Блискиот исток од перспективата на Турција 16/2016

Зближувањето меѓу Турција и Саудиска Арабија

474198
Блискиот исток од перспективата на Турција 16/2016

На покана на претседателот Реџеп Тајјип Едроган минатата недела во посета на земјава престојуваше саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал-Сауд. Во рамките на посетата, кралот Салман учествуваше и на самитот на Организацијата за исламска соработка. Турција на посетата на саудискиот крал придаде големо значење и го одликуваше со најголемиот државен орден.

Од денот кога кралот Салман стапи на должноста, во односите меѓу Турција и Саудиска Арабија се забележува голем развој. Поддршката на воената хунта на чело со Сиси од страна на Саудиска Арабија, по соборувањето на првиот избран претседател на Египет Мухамед Мурси во јуни 2013 година, негативно се одрази врз односите меѓу Саудиска Арабија и Турција која го поддржа народот.

Денес двете земји упатуваат заеднички пораки за регионални стратешки партнери па дури и сојузници.

Како дојде до тоа двете земји односите да ги искачат на највисоко ниво во историјата?

Секако дека цехот не може да се препише само на доаѓањето на власт на кралот Сaлман. Тука треба да погледнеме на поистоветувањето на перцепцијата за заедничките интереси на двете земји и сличните политики кои ги спроведуваат за остварувње на истите.

Пред се, двете земји чувствуват незадоволство од политиките на Западните сили во регионот. Само за пример да посочиме дека денес ставовите и погледите на Саудиска Арабија и Турција во голема мера се поистоветуваат кога станува збор за случувањата во Сирија, Ирак и Јемен.

Заедничката констатација дека Иран достигна преголемо ниво на влијание во регионот од она што треба да го има, предизвика да преовлада убедувањето дека оваа состојба треба да се урамнотежи. Постигнувањето на договорот за нуклеарната програма со Иран се смета за занемарување на регионалната рамнотежа од страна на западните земји само поради нивните лични економски интереси.

Едно друго прашање е изговорот за наводната борба против транснационалните терористички организации како што е ДЕАШ, а во суштина држење на целиот регион под отворено на постојани меѓународни интервенции, кој настан пак предизвикува голема вознемиреност во Турција и Саудиска Арабија. Двете земји го споделуваат ставот дека борбата против терористичката организација ДЕАШ треба да се води од страна на регионалните земји или пак исламските земји да преземат предводнички иницијативи на тоа поле.

Загриженоста на Саудиска Арабија од Иран започнува дури од 1979 година. Геополитичката конкуренција меѓу двете земји по Иранската револуција во 1979 година предизвика да започне регионална студена војна. Режимот формиран во 1979 година во Иран предизвика преиспитување на рамнотежата на силите во регионот и предизвик за регионалната статус кво ситуација од идеолошки аспект. Тоа пак кај заливските земји особено кај раководството на Саудиска Арабија во период кога регионот се соочуваше со предизвик од аспект на регионалната статус кво ситуација, на Иран да сметаат како на еден вид нова закана.

Затоа Заливските земји во текот на осумгодишната војна меѓу Иран и Ирак го поддржаа раководството на Садам Хусејин.

Американската воена интервенција против раководството на Садам Хусејин во 2003 година беше втора точка на прекшрување и пресврт во односите меѓу земјите во регионот. Промената на режимот во Ирак веднаш по окупацијата предизвика во Саудиска Арабија да се појави перцпецијата дека регионалната рамнотежа се сврти во корист на Иран. Владите формирани во Ирак од шиитските партии кои на власт дојдоа со избори, воспоставија блиски односи со Иран. Овој настан уште повеќе ја зајакна перцепцијата за загриженоста во Саудиска Арабија за промената на рамнотежата на силите во регионот.

Влијанието на случувањата Арапска пролет уште повеќе ја зголемија борбата за политичка превласт во регионот меѓу Иран и Саудиска Арабија. Состојбата в Бахреин во овој период, раководството на Саудиска Арабија ја процени како иранска интервенција на оваа земја. На случувањата во Јемен и Сирија исто така гледаше од аспект на рамнотежата на силите во регионот и борбата за превласт.

Постигнувањето на договорот за нуклеарната програма со Иран, уште повеќе ја зголеми загриженоста на Саудиска Арабија во однос на оваа земја. Соработката меѓу Иран и САД со раководството во Багдад под изговор дека водат заедничка борба против ДЕАШ, беше оценето како соработка меѓи Иран и САД. Промената на ставот на Западните земји во последните две години, кои до 2012 година го изнесуваа ставот дека Асад треба да си оди, исто така беше една од дополнителните причини за зголемување на загриженоста. Руската поддршка на равенката во Сирија како и како и вклучувњето на Иран во поддршката на режимот на Асад беше последната капка која ја прели полната чаша. Имено сите овие случувања ја зајакнуваа тезата за останувањето и продолжувањето на Асад на власт. Како последица на тоа пак, гледано од аспект на Саудиска Арабија, постепено се потврдуваше зголемувањето на влијанието на Иран на меѓународната платформа.

Почнувајќи од средината на 2014 година, погледите и перцепцијата на случувањата во регионот од страна на Турција и Саудиска Арабија во голема мера почнаа да се поистоветуваат. Со седнувањето на кралот Селман на престолот дојде до интензивен развој на добрите односи меѓу двете земји. Договорот за стратепка соработка потпишан во декември 2015 година има големо значење токму од тој аспект.

Двете земји одредено време преземаат заеднички иницијативи за формирaње сличен воен пакт на НАТО алијансата. Иницијативата која се предвидува да опфати 34 муслимански земји има за цел да го зголеми стратешкиот капацитет на пактот на Блискиот Исток. Незадоволството на двете земји од ставовите на Западните земји во регионот одигра улога на катализатор во развојот на соработката. Како последица на овие случувања, Турција и Саудиска Арабија кои претходно имаа различни ставови во одднос на Сирија, во последно време почнаа да преземаат заеднички иницијативи.

Во текот на 2016 година се планира продлабочување на мултилатералните односи и соработка во сите сфери меѓу двете земји.

На парашањето: Дали односите се одржливи?, - одговорот гласи: Една од најзначајните карактеристики на Блискоиссточните политики е фактот дека сите иницијативи претежно се краткотрајни. Причината за тоа не е само недоволниот капацитет на регионалните земји, туку фактот дека регионот уште од почетокот на 19 век постојано е изложен на надворешни интервенции. Како последица на изложеноста на надворешните влијанија пак беа формирани држави и режими кои немаа доволен капацитет да се инситуционализираат. И натаму продолжува активна надворешна интервенција врз регионот. Се додека продолжува заедничка чувствителност во однос на овие надворешни интервенции, тогаш ќе може да се воспостават интитуционални односи во регионалните држави.



Слични вести