Што би било кога американски сенатор ќе рече дека на Израел треба да му се суди за злосторства?

Американскиот сенатор Патрик Лихи бара да се истражуваат ѕверските убиства извршени од страна на Израел и Египет со помош на американската армија.

465967
Што би било кога американски сенатор ќе рече дека на Израел треба да му се суди за злосторства?

Американскиот сенатор од редовите на Демократската партија​ Патрик Лихи откако побара да се истражуваат „сите прекршувања на човековите права“ извршени од страна на Израел и Египет кои се наоѓаат на чело на списокот на земји кои добиваат воена помош од САД, го изнервира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а се соочи и со укор од неговата сопствена партија.

Ова барање на Лихи пристигна неколку дена по објавувањето на снимките од убиството без пресуда од страна на еден израелски војник на Палестинец додека лежеше ранет на земјата во градот Хеброн (Халил) на Западниот брег, што пак стана еден од последните знаци за тоа дека поддршката на американската армија на десничарската влада на Израел постепено се претвора во политичка затегнатост.

На 17 февруари сенаторот Лихи испрати писмо до 10 членови на Конгресот од Демократската партија и на државниот секретар Џон Кери. Во писмото кое на крајот на март беше споделено и со јавноста се вели следното: „Се забележува вознемирувачки раст во бројот на извештаите за безбедносните сили во Израел и Египет во врска со масовните случаи на прекршување на човековите права. Тоа се настани кои што се однесуваат на страни кои примаат или постои можност да примаат американска воена помош. Бараме да реализирате истражување во врска со тоа дали овие извештаи се точни или не и да не информирате во врска со резултатите кои што ќе се добијат.“

Писмото на сенаторот наведува дека американската администрација можеби го прекршува законот на Лихи и се истакнува дека целта на оваа законска рамка е доколку државниот секретар-министерот за надворешни работи- се стекне со доверлива информација околу тоа дека безбедносните сили на една странска земја ги прекршуваат човековите права да се спречи американската воена помош која што и се доставува на оваа земја.

Во писмото стои дека според извештаите на Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ и други организации за човекови права; и лицата Фади Алоун, Саад Ал-Атраш, Хадел Хашламун и Мутаз Евиса кои беа убиени од страна на израелската армија и полиција исто така можеби се егзекутирани без пресуда. Освен тоа постојат извештаи во правец на тоа дека во случаите со Васим Маруф и Ахмед Манасра било вршено измачување.

Авторот на „МондоВајс“ Филип Вајс вели вака: Мнозинството од потписниците не се белци и тоа Ханк Џонсон, Андре Карсон, Еди Берни Џонсон, Елеанор Холс Нортон. Тоа има одредена врска бидејќи како што рече во Колумбија во понеделникот вечер Тамара Кофман Витес, бидејќи основата на Демократската партија повеќе се поместува кон црнечките групи и Латино групите кои гајат симпатија кон Палестинското прашање, присутната поддршка на Израел во Америка полека се политизира.

Писмото на Лихи вреди да се земе во предвид поради тоа што ги поставува еден до друг случаите на прекршувања на Израел и суровоста во Египет (вклучувајќи го и масакрот на плоштадот Рабиа во 2013 година), а бидејќи тоа претставува редок потег кој може да се види во американската политичка средина во која Израел често се поставува во позиција во која не може да се критикува. САД секоја година му доделуваат воена помош на Израел од 3,1 милијарда долари, износот на помошта на Египет изнесува некаде околу 1,5 милијарди долари и согласно договорот од Камп Дејвид помошта која што и се доделува на оваа земја ја финансира воената хунта која пак применува неверојатен притисок. Овие две земји во 2014 година добија повеќе од 75-отсто од американската воена помош која беше доставена во светски рамки.

Писмото со заедничко осудување наиде на остра реакција од страна на искусниот член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот од Демократската партија Бен Кардин кој собира голема сума донации од произраелското лоби. Според колумната објавена во недела во информативниот орган „Форвард“ Кардин рече: „Овде не може да се прави споредба. Во Израел функционира принципот на владеење на правото. Постои систем кој што овие единки ќе ги прогласи за одговорни и казни од правен аспект. Од овде не може да стане збор да се извлече нешто еквивалентно.“

Минатата недела во среда израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху покажа остра реакција велејќи „Израелските одбранбени сили и израелската полиција немаат врска со убиствата. Израелските војници и полициски сили со највисоки морални вредности се одбрануваат себе си и недолжните цивили против терористи кои доаѓаат за да ги убијат.“

Дахлиа Шеиндлин од „+972 Magazine изјавите на Нетанјаху ги окарактеризира како „серија лаги“. Од еден извештај на Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ објавен во февруари 2014 година е дојдено до заклучок дека Израел ги убива и ранува Палестинците вклучувајќи ги и децата без притоа да води било каква грижа. Кусо време по појавата на овие наоди Израел го започна нападот врз Газа кој што траеше во текот на 51 ден. Притоа беа убиени вкупно 2,415 Палестинци од кои повеќето беа цивили и најмалку 578 деца.

Според Организацијата за Меѓународна одбрана на децата-Палестина во текот на 2015 година најмалку 28 деца беа смртно ранети од страна на израелските сили, а тоа пак делумно произлезе од израелската политика „ пукање заради убивање“.

Освен тоа американскиот сенатор Патрик Лихи како одговор на тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „20 години како Законот на Лихи се применува подеднакво за сите земји во светот и кога станува збор за доделување на американска воена помош истата не им се доделува на безбедносните сили во општа смисла, туку само на одредени воени единици.“ Лихи во продолжение рече: „Тоа е само за да не бидат обесправени американските даночни обврзници и како потреба на принципот на владеење на правото во чија одбрана застанува нашата земја.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој фрли чекор со кој што уште повеќе за зголеми глобалната дискусија во петокот го побара по телефон американскиот државен секретар Џон Кери од кого побара да изјави дека Израел не е одговорен за убиствата без пресуда.

Додека продолжуваше дискусијата Нетанјаху го достави и своето барање до САД за воена помош во износ од 4,5 милијарди долари годишно.

Меѓутоа Раед Жарар, одговорен за владини односи на Комитетот на организацијата пријатели на Америка, во дадената изјава за „АлтерНет“ рече: „Управата на Нетанјаху оди кон толку голема прекумерност во своите политики и применувања што она што го прави невозможно продолжувањето на политиката на отворен чек на САД.

Копретседателот на Меѓународниот комитет на националната адвокатска унија Сузан Адели вели: „Израелскиот напад врз Газа во 2014 година и масакрот на плоштадот Рабиа во 2013 година во Египет претставуваат една пресвртница. Од главните медиуми започна да се слуша се посилен глас, владините функционери и обичните американски граѓани рекоа дека веќе е доста.“



Автор: Сарах Лазаре, АлтерНет




Слични вести