Нова турска визија 11/2016

Постои една специјална операција што се води за да се стави под хипотека иднината на земјата. Се води голема операција на перцепција со најразвиени техники, се формираат валкани сојузи со најголемите мрачни сили и се подготвуваат најмрачни сценарија

450800
Нова турска визија 11/2016

Заедно со настаните околу паркот „Гези“ во Истанбул голема рана здобија и „стабилноста и довербата“ во земјата. Се уште продолжуваат резултатите од бунтот за излегување од колосек и од стабилна состојба на политичкото и економското функционирање.

Постои една специјална операција што се води за да се стави под хипотека иднината на земјата.

Се води голема операција на перцепција со најразвиени техники. Се формираат валкани сојузи со најголемите мрачни сили. Се подготвуваат најмрачни сценарија.

Не е можно единките сами да се испречат пред сиве овие сценарија.

Оваа работа сигурно треба да се води систематски и повеќестрано.

Не е можно само неколку поедини личности да се справат со кампањите за оцрнување кои шо се водат за замрачување на иднината на Турција.

Она што го гледаме денеска не се само обични активности на опозицијата против власта. Спротивно на тоа се води операција против државата и народот така што механизмот кој што би можел да покаже отпор на ова е единствено целокупниот народ.

Ова прашање е крајно сериозно. Нашиот народ оние кои имаат органска врска со една терористичка организација која посегнува по постоењето на државата и народот ги толерираше за иднината на земјата, но повеќе нема да ги толерира.

Терористичката организација ПКК борбата на Турција против тероризмот ја загушува преку лагата за „соработка со ДЕАШ“. Сите актери кои и обезбедуваат поддршка по ова прашање располагаат со јасна намера.

Терористичката организација ФЕТО која врши пропаганда велејќи дека не се води доволна борба против тероризмот и дека земјата се води кон хаос; со посредство на своите шпиуни во полицијата и разузнавањето информациите за мошне специјални операции ги доставува директно до терористичките организации. Ги дешифрира разузнавачите внатре во организацијата заедно со нивните лични идентитети и ја разбива безбедноста.

Меѓутоа овие терористички организации не можат да ја постигнат својата цел ниту со тоа. Бидејќи народот располага со претчувство. Бидејќи од позадината на оваа земја од многу далечни простори од преку нејзините граници пристигнуваат безброј молитви.

Па добро навистина кој води борба против оние кои сакаат да ја загушат иднината на земјата? Колкумина се тие на број? Која институција во полн состав се испречува пред оваа неконвенционална борба?

Накусо кажано денеска во земјата постои двостран терористички напад. Едниот од нив е вооружен, а вториот цивилен. Според мене справувањето со вооружениот напад е многу полесно од цивилниот или политичкиот напад. Начинот на одбрана против вооружениот напад и она што треба да се направи за негово неутрализирање или елиминирање се јасни и познати. Меѓутоа борбата против цивилниот или политичкиот тероризам не е лесна колку што се мисли. Имунитетот во умовите во врска со цивилната сфера ги определува ставовите по ова прашање и води кон безизлез.

Ова е и најголемата штета која што тероризмот ја причинува против општеството.

Моќта на терористичката организација ПКК за трансформација на општеството е многу поголема од нејзината вооружена сила и секако оваа нејзина сила е многу поопасна за иднината на земјата. За постоењето на општеството терористичката идеологија е многу поопасна. Од аспект на волјата за заедничко живеење или соживот моќта на терористичката ПКК за трансформација на општетсвото и нејзината идеологија до денеска беа многу поефикасни од оружјето.

Затоа вистинската борба треба да се интензивира во оваа сфера.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит


Слични вести