Нова турска визија 14/2016

Луѓето поради тоа што имаа надеж за мир одобрија да се преговара со ХДП/ПКК. Меѓутоа веќе отворено се виде дека терористичката организација не посакува да се постигне мир. Нашиот народ апсолутно нема да дозволи да се постави нова маса за преговори

465330
Нова турска визија 14/2016

Не! Го прекрши договорот.

Еден стар човек со зелено палто на себе наеднаш упадна внатре од работилницата, со неочекувана вештина од неговата возраст го впери оружјето кон оние кои со зачудени погледи се усмерија кон него и пукаше на секој оној кој ќе застанеше пред него, набрзина се качи по степениците кои директно водеа кон канцеларијата на горниот кат, усмерувајќи се кон човекот кој се тресеше од страв пред него и не можеше да го држи добро ниту оружјето во својата рака рече:

- Јас ти реков дека гарантирам за детето. Ти реков дека ако имаш проблем треба да зборуваш со мене.“

Велејќи „Не го одржа зборот, го уби детето“, го фати човекот за вратот ја притисна неговата глава на масата и со оној негов познат оригинален говор рече:

- Не! Го прекрши договорт...

Звук од еден истрел и флеќи од наоколу распрскана крв...

Оваа впечатлива сцена која што се обидов да ви ја опишам во врска со изразот договор, дадените зборови и евентуалните последици е од филмот „Ешкија“ (Разбојник).

Општеството во Турција трепети во едно крваво сценарио чија фикција, актери и цели веќе долго време во никој случај целосно не се разјаснуваат. Така што само за да би престанало крворполевањето што побрзо е дојдено во положба да му прости дури и на оној за кој што никако нема сомневање за тоа дека е „убиец на бебиња“. Во нашиот живот е влезен како кошмар, како црна сенка надвиснал над нас. Што поскоро сакаме да се разбудиме од овој лош сон кој не задушува и не остава без здив.

Луѓето толку многу копнеат да упаднат во едно свежо време, да доживеат една убава пролет, да разговараат со цвеќињата по ливадите, така што секој Невруз не го сметаат само како пролет, односно само како годишно време, туку го сметаат речиси како пролет на својата судбина.

Заедно со власта на АК Партијата почна да се наговестува пролетта, луѓето почнаа да веруваат дека може да настапи пролет.

Меѓутоа терористичката организација и нејзините компоненти посегнаа по секој пат за да го попречат овој тек. За време на власта на АК Партијата, терористичката организација и нејзините компоненти точно 11 пати (во Даглиџа, Актутун, Решадије, Силван, Урфа, Џејланпинар и т.н.) посакаа да го прекинат со крвави акции, односно со тероризам процесот за решение. Меѓутоа АК Партијата не им обрна внимание на овие попречувања и продолжи по својот пат.

Таа посака со паѓањето на последниот огнен жар да настапи пролет.

Луѓето од регионот располагаат со искуство и индивидуална мудрост со кои што постојано во секој момент ги набљудуваат сите процеси на промена. Човекот во текот на илјадници години се стекна со искуство и виде како огнениот жар кој што ќе падне на почвата ја затоплува земјата, огнениот жар што паѓа во водата ги омекнува дождот и водата и огнениот жар што паѓа во воздухот ја претвара атмосферата во благ ветар кој што го милува човекот. Луѓето сакаа и оваа пролет заедно исто како и невруз да дојде спокојство во земјата и на планините, да пристигне пролетта. Посакаа што поскоро да престане оваа кавга која не е нивна.

Државата се обиде да определи патна карта од сето она што го велеа сите оние кои што ги изнесоа своите барања на преговорите и да дојде пролетта. Преговорите започнаа и се продлабочија. Само што почна да се буди природата терористичката организација повторно ги започна крвавите акции и интриги.

По извесно време се промени атмосферата. Терористичката ПКК и нејзините компоненти го прекршија договорот.

Водачот на терористичката организација со едноставна ориентална интрига го зголеми насилството и постави стапица за да ја загарантира сопствената иднина. Тоа беше една таква интрига што секогаш кога велеше „јас не барам ништо, мојата слобода не е значајна“, всушност единственото што го бараше беше неговата лична иднина.

Со тоа ќе се зголемеше насилството, наоколу ќе се пролееше крв и за да се спаси од оваа состојба ќе упатеше повик до земјата и политичките актери и дури и до Големото Народно Собрание. Тоа беше кукавичко сценарио. Во земјата и регионот наоколу ќе се пролееше крв, ќе се појавеше хаотична средина, луѓето ќе беа избезумени.

Меѓутоа цел на преговорите беше да им се наговести пролетта на Курдите. А не на крволочните убијци.

Сега терористичката организација преку својот политички продолжеток сака повторно да се врати во некогашните денови и повторно да ја манипулира оваа крвава сцена која веќе е дешифрирана.

На ова веќе никој не му верува. Пред се не веруваат и Курдите.

Терористичката ПКК и нејзините компоненти изнесувајќи ги како причина убиствата извршени лично од нивна страна го завршија процесот. Вистинската причина поради која ги завршија преговорите беше тоа што работите беа во колосек.

Сето тоа ја симна онаа маска на мир и демократија на терористичката организација. Се виде дека вистинската причина не е курдското прашање. Од секој граѓанин во регионот на кого и да му се подаде микрофонот се слушаат зборови дека вистинската цел на оваа градба не се Курдите.

Луѓето поради тоа што имаа надеж за мир одобрија да се преговара со ХДП/ПКК. Меѓутоа веќе отворено се виде дека терористичката организација не посакува да се постигне мир. Нашиот народ апсолутно нема да дозволи да се постави нова маса за преговори.

Затоа моето лично уверување е во правец дека нема да се водат нови преговори со оваа екипа.

Според мене не се гледа за можно да започне еден нов процес. Не мислам дека уште еднаш ќе се водат било какви преговори без Селахаттин Демирташ да биде изнесен пред суд, да биде обесен терористичкиот водач Оџалан, да биде фатен Мурат Карајилан и да ја добијат заслужената казна оние од чија страна се користат како маша.



Слични вести