Нова турска визија 16/2016

Турција заостана од земјите со кои што почна заедно да се модернизира, а исто така не можеше да формира и силен демократски систем

482110
Нова турска визија 16/2016

Турција беше земја која беше останала назад од појасот во кој се наоѓа. Беше западна земја, но не можеше да се развие колку западните земји. Беше и е европска земја, но не можеше да се развие колку европските земји. И покрај тоа што располагаше со потенцијал да им конкурира на другите земји во светот овој свој потенцијал не можеше да го конвертира во додадена вредност. Долго време фрли потези за развој кои што останаа без резултат. Националниот доход по жител во текот на историјата на Републиката секогаш беше помеѓу 2000 и 3500 долари.

Не е лесно да се зголеми националниот доход без да има производство. Без да постои неопходната инфраструктура не може да се произведува. За инфраструктурата пак освен капитал треба да се располага и со иницијаторски дух и секако со визија.

Всушност реализацијата на производството и на производството со висока додадена вредност личи на добро и вкусно подготвено слатко.

За да се подготви убаво и вкусно слатко не е доволно само да има добри состојки, туку истовремено има потреба и од добар мајстор. Не е доволен и само мајстор, воедно има потреба и од добра фурна за печење и од огин. Но не е доволно и тоа. Треба да подготвите и еден добар шербет со добро регулирана конзистентност. Не е доволно и само да е добар шербетот, туку истовремено слаткото што го правите треба да биде според вкусот.

Исто така и инвестирањето, развојот и производството со висока додадена вредност се состои од голем број компоненти. Како додаток на можностите за реализација на тоа пак треба да постои и мислење во таа насока. На чело на прашањата со кои што се бави нова Турција во последните години се инфраструктурните инвестирања. Се ставаат во примена голем број проекти со крајно високи буџети. Овие проекти кои што привлекуваат внимание и на меѓународна арена освен тоа што се мошне престижни инвестирања, воедно ќе создадат и големи можности за развој.

На чело на проектите во Турција од кои еден дел се реализирани, а еден дел се во подготвителна фаза на кои им завидуваат голем број земји се наоѓа проектот Канал Истанбул. Реализацијата на изградбата на нов морски теснец во Истанбул, односно канал со кој што ќе бидат поврзани Црното и Мраморното и Егејското и оттаму Средоземното Море е значајно од голем број аспекти. Поморскиот сообраќај во морскиот теснец на Истанбул Босфорот кој што со текот на времето се повеќе се интензивира е едно од прашањата со кои што освен самиот град Истанбул се соочуваат со тешкотии и оние кои се бават со меѓународна поморска трговија.

Во тој контекст проектите од престиж на кој што треба да се стои можат да се набројат вака: Високобрзинскиот воз, автопатот Истанбул-Измир, третиот аеродром што ќе се гради во Истанбул, подводните тунели со кои се поврзуваат и ќе бидат поврзани двата континента Азија и Европа и секако изградбата на третиот висечки мост над Босфорот чии градбени активности продолжуваат и за кој се очекува да биде ставен во употреба на 26 август оваа година.

Сиве овие и уште голем број други инвестирања и проекти во основа би можеле да се оценат и како прелиминарна подготовка за реализација на производство со висока додадена вредност.

Турција заостана од земјите со кои што почна заедно да се модернизира, а исто така не можеше да формира и силен демократски систем.

Во последните години пак се фрлаат големи чекори по прашањето да стане транзитна маршрута низ која што ќе поминуваат особено енергетските линии, односно преку Турција ќе се испорачуваат подземните енергетски богатства од Каспискиот регион и цела Централна Азија во Европа.

Секако познато е и тоа дека постојат и сериозни противници на овој процес во кој Турција од онаа нејзина традиционална улога во светскиот систем почна да напредува кон една поразлична позиција.

Она што е значајно не е тоа колку Турција ќе го толерира ова противење, туку како ќе ги убеди овие средини.

Опозицијата во еден воспоставен систем претставува значаен центар на сила која ја балансира власта. Секако дека власта треба да ја толерира опозицијата, меѓутоа противењето кое што денеска се води против Турција во повеќе случаи ги надминува границите на противење или опозиција.

Турција без да се претвори оваа состојба во криза треба да води обиди да изнајде начин или патишта со кои што ќе се изрази себеси.

Може да има такви кај кои постои загриженост од напредувањето и економскиот раст на Турција, меѓутоа отворено треба да се декларира дека се води мирољубива политика.

Како последно сиве овие активности кои што ги води Турција несомнено се трансформираат во значајна придобивка. Турција бележи економски раст и некои турски компании се стекнуваат со престиж на кој што им завидува целиот свет.

Едната од тие престижни компании секако е Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс). Едниот од најзначајните чекори пак со кој што ќе се зајакне овој нејзин престиж во светот е изградбата на третиот аеродром во Истанбул.

Исто така се реализираат мошне значајни активности и во сферата на вселенските истражувања и воздухопловството.

При сето тоа не е лесно да се реализираат активности со кои ќе бидат доловени динамиките на промена во светот, ќе биде одговорено на потребите на времето и ќе се произведуваат производи со висока додадена вредност.

Турција мислеше дека тогаш кога не ќе располага со еден ваков начин на производство работите ќе се одвиваат многу лесно, меѓутоа состојбата не е таква.

Имено производството е прашање кое што е директно поврзано со голем број други прашања од стандардите до квалиттеот, од политичките динамики до развојот и промените во светот и од инфраструктурата до иницијаторскиот дух. На крај точно е дека се забележува значаен развој, но не е лесно тој развој да се пренесе на посакувано ниво.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Каратај во Конја



Слични вести