Килис кандидат за Нобелова награда

Пограничниот турски град Килис во изминатите 4 години прими многу повеќе бегалци од Сирија од вкупниот број на своето население.

458399
Килис кандидат за Нобелова награда

Граѓаните на Килис во секојдневна соработка и заедничко делување со градските власти вложуваат напори да им излезат во пресрет на барањата на бегалците сместени во нивниот град. Килис кој во изминатите 4 години се покажа како успешен во оваа хуманитарна акција деновиве се истакна како кандидат за Нобеловата награда за мир.

„Мислам дека во светот може да се најде многу мал број на примери на глобално солидаризирање„

Килис кон крајот на 2015 година броеше 106.293 жители а денес во градот и неговата околина живеат околу 120 000 бегалци од соседна Сирија. Предлогот за истакнување на Килис за Нобеловата награда за мир го подготви Ајхан Сефер Устун пратеник од АК Партијата од Сакарја. Во писмото до комитетот на Нобеловата награда Устун го истакнува следното : Почитувани членови на комитетот. Ве молам замислете само што би се случило кога во центарот на Париз град со 2,5 милиони жители само во строгиот центар би биле сместувани исто толку бегалци од региони во кои се водат војни. Или кога во тримилионски Лондон би биле прифатени исто толку бегалци. Замислете само што би правеле и што би помислиле Англичаните во тој случај. Замислете ценети членови на комитетот во Осло со 1 милион жители да пристигнат и да бидат сместени исто толку 1 милион бегалци од завојуваните краишта од светот. Која би била границата на толеранцијата и издржливоста во тој случај? Во Килис се случи нешто сосема неочекувано. Граѓаните на овој град го делат секој дел од својот секојдневен живот и својот град со дојденците од соседна Сирија. Мислам дека во светот нема сличен пример на меѓусебна толеранција и солидарност со другиот во невоља.

„Еден турски град кој што прави многу за бегалците од Сирија истакнува дека спремно ја дочекал номинацијата за кандидат за Нобеловата награда за мир.“

Секојдневните активности кои што ги организираат градските власти на Килис и обичните граѓани со цел олеснување на животот на бегалците од Сирија, како што се на пример курсевите за јазик, образование на децата бегалци, организирање забавни активности за децата бегалци, добротворни активности се само дел од дијапазонот на мноштвото кои станаа причина овој пограничен турски град да се истакне како кандидат за Нобеловата награда за мир. Согледувајќи го сето тоа бирото за иселеници на американскиот секретаријат за надворешни работи преку својот официјален Твитер профил напиша дека турскиот град Килис кој направи многу за згрижување на беглаците од Сирија спремно ја дочека кандидатурата за Нобеловата награда за мир.

Најголемиот број од бегалците од Сирија пристигнаа токму во соседна Турција. Во Турција која досега потроши над 9 милијарди долари за згрижување на бегалците од Сирија се евидентирани 2.734 000 бегалци од Сирија. Скоро 283 000 од нив се сместени во 26 кампови од бараки сосема современо опремени со сите средства потребни за едно домаќинство. Во овие кампови од бараки постојат продавници, училиште, детски градински и јасли, простори за одржување на разни курсеви и тоа сето е бесплатно, на трошок на турската држава. Во 2012 година најголемиот од нив, кампот кај Онџупинар го посети Антонио Гуерес висок претставник на ОН и тој во оваа прилика сосема задоволен од сето она што го виде во кампот рече дека кампот претставува вистинска гордост како на Килис така и на Турција и би требало да послужи за пример за целиот свет. Гутерес кампот го посети во придржува на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли висока претставничка на ОН која тогаш изјави дека на ниту едно друго место во светот не видела слично опремен камп за бегалци. Децата и семејствата на бегалците се благодарни на Турција и на турските власти за грижата за нив .Се надеваме дека и во останатите делови од светот ќе се постават кампови за бегалци со сличен стандард како камповите во Турција, додаде Џоли.

И покај тоа што од тогаш до денес Турција не доби било каква материјална помош за бегалците од меѓународната заедница, турските власти со сите сили настојуваат да го одржат стандардот на нивото на кампот Онџупинар кај Килис во сите бегалски кампови во земјава.



Слични вести