Нова турска визија 13/2016

Познатиот мислител Хосе Ортега Ј. Гасет раскажува како и зошто неколку лица кои стануваат сведок на еден настан тој настан го перцепцираат или сфаќаат различно

460070
Нова турска визија 13/2016

Познатиот мислител Хосе Ортега Ј. Гасет во неговата книга „Дехуманизација на уметноста“ вака раскажува како и зошто неколку лица кои стануваат сведок на еден настан тој настан го перцепцираат или сфаќаат различно: „Еден познат човек лежи на болна постела. Неговата сопруга стои покрај неговата постела. Лекарот го опипува пулсот на човекот кој е пред умирање. Во позадината на планот се наоѓаат уште две лица; Еден дописник кој поради оправдана причина се наоѓа таму и еден уметник кого таму го донела среќата. Жената, лекарот, дописникот и уметникот стануваат сведоци на ист настан. Меѓутоа ова е само еден настан. Мошне е тешко да се рече дека волку многу погледи имаат заеднички именител. Толку е голема разликата помеѓу неговата несреќна сопруга која не може да стори ништо освен да жали и уметникот кој настанот го следи без жалење што невозможно е да се рече дека и двајцата се сведок на ист настан. Тогаш би можело отворено да се каже дека една иста вистина кога ќе се погледне од различни аспекти се дели на неколку вистини. Ни доаѓа на ум прашањето „Која ли од овие вистини е правата вистина и реалност?“. Одговорот, независно од тоа каква одлука ќе донесеме ќе биде целосно самоволен. Изборот на едната од другата може да произлегува само од нашите каприциозности. Сите вистини се еднакви и секој поглед е во согласност со погледот на лицето кое гледа. Единственото кое што би можеле да го направиме е да ги класифицираме погледите (одделно да ги ставиме во заграда) и да се утврди најнормалната или спонтаната меѓу нив.

Да се располага со различни рефлекси пред ист настан секако е природна состојба. Секој гледа кон светот од рамката на идеологијата со која располага и која го зацртува неговото верување и во тоа не постои состојба која би била оценета за чудна.

Денеска Европа својот сопствен поглед му го наметнува на целиот свет. Отворено е тоа дека обезбедуваат една голема самодоверба можностите кои што ги нуди придобивката во врска со универзалните човечки вредности и демократијата. Меѓутоа оваа состојба истовремено не значи дека секогаш прават и ќе прават правилни работи.

На пример експлозиите во Брисел би можеле да ги оцениме во овие рамки. Тероризмот нема своја религија, етничка припадност, идеологија и регион. Навистина е така. Насилството и тероризмот не се истоветуваат со ниту еден човечки или хуманитарен заеднички именител. Како би имал своја идеологија оној кој ги масакрира луѓето кои немаат никаков грев и кои само живеат во Брисел или се затечени таму случајно? Кое верување го одобрува масакрирањето на недолжните луѓе? Кое етничко потекло би можело своето постоење да го изгради над смртта на друг?

Тероризмот денеска е дојден во положба на најзначаен проблем на светот. Две прашања се неодречиви, односно прашања без кои што се не може, во борбата против тероризмот. Едното е меѓународната соработка, а другото борбата против тероризмот. Секако дека ќе постои соодветна санкција против секој терорист, меѓутоа треба да се елиминира и идејата која е извор на тероризмот.

Ниту една човечка вредност не може да се здобие со нечовечни методи и со ѕверски масакри. Во денешен свет Западот располага со најболни искуства по ова прашање. Согледаа како управите и идеологиите кои насилно ги наметнуваа лични разбирања се преобразија во фашизам.

Се наоѓаме во свет во кој сме задолжени сите заедно да се испречиме пред тероризмот и да ги излечиме раните предизвикани од тероризмот. Бидејќи светот без да признае никакви граници веќе е интегриран во еден во друг вовлечени настани. Нападот во Анкара е извршен на Брисел, а нападот во Брисел е извршен на Анкара.



Слични вести