Балканска агенда 15/2016

Невработеноста и економијата најголеми проблеми на Балканот

473424
Балканска агенда 15/2016

Советот за регионална соработка (RCC) кој води активности во правец на развој на мултилатералната соработка меѓу Балканските земји го објави извештајот од едно анкетно истражување по име „Балкански барометар 2016“. Овој труд кој се состои од две одделни емисии и тоа испитување на јавното мислење и истражување на фирма, презентира податоци во врска со седум Балкански земји во однос на различни прашања и речиси го опипува пулсот на регионот. И ние во ова продолжение од оваа наша програмска содржина ги поставуваме на дневен ред резултатите од истражувањето во врска со општата јавност на Балканот.

Балканските земји долги години како се соочуваат со економска криза и проблем со хронична невработеност. Според процентите на реален економски раст во периодот од 2009 до 2014 година економиите на Хрватска и Србија се стеснија, а на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора можеа да забележат раст од испод 1-отсто. Според податоците внесени во „Балкански барометар 2016“ пак, бруто домашниот производ на економиите на западен Балкан во 2016 година се очекува да оствари раст од 1,4-отсто до 3,9-отсто. Меѓутоа овие проценти на раст не се очекува да имаат некое поголемо влијание на процентите на невработеност кои што се движат на доста високо ниво. Имено се претпоставува дека процентите на невработеност во 2016 година ќе изнесуваат 34-отсто во Косово, 27-отсто во Македонија, 27,2-отсто во Босна и Херцеговина, 17-отсто во Србија и 16,8-отсто во Албанија. Внимание привлекува тоа што повеќе од 50-отсто од младите во голем број Балкански земји се без работа.

Резултатите на „Балкански барометар 2016“ со кои беше опипан пулсот на вкупно 7.000 лица во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово и Србија става до знаење дека невработеноста и општата економска состојба се главниот проблем на Балканските земји. На прашањето кои се двете најголеми проблеми кои влијаат на вашата земја просечно 68-отсто од народот во регионот укажуваат на невработеноста, а 55-отсто на економските проблеми.

Приближно 73-отсто од анкетираните граѓани не се задоволни од општата состојба во своите национални економии, а 46-отсто од приходите на своите домаќинства. 25-отсто веруваат дека наредната година нивната економска состојба ќе се вложи уште повеќе, додека 30-отсто од вработените се загрижени во однос на тоа дека би можеле да ја изгубат својата работа. Што се однесува до невработените 61-отсто од нив веруваат дека не ќе можат да најдат работа и во наредните две години. Процентот на оние кои чувствуваат дека се наоѓаат во ризик да западнат во сиромаштија во наредниот период изнесува 35-отсто.

„Балкански барометар 2016“ им одделува место и на други податоци кои укажуваат пред се на социоекономските тешкотии во Балканските земји. На пример, некаде околу 23-отсто од анкетираните во регионот наведуваат дека не можат да ги платат своите фактури, 15-отсто своите рати од подигнат кредит, а 19-отсто дека не можат доволно да ги затоплат своите домови во зимските месеци и 43-отсто дека би можеле да размислат да живеат и да работат во странство. Оваа состојба укажува на тоа дека тенденцијата за миграција или иселување во регионот и понатаму продолжува да е прилично голема.

Поддршката кај Балканските земји во врска со процесот на пристапување во ЕУ во основа продолжува. 39-отсто од граѓаните во регионот мислат дека пристапувањето на нивната земја во ЕУ ќе биде добро, 36-отсто дека тоа нема да биде ниту добро ниту лошо и 20-отсто дека ќе биде лошо за нивната земја. Останатите 5-отсто од анкетираните пак немаат никакво мислење по ова прашање. Кога ќе се погледне на ниво на земји во однос на ова прашање се забележуваат значајни разлики. На пример во Србија само 21-отсто од граѓаните, а во Албанија и Косово повеќе од 80-отсто од граѓаните зачленувањето во ЕУ го сметаат за добро. Зачленувањето во ЕУ во повеќе случаи се наоѓа за драгоцено од аспект на слободното патување, економскиот просперитет и слободното образование и работа во Унијата.

79-отсто од граѓаните на 7 Балкански земји претпочитаат да работат во државниот сектор. Оваа состојба укажува на тоа дека не се чувствува доволна доверба кон приватниот сектор. Од друга страна некаде околу 70-отсто од анкетираните граѓани во регионот немаат доволна доверба кон судовите и судството. Процентот на оние кои веруваат дека законите се применуваат ефикасно се наоѓа на доста низок степен од околу 21-отсто. 73-отсто од анкетираните исто така веруваат дека не се води ефикасна борба против корупцијата. Овие показатели укажуваат на тоа дека во седумте Балкански земји кои се тема на ова испитување на јавното мислење постои потреба од подобрување во сферите на владеењето на правото и подоброто управување.

Балкански барометар го споделува со своите читатели и степенот на задоволство кај граѓаните во Балканските земји во сфери како што се образованието, јавните услуги, инфраструктурата во транспортот и некои други сфери. Меѓутоа меѓу сиве овие проблеми на преден план се појавуваат проблеми во врска со пазарот на работна сила и доброто управување. Така со реализација на реформи во врска со овие две сфери земјите кои беа тема на ова наше истражување на јавното мислења можат да постигнат значајни успеси во нивните напори за економски развој.

Автор на програмата е Доктор Ерхан Турбедар



Слични вести