Подадената рака на Турција 16/2016

ПРЕДЛОГОТ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЦРВЕНИТЕ ПОЛУМЕСЕЧИНИ ДОСТАВЕН НА САМИТОТ НА ИСЛАМСКИТЕ ЗЕМЈИ

478864
Подадената рака на Турција 16/2016

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на самитот на Организацијата за исламска соработка што се одржа во Истанбул предложи да се обединат сите хуманитарни организации Црвени полумесечини „Кизилај“. Разликата што ќе ја обезбеди овој предлог во доставувањето на хуманитарна помош ви ја пренесуваме со размислувањата и коменатарот на советникот за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај Селахаттин Бостан кој вели:       

Пред некаде околу две недели лидерите на исламските земји се состанаа во Истанбул. На самитот беше разговарано и за проблемите со кои што се соочува светот и она што би можеле да го направат исламските земји како решение на овие проблеми. Пред да се осврнеме на историските пораки што ги даде претседателот на Републиката Реџеп тајјип Ердоган на самитот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул ќе биде полезно најпрвин да се вратиме малку наназад.

Турција во 1999 година беше погодена од мошне силен земјотрес. Веднаш по земјотресот во кој беа погодени милиони луѓе 52 земји и испратија помош на Турција. Хуманитарните организации, Црвената полимесечина Кизилај или Црвениот крст на 52 земји се мобилизираа за санирање на раните. Некои земји донесоа модерни уреди за пребарување на затрупаните под рушевините. Ранетите беа лекувани во полски болници кои беа формирани од страна на западните хуманитарни организации Црвен крст. Чиста вода за пиење, основни потреби од храна, услови за привремено сместување им беа доставени на погодените од земјотресот од страна на западните земји. Турција доживеа голема траума. Хуманитарните организации во Турција ги направија своите самокритики. Најмногу самокритика направи хуманитарната организација на Турција Црвената полумесечина Кизилај.

Потоа поминаа некаде околу 15 години. Црвената полумесечина Кизилај која се обвинуваше за време на големиот земјотрес целосно се обнови од глава до петици. Ги обезбеди сите свои недостатоци, модерни системи за комуникација, полски кујни, модерни единици за обезбедување места за сместување. Наново ги обучи сите свои екипи и ги формира најискусните екипи за хуманитарна помош во светот

Почнувајќи од 2005 година пак Турција и нејзината хуманитарна организација турската Црвена полумесечина Кизилај која претходно добиваше помош од 52 земји  почна да му помага на светот. Во периодот од 2005 до 2015 година им беше доставена хуманитарна помош на 102 земји. Турската црвена полумесечина Кизилај од една страна ги санираше раните во Индонезија, а од друга во Пакистан. Во Африка не остана место каде што не отиде и земја на која не и ја подаде својата милостива рака. Се појави Кизилај која им отрча на помош на настраданите и на сите оние кои имаа потреба од помош во Сомалија, Чад, Етиопија, Кенија, на Централно-азиските Републики и на Балканот. Во Газа, Босна и Херцеговина , Ирак и во Мијанмар заедно се виореа турското знаме и знамето на Кизилај. Никако не беше значајно тоа што настраданите во земјотресот во Непал беа будисти или погодените од поплавите во Србија беа христијани. Се појави Кизилај која им ја подаде раката на Турција за помош на сите оние кои имаа потреба и чекаа помош.

По сето ова кажано сега би можеле да се вратиме на самитот на Организацијата за исламска соработка што неодамна се одржа во Истанбул и на доставениот предлог за време на овој самит на исламските земји од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган...

Претседателот Ердоган им предложи на лидерите на исламските земји да се формира Сојуз на Црвените полумесечини Кизилај. Тоа не е предлог кој што би можел да се надмине набрзина. Тоа е предлог кој што ќе овозможи милостивото лице на исламот да биде доставено или прикажано до уште поголем број луѓе во светот.

Во светот општо во христијанските земји делуваат хуманитарни организации под името и амблемот Црвен крст, а во исламските земји под името и амблемот Кизилај, односно Црвена полумесечина. И покрај тоа што се истакнува дека овие имиња и амблеми не биле определени земајќи ја во предвид асоцијацијата на една религија, односно верската конотација, перцепцијата е спротивно на тоа.

Организациите за помош со амблемот на Црвен крст кои доаѓаат на помош по одредена елементарна непогода во свеста или во потсвеста на настраданите овозможуваат да се истоветат едно верување и хуманитарната помош. Во согласност со степенот на развој на земјите во подрачјата погодени од елементарни непогоди најмногу се забележуваат организации за помош со амблем на Црвен крст. Од друга страна пак поголемиот дел од 192-ве организации на Црвена полумесечина во светот всушност го користат името Кизилај односно Црвена полумесечина и се со амблем на црвена полумесечина.

Така претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган сега предлага сите хуманитарни организации кои го носат името Кизилај, односно Црвена полумесечина и амблемот црвена полумесечина да се обединат и заедно да ги санираат раните предизвикани од елементарните непогоди и да ги достават потребата од помош на луѓето во светот. Организациите за помош Црвени полумесечини на некои исламски земји располагаат со многу големи можности како на пример Црвената полумесечина на Катар и Црвената полумесечина на Саудиска Арабија. Турската Црвена полумесечина Кизилај исто така и со материјалните можности и со експертските кадри со кои располага е едната од најзначајните хуманитарни организации во светот. Така доколку се реализира ова обединување не може ниту да се помисли колку би била голема хуманитарната помош што би им била доставена на луѓето во светот. Ете предлогот на претседателот Ердоган е значаен во тој контекст. Откако материјалните можности на богатите исламски земји ќе се обединат со можностите на исламските земји со развиени човечки ресурси за многу покусо време ќе бидат санирани и штетите и раните на милиони луѓе кои имаат потреба од помош.

Во светот секоја година 60 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради воружени судири. Секоја година по некаде околу 200 милиони луѓе се погодени или изложени на влијанието на различни елементарни непогоди. Проблемот поради глад пак продолжува да е проблем на стотици милиони луѓе во светот. За санирање на сиве овие рани има потреба од една нова парадигма. Мошне стои отворено тоа дека новата парадигма во хуманитарната помош е да се делува заеднички. Меѓутоа оваа нова парадигма треба да биде селектирана и од политичките предрасуди. Ете новиот предлог пистигнува во оваа смисла.

Претседателот Ердоган  промената на парадигмата долго време како ја изнесува и за преструктуирањето на ОН. Онака како што системот на ОН се критикува со слоганот „светот е поголем од 5“ така треба да се распространи и мислата дека со сегашниот систем на хуманитарна помош не можат да бидат санирани раните на светот.

Со желба овој повик на самитот на Органзиацијата за исламска соработка да го осветли патот на хуманитарната помош...

Тоа беше коментарот на советникот за печат на турската Црвена полумесечина Кизилај Селахаттин Бостан во однос на тоа дека здружувањето на силите на организациите за помош на сите Црвени полумесечини во светот ќе значи санирање на раните на многу поголем број на луѓе во светот.



Слични вести