Ибрахим Калин :Битката кај Лепант, две приказни за ропство и враќање дома

Битката кај Лепант (1571) можеби е едниот од настаните за кои што се знае најдобро во историјата на Османлиско-европските односи кои имаат долго минато.

455035
Ибрахим Калин :Битката кај Лепант, две приказни за ропство и враќање дома

Симболизмот, спомените и чувствата кои ги буди оваа битка од 16-от век , останаа како вечни во споредувањето на исламските и западните перцепции. Освен тоа што беше една поморска битка,може да се рече дека таа со неочекувани патишта ги спои судбините на многу различни луѓе. Типичен пример за тоа се приказните кои стануваат сведок на еден во друг вовлечени настани како што е враќањето дома во состојба на ропоство, разделба и најнеочекувани состојби на Мигуел Сервантес како еден од фигурите во подем на Западната книжевност и на најпознатиот шпански писател од Средниот век и на османлискиот државник, поет и историчар Хинди Махмуд.

Победата на Османлиите од страна на европската флота под команда на Австриецот Дон Џон во близина на Лепант (Инебахти) во Коринтскиот залив во денешна Грција сосема заслужено секаде стана голема вест. Европејците доживеаја поголем шок од Османлиите: За прв пат беа поразени стотици години непоразените Турци и Средоземното Море повеќе не беше „Турско езеро“ како што се дотогаш стравуваше Европа.

Секаде во Европа беа организирани големи прослави и беа приредени гозби. Владееше победоносна атмосфера. Блиску беше „падот на Турците“. Бог кој поради нивната неверност и нивните гревови ги беше напуштил добрите Христијани во Европа на крај повторно им беше дојден на помош. Папата Пие петти кој за време на победата на Лепант одигра значајна улога се стекна со добра позиција за започнување на нова војна против Сарацените.

Меѓутоа оваа победоносна прослава не траеше многу долго. Истата година Осмалиите го освоија островот Кипар. Повторно ја изградија својата флота и се вратија со многу поголеми сили. Садразамот на османлискиот султан Селим втори, Мехмет паша Соколовиќ на посланикот на Венеција Маркантонио Барбаро му ја кажа оваа позната реченица: „Дојдовте за да видите како излеговме на крај со оваа несреќа, меѓутоа би сакал да го привлечам вашето внимание кон разликата помеѓу нашата и вашата загуба. Заземајќи го Кипар од вас ние ви ја пресековме раката; поразувајќи ја нашата флота во Лепант вие ни ја избричивте брадата. Исечената рака никогаш нема да порасне, но избричената брада уште погусто ќе нарасне.“ Долги години после тоа Волтер кој никогаш не ја избегнувал можноста да ја искористи својата практична интелигенција и цинизмот го рекол следното: „По се изгледа дека Турците победиле на Лепант.“

Битката на Лепант зад себе остави многу траги. Во текот на стотици години кои следеа ги обликуваше политиките, перцепциите и однесувањата, како во Европа така и во Османлиското царство. На европските и османлиските територии се раширија приказните за јунаштво, пожртвуваност, ропство и враќање дома. Овие приказни до неверојатен степен ја развија моќта за фантазија на идните поколенија. Меѓу нив вреди да се споменат шпанските и османлиските приказни како од аспект на историскиот контекст,така и од аспект на книжевната интелигенција и меѓу културното значење.

Мигуел Сервантес исполнет со верба и љубов кон татковината во 1571 се приклучи кон европските војски за да застане против Османлиите во Лепант. И покрај болеста и постојаните предупредувања на командантот тој сепак излезе на бојното поле и беше ранет од раката. Меѓутоа тој оваа состојба ја оценуваше како дар на Бога, бидејќи пишувањето како негово најсилно оружје како писател овозможи да се фокусира на неговата рака. Сеќавајќи се со гордост на деновите од војната рече: „Тој ден јас бев таму.“ Меѓутоа по долги години Сервантес беше грабнат од страна на муслимански пирати и беше однесен во Алжир. Таму живееше 5 години живот во ропство. Во поголемиот дел од своите дела на пример во „El Trato de Argel“ (Алжирски заробеник), „Los Banos de Argel“ (Алжирските зандани) и секако во неговото најпознато дело „Дон Кихот“ раскажува за ропството кое го поминал во Алжир. Во 1580 година со посредство на монашкиот ред на Пресветото тројство кое учествувало во плаќањето на неговиот откуп бил ослободен од ропство.

За време на петгодишниот живот во ропство на Сервантес во неговата татковина започна дискусија. Што беше направил во овој период? Дали беше извршил предавство на своето верување? Дали беа точни тврдењата дека тајно станал муслиман? Како ги објаснуваше добрите односи со емирот на Алжир Хасан Паша. Точно дека четири пати се обидел да избега но ниту еднаш не бил казнет кога бил фатен после бегството. Напротив сосема добро се однесувале кон него. Зошто? Сите овие прашања несомнено многу ги загрижувале Шпанците. Сепак Сервантес никогаш не се откажал од мислата да избега. Додека го живееше животот под ропство во Алжир ги набљудуваше другите затвореници муслимани, христијани, евреи и другите. Во исто време се стекнуваше со знаења за Исламот како религија, со северноафриканската географија и со други поединости што уште повеќе го збогати неговото знаење. Сервантес не беше либерал или плуралист. На Исламот гледаше низ призмата на измислените христијански приказни, легенди и предрасуди. Најверојатно и го мразеше своето робување. Сепак и покарај тоа тој се стекна со можноста да дознае многу за Алжир и за исламот во 16.век од неговите чести контакти и разговори со алжирските челници.

Една друга личност која ја определи судбината на битката кај Лепант беше османлискиот државник, поет и историчар Хинтли Махмуд. Неговата приказна е опишана во книгата „Дневникот на Хинтли Махмуд“ во која се раскажува за неговото ропство и конечно за враќањето дома. Хинтли Махмуд е роден 1513 или 1514 година во градот Афјон во едно скромно семејство. За кратко се истакнува во тогашното општество и тоа првин како судски службеник а потоа како хазнедар (државен благајник)и конечно како амбасадор . Надимакот Хинтли го добива од тогашниот престолонаследник Селим кој подоцна ќе стане султан. Судбината се поигрува со Махмут во битката кај Лепант во која Махмуд учествувал во морнарицата. По поразот на Османлиите Махмуд паѓа во ропство кај Дон Џон. После неколку недели исцрпувачко патување Махмуд пристигнува најпрвин во Месина, потоа во Неапол и конечно во Рим. Во Рим станува затвореник во затворот на Кастел Сант Анџело (Castel Sant'Angelo) познат поинаку и како Мавзолејот на Хадријан.

Тие денови стануваат пресвртни во неговиот дотогашен живот, бидејќи таму се среќава со султанот Џем, во западот познат по надимакот Принцот Зизим. Султанот Џем бил брат на султанот Бајезид . После битката за престолот која ја добива Бајазит Џем полни 13 години поминал во изгнанство. Првин кај Родоските витези потоа кај Папата Иноќентие 8. И кај неколку европски кнезови за конечно да го загуби животот на необјаснив начин во 1495 година во Неапол. Додека беше во Рим султанот Џем постојано беше затворен во истиот затвор. Хинтли Махмуд никогаш не ја напушти вербата дека еден ден ќе се врати дома. Со солзи во очите се сеќаваше на своето семејство во Истанбул. Постојано се молеше Аллах да му даде сила. Се молеше исто така заедно со другите затвореници кои ја делеа истата ќелија заедно со него. Молитвите им даваа сила за да издржат . Чуварите на затворот им дозволија да клањаат џума намаз и да го слават денот на Раѓањето на Мухамед (сав). Во затворот со езанот гласно повикуваа на молитва .

Затворот Кастел Сант Анџело (Castel Sant'Angelo) се претвори во место за ибадет за затворениците муслимани. Хинтли Махмуд во тие затворенички денови спасот го пронајде во молитвите и во пишување поезија. Во своите мемоари му дава заслуга на Дон Џон за хуманиот однос кон воените затвореници. Но не штеди критики на име на Папата и Ватикан. Од својата затворска ќелија ги следи настаните како што биле бунтот во Рим во 1572 година, смртта на Папата Пие 5. и седнувањето на папскиот престол на Папата Грегори 8. Постојано мечтаеше дека еден ден Турците ќе го освојат Рим. Рим го нарече „Црвено јаболко“ стар турски израз за Рим.

Кога во 1575 година беше ослободен како резултат на размена на затвореници Хинтли Махмуд имаше 64 години. Животниот век го заврши во Истанбул пишувајќи ја книгата “Kisas-ı Enbiya” (Раскази за животот на пејгамберите) .Книгата ја посвети на Султанот Мурат 3. кој го ослободи од затворот во Рим.

Враќањето дома претставуваше повторно раѓање како за Сервантес така и за Хинтли Махмуд. И покрај тоа што и двајцата имаа сосема различен живот и различни искуства, сепак и кај двајцата се забележува силна воља ,надеж и трпение дека еден ден ќе се вратат дома. Освен тоа и двајцата се занимаваа со пишување. Она што е карактеристично и за Сервантес и за Хинтли Махмуд е нивното книжевно дело кое било плод на фантазија но и на меѓукултурното богатство.

Сепак тоа не е се. Нивните приказни се поклопуваат со приказните на еден друг арапски писател Хасан ал Ваззам кој живеел во 16. век и кој што бил познат по надимакот Африкански Лав. Ал Ваззам бил заробен во 1518 година и бил во служба кај Папата Лав 10. Ваззам е автор на книгата раскази „ Описот на Африка“. Еден друг арапски писател Амин Малуф ги прави бесмртни расказите на Ваззам во романот „Африкански Лав“ во кој го опишува овој извонреден човек и неговиот книжевен опус.

Сиве овие вистинити животни приказни говорат за искушението на човекот пред редица несреќи, но истовремено го привлекуваат вниманието кон различитостите меѓу западниот и ориенталниот начин на живот, верата,традициите, културата, јазикот и друго.

Сиве овие нијанси, сето тоа искушение и проблеми со кои што се соочуваат и двете цивилизации не изгубиле од значењето ниту денеска.




Слични вести