Балканска агенда 16/2016

Забелешки во врска со „Априлскиот бунт“ на Бугарите

478823
Балканска агенда 16/2016

Денешните територии на Бугарија беа освоени од страна на Османлиите во втората половина на 14-от век. Некои бугарски историчари говорат за тоа дека во текот на целиот османлиски период била водена бугарска национална борба. Вистината пак е дека борбата за независност против Османлиската држава почна да се засилува почнувајќи од 19-от век. Постепеното зголемување на Панславистичкото движење на Балканот поддржано и од Русија особено по 1870 година ги поттикна Бугарите на бунт.

Тогаш кога започна бугарскиот бунт во 1876 година кој што во бугарските историски книги се споменува како „Априлски бунт“ се водеше борба за престол и во Истанбул. Од друга страна Србите и Црногорците ги правеа подготовките за војната што ќе и ја објавеа на Османлиската држава летото во 1876 година. Имено во период кога постоеше вид празнина во авторитетот и војската се повлекуваше на други места бугарските комити се кренаа на бунт и областа на Пловдив стана центар на овој бунт.

Бугарските чети за иницирање на општ турско-бугарски судир најпрвин ги застрашија бугарските селани со лаги дека во Истанбул се прават планови за уништување на бугарскиот народ, а потоа почнаа да реализираат напади против турското население. Тоа што муслиманите беа убивани од страна на бугарските чети пак ги поттикнаа чувствата на освета на локалните турски групи кои се нарекуваа „башибозук“, односно вооружени групи на нередовна војска, или вид паравоени единици во денешна смисла на зборот. Овие противнапади на турските паравоени единици наречени „башибозук“ пак го зголемија бројот на припадниците на бугарското движење за независност. На крај процесот кој што започна со бунтот на бугарските чети почна да оди кон општ турско-бугарски судир.

Едната од најкрвавите борби се водеше во селото Батак кај Пазарџик и Пловдив. Турските вооружени групи „башибозук“ пртедводени од Ахмет Ага без да знаат дека бунтот на бугарските чети е задушен не обрнувајќи им внимание на повиците на османлиската војска да се предадат го продолжија отпорот. На крај се водеше борба во која и двете страни претрпеа тешки загуби.

Впечатоците на американскиот воен дописник од ирско потекло Јануариус Алојсиус МакГахан објавени во врска со периодот од јули-август 1876 година претставуваат значајна основа за независноста на Бугарија. Основната порака на Макахам до светот беше во правец на тоа дека на денешните територии на Бугарија во 1876 година се запалени повеќе од сто села  и дека во селото Батак се убиени дестици илјади Бугари. Како што пренесува Миша Глени пак во европскиот печат, под влијание и на објавените материјали на, во периодот од 18 месеци беа објавени приближно 3 илјади вести и текстови со кои се осудуваат настаните во селото Батак и во други места на Бугарија. Меѓутоа бугарската историчарка Мартина Балева која ги истражуваше вестите и текстовите објавени од страна на МакГахам кој пак беше оженет со русинка со благородничко потекло, установува дека овој воен дописник во неговите вести и текстови е проруски настроен со емотивни чувства и дека тој исто така не го крие оној негов антиисламски став.

Имено за да се застанува во одбрана на тоа дека во селото Батак во тие години биле убиени десетици илјади лица, тогашен Батак требаше да биде прилично голем град во тоа време, а не село како што и беше. Според британски извори во тој период Батак кое било село се состоело од 490 куќи, односно семејства и жевееле приближно 2.800 лица. Оваа состојба укажува и на тоа дека се преувеличени дури и тврдењата на бугарските историчари околу тоа дека во бунтот во Батак биле убиени 5 или 6 илјади лица. Така американскиот историчар кој го истражува Османлискиот период Стенфорд Шоу  установува дека бројот на убиените муслимани за време на бугарскиот бунт во 1876 година е многу поголем од бројот на убиените христијани, а воедно укажува и на уште една поразлична вистина.

Но и покрај сето тоа влијанието кое што  американскиот воен дописник од ирско потекло Јануариус Алојзиус МакГахан го предизвика во светската јавност беше причина Русите кои во тој период се обидуваа да го воспостават својот авторитет на Балканот да и објават војна на Османлиската држава. Впрочем во 1877 година започна османлиско-руската војна која инаку е позната и како „војна од 93-та“. Русија во оваа војна влезе со цел да се формира голема Бугарија која целосно ќе биде под протекторат на Москва. Меѓутоа како што наведува и турскиот историчар Кемал Карпат, Бугарија во која живеат голем број муслимани несомнено немаше да потпадне под власт или протекторат на Русија. Затоа пак Русија со поддршка и на Бугарите ги започна активностите за протерување или исчистување на муслиманите од териториите на денешна Бугарија. Имено за време на османлиско-руската војна во 1877-78 година беа убиени стотици илјади Турци, а стотици илјади беа принудени на иселување. Значаен дел од оние кои беа принудени на иселување го загубија животот или во нападите по патот или пак поради различни болести или глад.

Со Берлинскиот договор потпишан на крајот на османлиско-руската војна од 1877-78 година Бугарија се стекна со статус на автономија, а во 1908 година стана независна држава. Поаѓајќи од сето тоа може да се заклучи дека формирањето на Бугарија е одблизу поврзано со случувањата во Батак во 1876 година.

 

Автор на програмата е Доктор Ерхан Турбедар



Слични вести