Нова турска визија 17/2016

Проценка на социјалните политики на Турција

477256
Нова турска визија 17/2016

Едното од најосновните прашања на политичките дискусии во Турција се социјалните политики. Исто така несомнено едниот од најопштествените проблеми во модерниот свет е неправедната распределба на приходите. Така за намалување на разликата на приходите меѓу класите или средините во целиот свет постепено добиваат значење социјалните политики. Социјалните политики во основа се водат над проекти кои што се развиваат за заштита на оние кои се во неповолна положба, односно ранливата група луѓе. Денеска показателите на земјите во кои може да се живее се определуваат во зависност со социјалните политики.

Основните политики кои што европските земји ги прават привлечни во споредба со останатите земји се нивната карактеристика како социјални држави.

Обезбедувањето на потребите за живот на луѓето кои живеат на границата на сиромаштија во голем број сфери од социјалната заштита до надоместок за старосна нега, од помош во храна до потреби за затоплување на својот дом се наоѓа меѓу основните задачи на државата.

Турција во последно време реализира мошне значајни измени во оваа сфера. На нивно чело се наоѓа реформата во сферата на здравството.

Средствата кои што се одделуваат од буџетот за социјална помош систематски се зголемуваат.

Меѓутоа и покрај тоа понекогаш зголемувањето на делот што се одделува за социјална помош во рамките на социјалните трошоци  се коментира како продлабочување на сиромаштијата и зголемување на бројот на сиромашни. Од друга страна примарна цел на социјалната помош е надминување на губењето на правата кое што се појавува поради различните потреби на сиромашните или оние кои имаат потреба од социјална помош и секако намалување на сиромаштијата.

Правата за социјална заштита како што е социјалната помош за кои што денеска никако не може да стане збор за било каква дискусија во европските земји на дневниот ред на Турција во вистинска смисла се поставени по 2002 година. Едната од главните причини за оваа состојба е лошата слика во економијата која владееше во минатото.

Заедно со подобрувањето на економијата се доставуваат различна помош и услуги наменети за сите средини на општеството и тоа со начин на сфаќање за обезбедување на социјална заштита. Денеска се доделува социјална помош во голем број сфери како што се условена парична помош, односно парична помош за образование на децата, здравствена помош за новороденчиња, старосна нега за стари лица, парична поддршка за вдовици, храна за оние кои имаат потреба или помош за затоплување или згрижување на лица кои имаат потреба од тоа.

Во минатото сфера во која земјата во периоди на економска криза најпрвин правеше кратења беа социјалните трошоци кои пак ионака беа доста мали. За жал оваа состојба стана причина за зголемување на голем број социјални ризици во општеството. Од друга страна спротивно на земјите на ЕУ каде што за време на глобалната економска криза во 2008 година беа намалени средствата кои што се одделуваа за социјална заштита во Турција трошоците и средствата за социјална помош и заштита беа зголемени. Тоа пак и ги намали влијанијата на глобалната економска криза и ја заживеа економијата, ги спречи можните социјални ризици, а воедно спречи да дојде и до пореметување во општествените динамики.

На ист начин социјалната помош што се доделува за намалување на сиромаштијата и обезбедување на различни потреби на сиромашните и оние кои имаат потреба од помош за образование, здравство, во храна и сместување, денеска е дојдена до точка голем број семејства и единки да се стекнат со свое место во социјалниот живот, односно до точка која ќе обезбеди социјална заштита.

Прашањето во однос на социјалната помош и социјалната држава е меѓу прашањата за кои што денеска се дискутира најмноу во Турција.  И навистина едниот од основните критериуми за да би била една држава силна и праведна се нејзините социјални политики. Така и во периодот на власта на АК Партијата социјалните политики се едно од прашањата за кои што се дискутира најмногу во економијата на Турција.  Оние кои се противат на социјалната помош истакнуваат дека луѓето се навикнуваат на како што велат „култура на земање помош, односно садака“. Па дури во повеќе случаи се вели дека социјалната помош што се доделува е вистинската причина за менување и на политичкиот избор на луѓето.

Меѓутоа овие работи или активности ја претставуваа едната од пресвртниците или едниот од значајните монументи на патот на Турција да стане „социјална држава“ во европски стандарди. Во вистинска смисла на зборот се наоѓаме во период кога за прв пат се пополнува принципот „социјална држава“ кој што е внесен во членот број 2 од Уставот. Во периодот на Владите на АК Партијата кои се наоѓаат на власт од 2002 година наваму, во период од приближно 12 години, е доживеана сериозна пресвртница во доделувањето на социјална помош наменета за сите средини на општеството. Социјалната помош е зголемена неколкукратно. За време на власта на АК Партијата во периодот од 2002 до 2015 година се доделени средства за социјална помош на различни средини на општеството во вкупен износ од 165 милијарди турски лири или приближно 60 милијарди долари.

Делот од буџетот во 2001 година одделен за социјална помош изнесуваше 1,15-отсто, додека во 2015 година овој дел изнесува 4,80-отсто.

 

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Каратај во Конја



Слични вести