Нова турска визија 12/2016

Новата визија на Турција во светот на промени

455443
Нова турска визија 12/2016

Денеска околу безбедносните мерки кои што се преземаат во врска со терористички настани и во различни делови на светот најмногу се приговара преку изразот „слобода“.

Има и такви кои приговарат или се противат прашањето да се разгледува во рамките на едно вакво двоумење. Впрочем слободата не е прашање за кое што би можело да се дискутира зависно од ниту еден услов.

Постои еден познат збор кој што му се препишува на Мусолини; „Дали сакате леб или слобода?“ Овој збор ионака нас не осудува на избор на едниот од овие две витални прашања. Затоа пак содржи фашистичка ментална градба.

Во овој збор постои приод кој што им се заканува на можностите да кажеме дека сакаме и слобода и безбедност.

Денеска насилството и тероризмот кои со можностите што ги обезбедува демократијата наоѓаат погодна средина за живот сакаат да создадат сериозен хаос во земјата.

Ако е така дали демократијата треба да се суспендира?

Секако дека нема состојба која ќе налага да се направи тоа и секако дека треба да се обезбеди функционирањето на демократијата.

Меѓутоа секојдневно се поставува прашањето како би можеле да ги контролираме елементите на насилство кои ја злоупотребуваат оваа средина на демократија?

Ова прашање во основа е едниот од така да се каже најзначајните безизлези на модерниот свет.

Не е лесно колку што се мисли и од една страна да и се признае прилика на слободатата на изразување и организирање и од друга страна да се контролира организирањето на идеологиите кои содржат насилство.

Прашање кое што најмногу го нагласуваат либералите е државата со преземање на неопходните мерки да ги исчисти оние кои би можеле да применуваат насилство.

Несомнено оваа логика на замисла е точна и на место.

Односно ионака не мислам дека постои одреден проблем во однос на прашањето „Да за слободата на изразување, но не за насилство“.

Според мене најзначајниот проблем на денешницата е во врска со содржината и импликациите на овие два изрази.

Треба да се одлучи што содржи слободата, или пак што значи слобода.

Логиката која што се води преку одредена реторика која што речиси не ја знае никој, која е имагинарна и за која никако не е јасно што содржи, не е во можност да ги забележи или сфати структурите кои содржат или не содржат елемент на насилство пред да се реализира тоа насилство.

Во средина во која терористичката организација применува акција на една крвава стратегија против целокупните човечки и општествени факти вклучувајќи го и државниот авторитет, не е можно а да не се покаже заинтересираност за тоа што содржи слободата.

Турција по ова прашање не може да ја земе за референца дефиницијата за слобода која што се потпира на онтолошките податоци на едно друго општество, туку треба да се земе за референца дефиницијата која се потпиша на културни податоци.

Зошто изразот на слобода за кои велат дека е дефинирана според универзални критериуми никако не влијаат на зајакнување на нашата суштина или нашиот идентитет?

Бидејќи пред нас се наоѓа еден израз на слобода чија содржина е определена целосно со културни кодови.

Турција се соочува со една нова форма на тероризам и за да ја елиминира оваа нова форма на тероризам нема да биде доволно да ја развие само својата способност на борба. Таа истовремено треба да се стекне со една нова мисла и во мисловна или интелектуална сфера.

Треба заедно да ги проценува особено историските услови и општествените проблеми со кои се соочуваме во денешни услови. Затоа мора наново да ги пополни постоечките или актуелните социолошки изрази.

Она што треба да се нраправи можеби е да се обнови дефиницијата во врска со слободата. Можеби и не е лесно да се разјасни за која или каква слобода се говори, меѓутоа да остане неразјаснето едно прашање од животно значење и се заканува не само на физичката безбедност, туку истовремено и на менталниот спас.

Имено тогаш кога не сме ментално и умствено безбедни вредност која најмногу и се наштетува е правдата, односно правото.

Позната е приказната на божјиот пратеник хазрети Давуд. Двајца браќа излегуваат на суд пред хазрети Давуд и едниот вели: Еве ова е мојот брат. Тој има 99 овци за јагнење, а јас имам само една овца. Ми рече да му ја дадам и таа една овца за јагнење и ме убеди во тоа.“

По ова хазрети Давуд сфати дека не е значаен системот на правда што го формирал, туку дека многу позначајно е чувството на правда во совеста.

Навистина и доколку би бил воспоставен еден совршен систем на правда доколку не се вкорени во совеста на луѓето на крај не може да се промени ништо.

Турција се соочува со тероризам и насилство кои имаат мошне сериозни резултати. Таа исто така располага и со сериозни можности за елиминирање на овие предизвици, меѓутоа нејзиното искуство од минатото по ова прашање природно ја загрижува.

Таа е загрижена дали би можел да се појави проблем кој што би довел до уште повеќе влошување на состојбата.

Оваа чувствителност понекогаш станува причина за злоупотреба.

Турција посакува од една страна да ги преземе неопходните безбедносни мерки, а од друга да не направи отстапка од слободите.

Единствениот пат ова да се систематизира на здрав начин е на сите изрази кои што ја сочинуваат оваа сфера за која станува збор да им се придаде значења во историски и општествена рамка.

Затоа мораме изразите и фактите да ги дефинираме наново.

Тероризмот веќе е изменет. Треба да се промени и приодот на безбедност.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит


Слични вести