8’ми март Меѓународен празник на жената

Ниту едно општество не може да се третира како цивилизирано и современо доколку во тоа општество не е вклучена жената и доколку жената не е еднакво третирана

447000
8’ми март  Меѓународен празник на жената

Секој празник си има своја историја, но историјата на 8 март меѓународниот празник на жената има навистина трагична историја.

Се започна на 8 март 1857 година кога 40 000 работнички во фабриките за ткаење организираа штрајк во Њујорк со барање за подобрување на нивната положба.

Газдите одговорија на жесток начин. Ги закључаа во фабричките хали со цел да не се прошири штрајкот. Како да не беше тоа доволно од непознати причини се појави пожар кој предизвика вистинска катастрофа усмртувајќи 129 жени работнички.

Катастрофата предизвика вистински бран на реакции во целиот свет. На погребот на загинатите работнички присуствуваа над 100 000 луѓе.

На 8 март 1910 година на првата светска конференција на жените организирана во Копенхаген, Данска се донесува одлука 8 март да се прогласи за меѓународен празник на жената , во знак на сеќавање на 129'те трагично загинати фабрички работнички во Њујорк.

Во периодот меѓу Првата и Втората светска војна во голем дел од земјите било забрането да се слави 8 март како меѓународен празник на жената, па дури и во САД , каде празникот започнува да се слаби дури кон крајот на 60'те години од минатиот век.

На 16 декември 1977 година Генералното собрание на ОН донесува резолуција со која 8 март се прогласува за меѓународен празник на жената. Овој настан претставува можност за посмело и поотворено истакнување на женското прашање на светската сцена.

8 Март меѓународниот празник на жената во Турција се слави од 1921 година, само една година после формирањето на Националното собрание и тоа како празник на жената трудбеничка. Сепак масовното славење на 8 март во Турција започнува од 1975 година.

Почнувајќи од 90 'те години на минатиот век, во Турција се формираат низа женски организации и здруженија што резултира со се помасовно славење на 8 март.

Денес кога низ целиот свет се слави 8 март меѓународниот празник на жената, исто како што беше на почетоците и денес се вложуваат напори за еднаквоста на жената со мажот, за нејзината економска независност, за надминување на политичката неправда како и за обезбедување на подобри услови за живот и за работа на жената. Факт е дека денес ниту еден сегмент од општествениот живот не може да се замисли без учеството на жената. Без да се негираат сите досегашни придобивки на жената не може а да не се каже дека тие се доволни и дека не треба да се истакнуваат барања за поголеми права

Жената е најважната алка од општеството. Ниту едно општество не може да се третира како цивилизирано и современо доколку во тоа општество не е вклучена жената и доколку жената не е еднакво третирана.

Општеството е цивилизирано ако жената е вклучена во сите негови сегменти.

Општеството е прогресивно ако жената е вклучена во сите негови сегменти.

8 март претставува можност за разгледување и за дискутирање на прашањата и проблемите на жената како во Турција така и во останатите држави во светот.

Со желба да нема повеќе насилство врз жените, онеправданост и прекршување на нејзините права упатуваме искрени честитки до сите припаднички на понежниот пол.



Слични вести