Подадената рака на Турција 10-2016

Два града, два различни приоди.. Споредба на гостопримливоста на францускиот град Кале и турскиот град Килис

451815
Подадената рака на Турција 10-2016

Како може да се разбере нивото на цивилизација на една земја? Одговорот на ова прашање ни го објаснува советникот за печат на турската хуманитарна организација Црвена полумесечина Селаетин Бостан, преку споредбата на приодите на францускиот град Кале и турскиот град Килис кон бегалците.

Како може да се разбере нивото на цивилизација на една земја или народ? Зарем само бројот на книгите за човековите права и слободи во библиотеките можат да ни го покажат нивото на цивилизација на таа земја. Одговорот на прашањето им го препуштаме на слушателите преку конкретните примери кои што ќе ги изнесеме.

Кале е пристанишен град кој се простира на северната страна на Франција. Се наоѓа на 290 км од Парис. Во Кале се наоѓа еден бегалски камп. Кампот се наоѓа во општинските граници на градот, ама е вон центарот на градот. Кампот се простира на териториите низ кои поминува градската канализација, во едно шумско подрачје. Во овој камп кој се смета дека се наоѓа во центарот на Европа живеат околу 5 илјади бегалци. Бегалците живеат со сонот од тука да преминат во Англија. Европските здруженија за човекови права и слободи како и Невладините организации подолг период ја критикуваат Франција поради лошите животни услови за живеење во кампот Кала. Бидејќи условите во кампот се толку лоши што бегалците како последица на страв од смртта посакуваат да се вратат дури во земјата од која побегнаа. Еден бегалец во интервјуто за еден угледен европски медиум го вели следното: Ги загубив другарите и брат ми. Кога пристигнавме овде, имавме доста добар и позитивен поглед и став кон европските земји и нивните граѓани. Имавме големи очекувања во врска со правдата, политиката и хуманоста. Но за жал, животот што го живееме сега во кампот е полош дури од живото на кучињата.

Бегалците на камерманите им ги покажуваат раните на телата и го изнесуваат лошото однесување на полицијата кон нив. Полицијата го применува овластувањето кое го добиле од раководството на губернијата на Кале. Накратко, Франција која брои 66 милиони жители, за жал нема хуман приод кон 5 илјади бегалци. По терористичките напади на 5 ноември во Парис, се доживува многу потрагична ситуација во Франција. Непознати лица го опожаруваат кампот Кале. Бегалците за да ги спасат животите, на бегање ги палат спомените кои ги донеле со себе. Англија пак цврсто ги затвори портите за бегалците. Бегалците во импровизираните шатори од кеси, во шумата се обидуваат да преживеат бегајќи од полицијата. Претседателот на Меѓународното здружение за правата на бегалците Угур Јилдирим, во врска со драмата на бегалците во Франција го вели следното: Дури во африканските земји не можете да видите толку лоши кампови.

Да се осврнеме на градот Килис. Тоа е град во кој живеат околу 90 илјади жители и се наоѓа на турско-сириската граница. Денес Килис е домаќин на околу 130 илјади лица кои побегнаа од војната во Сирија. Градот е домаќин на популација поголема од својот број на жители. Според евиденцијата на полицијата, во Килис нема проблеми во редот и мирот на градот предизвикани од сириските гости. Оние кои што со себе можеле да донесат пари, станале газди и отвориле деловни простори. Повеќето од нив отвориле ресторани. Околу 30 илјади од сириските гости во Килис се деца. На 75 насто од сириските деца им се дава настава согласно сириската наставна програма за образование. Затоа, по завршувањето на војната и враќањето на овие луѓе во татковината, нема да имаат недостиг во образованието. Освен образованието согласно сириската наставна програма, на децата им се даваат и курсеви по турски јазик. Истовремено се фрла семето на братството кое ќе трае стотици години. Во Килис се отворени и Мултицелни општествени центри за сириските жени. Преку курсевите во центрите, сириските жени имаат можност да научат нови професии како што е фризерка, шнајдерка и друго. На жените кои учествуваат на курсевите од страна на општината им се даваат по 250 турски лири џепарлак. Предметите кои се прават на курсевите периодично се продаваат на кермеси и се намируваат трошоците на курсот.

Граѓаните на Килис бараат да се круниса нивната гостопримливост. Бараат светот да го види овој редок пример. Затоа аплицираа за Нобеловата награда. Градоначалникот на Килис Хасан Кара, првенствено изразува благодарност на граѓаните на Килис. Свесен е дека во Килис се пишува историјата на толеранцијата и братството. Градоначалникот Кара рече дека во градовите во рамките на големите преселби во светската историја, беа доживеани големи трауми. Но во Килис се пишува историја. 5 години Килис како ги отвори своите прегратки на мир, братство и трпение за сириските гости. Тоа е пример за целиот свет, не само за Турција. Хуманитарците во светот и сите оние претставници на организациите кои што говорат за правото на живеење треба да дојдат во Килис, да го испитаат примерот на градот и да му го пренесат на светот.

Последното прашање кое му го поставивме на градоначалникот Кара истовремено има и својство на одговор. Како може да се разбере нивото на цивилизација на една земја? Одговорот на градоначалникот Кара гласи: Иако Европа ја напиша книгата на хуманизмот, Килис е единствениот град во светот кој го доживеа и ја живее хуманоста. Не само за сирискиот народ, нашите врати секогаш беа отворени за сите оние кои што бараа помош од нас. Денес во Килис тоа го постигнуваме на општествено ниво, а не на индивидуално.

Тоа беше коментарот на Селахатин Бостан, советникот за печат на турската хуманитарна организација Црвена полумесечина посветен на кандидатурата на градот Килис за Нобелова награда и фактите за тоа колку овој град ја заслужува.



Слични вести