раст во долгорочен период и со економски политики во согласност со вистините во своите земји. Меѓутоа политичките кризи во Балканските земји и предвремените избори кои што доста често се поставуваат на дневен ред ги оддалечуваат политичарите од долгорочни политики.

Невработеноста продолжува да останува како сериозен проблем во Балканските земји. На пример според податоците на Светската банка во периодот од 2010 до 2014 година просечната регистрирана стапка на невработеност во Косово изнесуваше 45-отсто, во Македонија 31-отсто, Босна и Херцеговина 28-отсто, Грција 24-отсто, Србија 20-отсто, Црна Гора 20-отсто, Хрватска 16-отсто, Албанија 15-отсто и Бугарија 12-отсто. Само Романија од регионалните земји со 7-отсто располагаше со едноцифрена стапка на невработеност. Високите стапки на невработеност тенденцијата на иселување на Балканот постојано ја држат жива. Се истакнува дека во Балканските земји освен иселувањето во странство, односно надворешната миграција е проширена и внатрешната миграција така што во главните градови се доживува големо натрупување на население.

Балканските земји треба да водат борба против невработеноста и тоа по пат на подобрување на условите на долгорочна работа и поттикнување на создавањето на услови за вработување. Во однос на ова прашање пак е од големо значење поттикнувањето на развојот на претпријатијата од мал и среден обем. Борбата против невработеноста ја налага потребата и од реформа во системот на образование. Имено системот на образование треба да создаде човечки капитал кој што ќе може да одговори на потребите на пазарот. Меѓутоа системот на образование во повеќето од Балканските земји со она нивно старо централистичко-планирање во повеќе случаи продолжува да создава армија на безработници кои се откинати од пазарот.

Овде би можело да се запраша дали додека од една страна се следат финансиски политики во правец на намалување на буџетскиот дефицит, од друга страна можат да се поттикнуваат производството и вработувањето. Тоа е можно доколку бидат искористени на рационален начин дури и најмалите можности во буџетот. Освен тоа Балканските земји можат да ги постават на оценување наново и своите природни извори и туристички можности со кои што располагаат и тоа на начин со обезбедување на свои нови извори на приходи.

Кај помали земји и земји со помала конкурентна сила во надворешната трговија како што е случај со Балканските земји, поттикнувањето на зголемувањето на производството претставува речиси задолжителна алтернатива. Доколку повеќе од производството се поттикнува побарувачката и локалното производство не одговора доволно на зголемената побарувачка овој процес би можел да резултира со пораст во увозот. Пред еден ваков развој пак проблемот со дефицитот на тековната сметка може да се зголеми уште повеќе.

Со зголемување на производството и вработувањето индиректно би можело да се обезбеди раст и во извозот. Меѓутоа наместо да се настојува да се продаваат поевтини стоки за извоз растот во извозот се реализира со конкурентни производи кои се поттикнуваат со иноваторски политики тоа би било покорисно. Секако дека во овој процес ќе треба да бидат продолжени и напорите во правец на привлекување на странски инвестиции, а бидејќи процентите на внатрешно штедење во Балканските земји се недоволни во поддршката на економскиот раст. Балканските земји се надеваат на фондовите на ЕУ во склопот на Берлинскиот процес и тоа особено по прашањето на подобрувањето на транспортната инфраструктура.

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести