Нова турска визија 15/2016

Причината поради која седнаа на преговарачката маса не беше да го остават оружјето и да ја сопрат крвта што се пролева, туку да формираат поредок со кој она што се обидоа да го направат со оружје овојпат да го направат без оружје

471886
Нова турска визија 15/2016

По парламентарните избори на 7 јуни 2015 година терористичката организација ПКК повторно ги започна терористичките акции. Само за потсетување јавноста повеќе од овие акции дискутираше за тоа од чија страна се започнати. Долго време продолжи да се дискутира за прашањето кој ги започна акциите.

Терористичката организација ПКК и нејзините компоненти тероризмот што го започнаа го нарекоа „Војна на дворецот“. Згора на тоа за полицајците кои беа убиени се уште го користат изразот „Банда на дворецот“.

Меѓутоа мислам дека веќе не се наоѓа на дневен ред прашањето кој ја преврте масата. Бидејќи терористичката ПКК и нејзините компоненти успеаја да создадат средина со која ќе се држи надвор од оваа работа лицето кое всушност ја преврте масата и повторно постави на сцена едно крваво сценарио, односно Оџалан.

Поголемиот дел од татковината за да не плачат повеќе мајките, да не се затруе братсвото, да не се оцрни нашата иднина и да не се пролева повеќе крв безволно и со горчливост еден убиец на бебиња се согласија да го сметаат за „мировен посланик“. Меѓутоа Оџалан оваа толеранција сака да ја покаже како вистинска способност, а не како кредит кој му беше признат од страна на народот.

Тогаш кога разбравме дека ХДП и ПКК велејќи и на Владата „ти ја преврте масата“ нивната вистинска цел беше да го сокријат „итриот убиец“ кој ја преврте масата забележавме дека таа информација веќе не вреди.

Прашањето всушност може да се гледа како едноставно, меѓутоа јас не сум толку оптимист. Тоа е крајно искомплицирано прашање.

Тоа што осудениот водач на една терористичка организација продолжи да раководи со својата организација не е прашање кое би требало да се омаловажува.

Терористичката организација и нејзините компоненти она кое што сакаа да го направат со оружје се обидоа да го направат без оружје. Работата беше она кое што сакаа да го направат земајќи ги под контрола промените предизвикани на оската на преговорите и решението, а кои се обидоа да го направат со оружје овојпат да ја постават тезгата за реализација на посакуваното но без оружје.

Причината поради која седнаа на преговарачката маса не беше да го остават оружјето и да ја сопрат крвта што се пролева, туку да формираат поредок со кој она што се обидоа да го направат со оружје овојпат да го направат без оружје. Во моментот кога видоа дека не се формира или не ќе може да се формира овој поредок повторно се вратија кон оружјето.

Како што може да се разбере од записите за средбите на островот Имрали Оџалан себе си се смета како единствен спасител на Блискиот исток, Турција и регионот.

Меѓутоа за да се премине кон примена на ова сценарио за спасување постои потреба од хаос. Така и сите свои приврзаници ги организира со механизам за кој што ќе се применува овој хаос. Поради тоа што просторот на хаос пак е прилично голем дури додека продолжуваа и преговорите продолжи да носи и да испраќа свои приврзаници на планините.

За продолжување на овој план Оџалан подготвил двостран акционен план; како прво населението во регионот, односно Курдите несовесно без никаква цел да ги организира и стави под команда на една банда и второ илегално да ги поддржува случувањата со кои што Турција ќе биде доведена до земја со која не ќе може да се управува.

Најпрвин во подрачјето беше започната активност за организирање во здруженија со што не ќе беше оставен ниту најмал празен простор, а целта беше да се промени постоечката општествена структура. Поради тоа што идеологијата на организацијата не беше погодна да се изгради над постоечката социолошка структура набрзина ја промени истата како што во минатото правеа унионистите.

Дегенерацијата која националните средини и Кемалистите не можеа да ја реализираат во подрачјето во текот на 80 години и успеа на терористичката организација.

Спротивно на унионистите кои не можеа да ја симнат шамијата-пуши, вид шал или шамија што мажите во југоисточна Турција ја ставаат на својата глава, терористичката организација ПКК поимот „чест“ кој што е истоветен со курдските жени во последните години го претвори во безвредна крпа.

Терористичката ПКК, курдското прашање кое што постоеше поради празнината во демократија го претвори во прашање кое не ги засега и не треба да ги засега само Курдите. Не треба да се омаловажи една организација која успеа да го направи сето тоа.

Како последно денеска луѓето од овој дел на Турција го видоа валканото лице на терористичката организација и уште еднаш толку лесно нема да им поверуваат на овие разбојници, меѓутоа оваа состојба не значи дека тие имаат доверба во државата и владата. Доколку не се постапи внимателно терористичката ПКК и терористичкиот водач Оџалан ќе ја доведат во нефункционална состојба и оваа ситуација, исто онака како што веќе е бесмислено да се знае од чија страна е превртена масата.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит​



Слични вести