Раскажи ми за Исламот 13/2016

Денес ќе говориме за причините за создавањето на Шејтанот - Ѓаволот,за заблудата и за начините за ослободување од неа

462888
Раскажи ми за Исламот 13/2016

Вистинското име на Ѓаволот е Иблис и тој исто како и џиновите е создаден од оган. Неговата основна задача е да му служи на Аллах. Пред да биде создаден Ѓаволот живеел заедно со ангелите. Тој бил многу љубоморен кога Аллах го создал Адем, така да како резултат на таа негова љубомора се спротивставил на Аллаховата наредба да му служи на Адем. Ѓаволот паднал на испитот поради својата ароганција и преголема гордост. После тоа бил избркан од околината на Аллах и го добил надимакот Шејтан - лошиот и грдиот.

Во светата книга Курани Ќерим пишува дека Ѓаволот е отворен непријател на човекот, дека секогаш сака да му напакости и дека постојано повторува дека Аллах ги создал луѓето и Ѓаволот за да бидат непријатели. Во еден хадис на Хазрети Пејгамберот Мухамед (сав) се вели дека Ѓаволот се шета по човековото тело исто како што крвта се движи во вените. Правејќи на тој начин паралела меѓу Ѓаволот и крвта. Исто како што крвта достигнува до сите ќелии во човековиот организмот исто така и Ѓаволот циркулира по вените на човекот и со сите сили се труди да го оддалечи од доброто и убавото. Токму заради тоа човекот секогаш треба да биде претпазлив и навреме да одговори на сите предизвици и искушенија на Ѓаволот.

Ѓаволот се има зарекнато дека постојано и со сите сили ќе настојува да ги оддалечи луѓето од Аллах и од добриот пат и да ги натера да скршнат на лошиот пат и да прават лоши дела. Во врска со тоа во Куранот пишува: „Бидејќи ме извади од пат,јас ќе лежам во заседа за да ги мамам твоите добри луѓе а потоа ќе ги нападнам и од нивна десна и од нивна лева страна, и од напред и од назад и Ти тогаш ќе видиш дека повеќето од нив нема да те благословат и нема да ти бидат благодарни. “ Исто така и нашиот Пејгамбер Хазрети Мухамед (сав) за тоа има речено : „кога еден муслиман ќе се накани да направи некое добро дело, тогаш Ѓаволот со сите сили се труди да му застане на патот, да го предомисли за тој да се откаже од намерата.“ Ете токму овие зборови на пејгамберот сосема јасно кажуваат дека најголемата желба на Ѓаволот е човекот да падне ниско пред Аллах и да биде понижен.

Кога ќе се читаат ајетите во Куранот во кои што се опишува искушението на Хазрети Адем и неговата жена Хавва со Ѓаволот, ќе се види дека Ѓаволот ги знае и ги користи сите слаби страни на човекот за да го натера да скршне од Аллаховиот пат. Во зависност од ситуацијата Ѓаволот понекогаш им дава лажни ветувања на луѓето,понекогаш ги заплашува дека ќе може да го загуби животот, имотот или семејството, а понекогаш користејќи го Аллаховото име ги тера на погрешен пат. Ѓаволот нема сила со која би можел да влијае на луѓето,туку тој се користи со нивните слабости и бескрајни желби кои мошне добро ги знае.

Во Исламот Шејтанот -Ѓаволот е симболот на сите лоши нешта. Во Исламот сите лоши работи му се припишуваат на Ѓаволот а сите добри на ангелите. Во Куранот сите лоши дела се поистоветуваат со Ѓаволот. Освен тоа во Куранот не се спомнува само еден Ѓавол туку голем број Ѓаволи, што е директна симболизација на постоење на голем број лоши дела или суштества. Муслиманот целиот свој живот се бори со нив.

Ароганцијата е најголемата карактеристика на Ѓаволот. Кога го запрашале зошто не му се поклонува на Адем, тој одговорил: затоа што јас сум пополезен од него, затоа што сум создаден од оган, а Адем е создаден од кал. Ете затоа не му се поклонувам.

Оваа ароганција и оваа непотребна гордост на Ѓаволот била причината зошто Аллах го избркал од неговата близина. Го казнил и го проколнал. Кога во Куранот се опишува Ѓаволот истовремено се делат лекции за тоа дека човекот не би требало да биде жртва на сопственото его и на сопствената ароганција.

Една друга негативна особина на Ѓаволот е што тој постојано го тера човекот да падне во заблуда. Постојано се поигрува со неговата потсвест и го тера на лош и погрешен пат. Го тера да прави нечисти и лоши работи наречени харам. Ова го прави особено кога верникот се моли или прави ибадет. Се труди да го од тргне од оваа негова намера, да му всади сомнеж во неговиот ум и душа,па дури и да му смета додека се моли или клања намаз.

И покрај сите овие особини на Ѓаволот Аллах не го оставил човекот осамен, туку му испратил ангели чувари и сопатници кои го следат преку целиот негов живот на овој свет. Семоќниот Аллах има ветено дека ќе ги чува сите свои верни робови кои постојано го изговараат неговото име. Тој вели :„ Ако Ѓаволот те поттикне да направиш нешто лошо,ти засолни се кај Аллах. Бидејќи тој слуша се и знае се. Сите тие верници кои го почитуваат Аллах ќе подзастанат и ќе се позамислат секогаш кога Ѓаволот ќе ги втурне во заблуда.

Со овој ајет Аллах им кажува на верниците Муслимани што да прават кога Ѓаволот ќе се обиде да загосподари со нивниот ум и нивната воља.



Слични вести