Ибрахим Калин :По 13 самит на Организацијата за исламска соработка

Како можеме да бидеме заедно без за тоа да имаме позитивен пример ?

472127
Ибрахим Калин :По 13 самит на Организацијата за исламска соработка

Организацијата за исламска соработка е формирана во 1969 година и е најмасовна меѓународна организација после Обединетите нации. Најголема платформа за дискусија на политички,економски и културни прашања кои ги засегаат муслиманските држави. Турција во наредните две години ќе ја извршува функцијата привремен претседавач со Организацијата на исламската конференција и во својство на тоа беше домаќин на 12 самит на организацијата што се одржа од 14 до 15 април годинава во Истанбул.Темата годинава беше: За правда мир и солидарност сите заедно“.

Самата тема кажува многу за ситуацијата во која денес се наоѓаат исламските држави.Темата е едноставна но од клучно значење за ситуацијата во која се наоѓаат муслиманските држави денеска и накусо може да се резимира како следно: не може да се постигне мир и правда без единство и солидарност меѓу земјите. За да ги надминат постојните проблеми исламските земји би требало да ги здружат силите и да делуваат заедно. Ова секако е лесно да се каже но тешко да се реализира,од проста причина бидејќи секоја земја на преден план ги има своите интереси и желби а сите земји заедно имаат свои интереси и желби.

Сепак треба да се истакне дека проблемите кои што се јавуваат во земјите членки на Организацијата за исламска соработка се слични или идентични со оние на Обединетите нации или Европската унија.

Факт е дека основната причина за формирањето на Организацијата за исламска соработка беше палестинското прашање во 60'тите години од минатиот век,а денес муслиманските малцинства, исламофобијата и развивање на трговските односи меѓу членките на организацијата. Сепак и покрај тоа што имаме слични проблеми имаме разлики во ставовите околу начинот на надминување на проблемите. Сосема природно е членките да водат лоби активности заради своите интереси но клучното прашање во сето тоа е да се води сметка за интересите на сите членки. Ете токму тука лежи улогата за заедништвото и солидарноста.

Мирот и правдата не се важни прашања само за исламскиот свет туку тие воедно се дел од коренитата муслиманска традиција. Две од убавите имиња кои ги има Аллах се мир –ас салам и правда- ал адил.Дури и самиот збор Ислам етимолошки потекнува од овие два збора. Иронично е една религија која во својата основа ги има зборовите мир и солидарност да се поистоветува со насилство и тероризам.Згора на тоа оние кои се самоуштуваат екплодирајќи бомби на себе во има на религијата тврдат дека тоа го прават во име на религијата. Навистина скоро да нема помини кои биле толку експлоатирани како што се поимите мир и правда.

Факт е дека без правда нема мир. Ниту еден неправеден мир нема долг век на траење. Голем дел од мировните преговори завршуваат без успех бидејќи во суштина се неправедни и нереални.Типичен пример за тоа се блискоисточните мировни преговори.

Мирот и солидарноста заслужуваат да бидат добро дефинирани. Не мораме да бидеме подеднакво со исти гледишта само за да би биле единствени. Позната е изреката на творците на класичниот ислам „единство во разноликост“ од која поаѓаме и со помош на која ги сознаваме нашите меѓусебни разлики, а кои не прават да бидеме уште побогати и како индивидуи и како заедници.

Дневниот ред на 13.самиот на Организацијата за исламска соработка беше навистина претенциозен,но решението на проблемите е можно само ако се појде од принципот „единство во разноликост“.

Камшикот на терористичките организации како што се ДЕАШ, ПКК, Ел Каиде и Ел Шебаб паѓа на плеќите на сите а најмногу на муслиманите.Токму заради овој факт муслиманските земји би требало да бидат едногласни во осудата на овие терористички организации и да разменат разузнавачки информации меѓу себе.

Сепак не е доволно само да се убијат терористите. Муслиманските лидери би требало да прават многу повеќе од тоа за да го блокираат бранот на радикализам кој што добива енергија од ултра десните и прекумерни средини.Тие мораат да вложат голем труд за да ги придобијат младите поколенија.

Едно друго акутно прашање односно проблем во муслиманскиот свет е поделбата на секти.Тоа на најадекватен начин е видливо во тензиите меѓу сунитите и шиитите кои ги подриваат муслиманските заедници и предизвикуваат поделби и бескрајни меѓусебни судири.

Сите муслимански земји почнувајќи од Иран,Ирак,Либан,Саудиска Арабија, Кувајт и Пакистан морат да вложат големи напори за да излезат од вртлогот на секташките поделби кои само ги слабеат како држави и ги водат во ќорсокак. Сите треба да бидеме свесни пред се дека сме Муслимани,дека веруваме во светата книга Курани Ќерим дека сме на патот на нашиот Пејгамбер и дека се вртиме кон Ќабата.

На 13 самит во Истанбул се дискутираше за неуспешни влади и слаби држави, за сиромаштија, невработеното младо население, еколошки проблеми, лошата урбанизација, немањето подеднакви можности, насилство врз жената, образованието, хуманитарната помош и микрофинансиите.

За овие деликатни прашања секако дека одговор не можеме да најдеме преку ноќ, но доколку имаме еднакво мислење за нив ќе можеме полесно да ги надминеме. Со тоа за Муслиманскиот свет ќе се создадат нови можности.

Ќе треба да почнеме првин од нас самите, а потоа од нашето потесно и пошироко опкружување за да можеме конечно да допреме до сите чинители и единки на нашата муслиманска заедница.



Слични вести